Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Еве што има ново на интренет страницата на Уставниот суд на Република Македонија:
http://www.ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
НОВОСТ

Датум на Издавање:12/07/2011
Краток Опис:Посета на делегација на Мониторинг комитетот на Конгресот на регионални и локални власти при Советот на Европа

Подтип на новост:Соопштенија

Содржина:На 6 декември 2011 година, делегација на Мониторинг комитетот на Конгресот на регионални и локални власти на Советот на Европа во состав од Јан Микалеф, АНдре Бухман, Јенс Воелк и Седеф Чанкоџак беше примена од страна на судијата на Уставниот суд д-р Гзиме Старова, во својство на судија што го заменува претседателот на Судот. На средбата се разговараше за уставните и законските гаранции на локалната самоуправа, улогата на Уставниот суд во нејзината заштита и уставно-судската практика на Уставниот суд поврзана со локалната самоуправа. На средбата присуствуваа и судијата на Уставниот суд д-р Наташа Габер-Дамјановска, генералниот секретар Милица Николовска и државниот советник Татјана Јањиќ-Тодорова
Во мое време многу популарна беше една песна – „ што је баби мило, то јој се и снило “.
Ми се чини дека се ближи крајот на зоните, рампите и пајак-возилата и дека треба да побрзам со новиот поднесок.
Дали некој знае каде е Советник Г-ѓата Татјана Јањиќ – Тодорова?
 
Во денешен Дневник е објавено дека „ Паркинзи на Општина Центар “ се во загуба за околу 300 илјади евра и дека Советот се подготвува да ја покрие загубата. За мене е новост дека ова ЈП има нов в.д. директор. Погледнете:
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E7E6AE884BC3054994F35A0B7354272F
 
Во написот во Дневник, кој го цитирав претходниот пост #182 е спомнато името на новиот в. д. Директор на ЈП „ Паркинзи на Општина Центар “ Надица Николовска.
Во последниот коментар на читателите, во истиот напис стои дека, таа била висока функционерка од Струга.
Пребарував по интернет, била кандидат за пратеник во Собранието на РМ и директор на пазарната инспекција, председател или кандидат за претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Ме изненади што сега се појавува за в.д. директор на ова ЈП, односно ме заинтересира „ која мака ја натерала “ да се прифати за директорско место на ова омразено Претпријатие, па да почне да се занимава со „ стопанисување и поштено заработување “ со рампаџиство во Скопје
Сите директори на овие ЈП ги сметам за непријатели и колку што можев собирав податоци за нив. Никој од нив немал некоја поранешна позначајна кариера. Само некои од нив, порано биле советници.
Затоа ги молам сите од Струга, Охрид и од други места, кои ги познаваат состојбите да напишат нешто за неа и што и кој стои зад овој „ трансфер “. Со тоа ќе ми помогнат, бидејќи непријателот треба да го познаваме за да го победиме.
Не сум сигурен ниту дека се работи за иста личност, презимето е напишано со „ в “, а знам Стружани и Прилепчани се без „ в “.
 
цената за подигнување на возило од депото на Пајак службата поскапува од 2.000 на 2.500 денари, а доколку сопственикот сака да ја плати казната на самото место додека Пајакот му го крева возилото, наместо 1.200 денари, како што беше досега, ќе плати 1.500 денари. Што се однесува на вадењето на „лисиците“ од тркалата во зонските паркиралишта, од 1.300 денари, цената се намалува на 1.100.

http://www.plusinfo.mk/vest/26369/Pajakot-poskap-za-500-denari-lisicite-poevtini-za-200-denari
 
Во денешен Вечер е објавено дека Советот на Градот Скопје заседавал и дека е усвоен новиот Ценовник на ЈП.
На самиот крај на написот пренесена е изјава на Директорот на ЈП Г-дин Борче Јакимовски кој рекол: „Граѓаните мора да се научат дека неможат СИТЕ да паркираат во Центарот на Скопје “
Ве молам, кој саката коментирајте ја оваа образовно - едукативна - просветителска идеја на Директорот. Јас предлагам да се смени Уставот, бидејќи според Уставот граѓаните се еднакви во однос слободата и правата ( член 9 ). Инаку директорите ќе останат без платички
Еве го написот во Вечер:
http://vecer.com.mk/?ItemID=D67DD799F198574D8228F0788EE620AD
 
Катастрофа е целата работа со паркинзите низ градов. Јас конкретно живеам во центар, вратата од двор ми е на булевар одма. Треба да почнам и јас да наплаќам па да имам директорски примања? :)
 
Поднесокот број 3 за Стразбур е подготвен. Тој има 20 страни, од кои 7 страни се текст, а 13 се прилози или вкупно околу 360 KB. Во него се содржани настаните за„ Жената што ја клоцаа “, „ Blondi “ и случувањата кај црквата Свети Димитрија.Текстот, кој е на 7 страни и зафаќа 25 КВ, во себе ги содржи интренет адресите на прилозите, така да лесно можат да се најдат и прилозите.
Сакам овој поднесок ( само текстот без прилози ) да го ставам на увид на учесниците на форумов од следниве причини:
1.Сите кои се заинтересирани да погледаат како изгледа еден поднесок за Судот во Стразбур.
2.Можеби некој ќе ме надополни за случувањата кај Црквата Свети Димитрија, кој јас ги опишав во овој поднесок. Како што знаете, Црквата е практично затворена ( бројот на посетители е намален за 90% ) од кога ЈП постави рампа и одлучи тука да „ стопанисува и поштено заработува “, од посетителите на Црквата. Ценам дека овој случај на вандалско уништување на оваа Црква ќе го потикне Судот што поскоро да ја разгледа мојата жалба.
Бидејќи сум постар или подобро речено во „ здраво зрели години “ јас слабо ракувам со компјутер, бидејќи кога учев школо, немаше ниту дигитрони, а камо ли компјутери, би замолил некој кој е помлад и поопитен, да ме подучи како да ги ставам на форумов овие 7 страни, а да зафатам што е можно помалце простор од Форумов и тоа убаво да изгледа.
Однапред благодарам...
 
како да ги ставам на форумов овие 7 страни, а да зафатам што е можно помалце простор од Форумов и тоа убаво да изгледа.
Однапред благодарам...

Да пробаш преку повеќе, па прикачи датотека и имаш опција за приказ на постот и ќе си го дотераш по твој вкус.
 
Да пробаш преку повеќе, па прикачи датотека и имаш опција за приказ на постот и ќе си го дотераш по твој вкус.
може и така или на рапид шер да ги закачи може, па линк тука во тема...
 
Вчера. на 26. 12. 2011., го пратив поднесокот 3. Кога ќе ја добиам повратницата ќе ве известам. Време е да се почне да се размислува за поднесокот 4.
 
На 28. 12. 2011., ЈП „ Градски паркинг “ излезе со соопштение до јавноста за нивните срамни „ деловни успеси и планови “. Го зголемиле прометот, планираат да набавуваат нови пајак-возила, да продолжат со својата „ едукативно – воспитно - просветителска мисија “ и со зголемувањето на своите приходи.
Ова срамна вест ја објавија многу мал број електронски весници, бидејќи нашата јавност одамна знае што значи ова ЈП. Еве како за ова соопштение извести „ Сител “:
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/jp-„gradski-parking“-so-porast-na-prihodot

Ние не успеавме, како што сакавме, да ја дочекаме оваа Нова година, без, срамните, гнасните и омразените, рампи, зони и пајак – возила. Директорите и оваа Нова година ќе слават во своите кабинети, опкружени со вниманието, убавината и шармот на своите, шефови на кабинети, секретарки, референти за односи со јавноста и со што друго не, но и ние имаме што да им порачаме.
Им порачуваме дека и понатаму ќе се бориме со сите законски средства и со ненамалена одлучност, се до конечната Победа.
Затоа сега извикуваме: Viva la Liberta.
 
Најдов еден стар напис од Дневник од 18 март 2006, кој зборува на каков начин е формирано ЈП „ Градски Паркинг “ и кој стоел зад тоа, а кој бил против. Мене цело време ми беше неразбирливо зошто политичките партии молчат околу ова, а не оставаат нас граѓаните сами да се справуваме со овие натрапници. Ниту после овој напис не ми е се јасно. Погледнете, мислам дека ќе ве интересира:

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2283&stID=24196
 
Најдов еден стар напис од Дневник од 18 март 2006, кој зборува на каков начин е формирано ЈП „ Градски Паркинг “ и кој стоел зад тоа, а кој бил против. Мене цело време ми беше неразбирливо зошто политичките партии молчат околу ова, а не оставаат нас граѓаните сами да се справуваме со овие натрапници. Ниту после овој напис не ми е се јасно. Погледнете, мислам дека ќе ве интересира:

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2283&stID=24196
и сега, истите тие, што се бунеа против оваа нова фирма-претпријатие, сега баш тие го направија да бид епо џебот и здравјето на граѓаните, и истите тие се фалат колку пари заработиле оваа година...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom