


Купувате различни слатки во слаткарница и девојката ви вика
-Дај да пробам малку од твојата
-Си имаш твоја,јади ја.
-Ама малку само да ја пробам твојата.
Знам дека бремена жена не чини да ја настрвиш а да не и купиш,а дете машко ако те гледа да јадеш а не му дадеш да проба "Ќе му паднело"
Сликите што ги ставив на почеток ги бирав по мој вкус што не значи дека е ист со вашиот,а целта ми беше малце да ве настрвам.Дали ви се случувало да излезете до продавница само зашто ви се пријало ете да речеме БАНАНИ?
Има една личност што ја познавам и понекогаш на шала ќе речам"Ахх како ми се пријадоа смоки сега со пивцево"


Да се разбереме не е лакомост,СТРВ Е
