Зима иде, си треба грижа!

Статус
Затворена за нови мислења.

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.348
Возраст
47
Локација
Струмица
Веб-сајт
www.kajgana.com
Иде зимата. Што би требало секој возач да направи?

1. Проверка на антифриз. Совет: СЕКОГАШ нека има антифриз во ладникот, никогаш вода, па каква било кола нека е. Менувајте го на 2 год. Ако мора да се додаде течност, нека биде дестилирана вода, никако обична. Ако сте додавале вода, проверете го пак, да не му е потребна замена. Тоа во сервис проверката.
2. Акумулатор. За да не останете во ладните денови да одите пеш, оти нема да запали колата, обрнете внимание. Ампеража, ова, она, течност во ќелиите...
3. Кабли на палење, алтернатор и ел. инсталација околу палење сосе свеќици. Да не се оптеретува повеќе акумулаторот по студовите.
4. Состојба на гумите. Не се вози со коџак гуми зимата. Може да биде фатално.
5. Подмачкување на кедер гумите со глицерин и беби пудра. Ако се заледат, може да се оштетат. Глицеринот им дава гипкост, а беби пудрата нема да дозволи залепување за металот, заедно со глицеринот.
6. Подмачкајте ги шарките на вратите и бравите со WD 40. Причините се исти како под 5
7. Ако не поминувате повеќе од пропишаната од производителот километража за замена на масло во текот на една година, сменете го маслото. Ги губи својствата на подмачкување, а зимата не му е баш пријател. Препорачливо - еднаш годишно (освен ако не сте менувале на помината километража во период пократок од 1 год.)
8. Проверете ги и останатите течности во возилото. Глицерин (се менува на 2 год.50-60 000 км), Течност за сервото (2 год или 50-60000 км) Масло во менувач (80 000 км или 5 год.). Ќе и биде полесно на колата.
9. Проверете ја течноста за брисачите, и додадете од онаа која не замрзнува. Ќе ви користи при заледена шофешајбна. Само прснете и - готово.
10. Убаво ќе биде и кочниците детално да ги проверете. Ако не знаете сами - не се нафаќајте. Мајстор.
11. Ставете ланци во багажникот. Казнуваат полицајците. И да имате зимски гуми, 90% од нив не разликуваат зимска од летна гума (барем во Македонија). Нека стојат за секој случај.
12. Ставете нови брисачи. Се менуваат еднаш годишно. Потрошен материјал се.
13. Проверете ги филтрите (за воздух, полен филтер...) и променете ги по потреба, ако се многу за никаде.
14. И, на крај, проверете ги сите светлосни склопови. Помрачно е зимата, а позабележливата кола е и посигурна.
 
Само би ја дополнил темава за моторциклите:
Моторциклите во зима не се возат така да и за нив треба грижа.
1. Препорачливо е акумулаторот да се извади и да се стави на некое место каде што ке биде на топло. Доколку му фали течност во келиите треба да се дотури.
2. Повремено на некои недела до две добро е да се запали машината и да поработи некои 15-20 минути. Ако дозволува времето и ако се осеќате спремни за возење во зима кога времето е ладно можете да направите еден мал круг колку да се размрда. Така ке нема да имате проблеми при старувањето на моторот на пролет кога ке се стопли времето и ке може да се вози моторот.
3. Пред почеток на сезоната добро е да се провери ланецот или каишот, да се напумпаат гумите (кои гарант ке бидат олабавени), и да се провери работата на кочниците. Сепак кочниците се најбитната работа на еден моторцикл.
 
Уште малку доаѓа зима :) па треба да ја актуализираме темава.

Ајде кажете ги мерките кои ги превземате за автомобилите и моторите во зимскиот период.
 
Во постовите над мојот е опишано се што е потребно за во зима, и немам некои значителни работи да додадам, но сакам некои работи да ги потенцирам. Кај нас има ниски температури и значителни врнежи од снег а со ова се бориме со песок и сол.

Прва работа е да се прилагоди брзината кон условите. Поледицата знае да биде екстремно опасна, а таквата состојба тешко се забележува, најчесто кога е предоцна. Значи, внимавајте со која брзина се движите.

Друга работа е она што го спомнав за солта... Доколку возилото во текот на овие месец-два почесто се вози препорачливо е да се пери барем еднаш на 7-8 дена за да се симнат сите остатоци од солта. Таа влева секаде и е најчеста причина поради која гнијат поткрилата и праговите. Треба да се внимава само со температурата на водата, ако миеш со топла вода а колата е смрзната, големи се шансите дека стаклата ќе пукнат. Значи, доколку сте во можност, одвоите десетина минути и измијте го возилото со ладна вода. Не е потребно гланцање, само убаво со млаз вода да паднат солта и песокот.
 
Пожелно е да имате и некое мало лопатче за копање, не знаете кај можете да заглавите?!
Пожелно е да имате и сајла за влечење, од истата прчина што е горе наведена може да ви се најде вам или да помогнете некому?
 
Кога сме кај пожелби,пожелно е да имате искусено менување на гума и поставување на синџир на тркало:)Не е така лесно,а пак ако ви се некои "турски" ланци,е тогаш ќе видите мака...од искуство кажано...поставени ланци на погонски тркала кај мене,и првите две метра на нагло горниште,се скина ланецот т.е завршетокот на сајлата за закопчување на синџирот...Не ни препорачувам купување лити синџири (ако стварно имаш потреба да ги ставаш,ако немаш доволно е обичен синџир во кутија и цепај):smir:
 
Малку скапичко, но секако препорачано: купуваш 4 половни обични челични бандажи и 4 НОВИ зимски гуми. Летните гуми со се бандажите ги ставаш у подрум и таму седат до крај на февруари...
 
Малку скапичко, но секако препорачано: купуваш 4 половни обични челични бандажи и 4 НОВИ зимски гуми. Летните гуми со се бандажите ги ставаш у подрум и таму седат до крај на февруари...
Со напомена гумите да ја носат ознаката S (snow) и во никој случај да не се возат на жешко бидејки оптималната температура на тие гуми е на ниски температури и возењето по жежок асвалт многу ги оштетува.
 
Јас си го спремам Аудиот уште од септември :)
Прво, пошто ми е пресно земен му направив детална проверка на каросерија. Кај што имаше корозија го стругнав, го искрпив, го мацнав, поткрилата и кошовите ги намачкав со битумен, проверив раменја, амортизери, дискови, плочки (ќе треба да ги сменам за неколку илјади километри), гумите ми се скоро нови, ја средував малку и електрониката (штопој-мопој, жмигавецот лев ми правеше проблем, светла средни...итн..), сменав карбураторче, дотурив антифриз, маслото е сменато пред 480 км итн....

Ми остана: Да ги најдам синџирите од Шкодата и да видам дали и пасуваат, да скокнам до кај електричарот за да го провери акомулаторот (оти го испразнив на неклолку наврати), да и ставам антифриз, да и сменам гуртни, да го однесам лончето на варење...и толку...

Една препорака за во зимо: На едно крпче ќе си турите малку антифриз и ќе ги премачкате гумичките од брисачите и сите гумени затворачи. Тоа ќе му даде еластичност у нема да замрзнуваат

едит: леле гаражата не ја исчистив :Ѕ
 
Една препорака за во зимо: На едно крпче ќе си турите малку антифриз и ќе ги премачкате гумичките од брисачите и сите гумени затворачи. Тоа ќе му даде еластичност у нема да замрзнуваат

Наместо со антифриз и други средства, за вакви работи има специјални пасти за кедерите и течности за бравите. Ги имам и двете веќе 3-4 години, Сонакс, а не коштаат заедно ни 200 денари.

Истото важи и за употребата на „домашни“ средства наместо течност за брисачите која не мрзне. Се знае каде што треба да се стави, мада не е којзнае колку страшно :)
 
Јас си го спремам Аудиот уште од септември :)
Прво, пошто ми е пресно земен му направив детална проверка на каросерија. Кај што имаше корозија го стругнав, го искрпив, го мацнав, поткрилата и кошовите ги намачкав со битумен, проверив раменја, амортизери, дискови, плочки (ќе треба да ги сменам за неколку илјади километри), гумите ми се скоро нови, ја средував малку и електрониката (штопој-мопој, жмигавецот лев ми правеше проблем, светла средни...итн..), сменав карбураторче, дотурив антифриз, маслото е сменато пред 480 км итн....

Ми остана: Да ги најдам синџирите од Шкодата и да видам дали и пасуваат, да скокнам до кај електричарот за да го провери акомулаторот (оти го испразнив на неклолку наврати), да и ставам антифриз, да и сменам гуртни, да го однесам лончето на варење...и толку...

Една препорака за во зимо: На едно крпче ќе си турите малку антифриз и ќе ги премачкате гумичките од брисачите и сите гумени затворачи. Тоа ќе му даде еластичност у нема да замрзнуваат

едит: леле гаражата не ја исчистив :Ѕ

Ланците имај ги само за полициска проверка, ако тргнеш некаде по снег и планираш да ставиш ланци...не стигнуваш во било кој случај. :)
 
упс...печатна грешка. Мислев на глицерин, не на антифриз за премачкување на гумените површини. Пробано - функционира

Ланците секако ќе стојат само в гепек цело зимо. Едно - поради што нема да има многу снег, друго - не планирам да ја вадам надвор од градов зимово

Патем, ај кажете колку да ги помпам гумите? 165 / 70 Р13 тубелес
 
Такво нешто, 165/80Р13 ги пумпав (и ќе ги пумпам :))на 1.8 бари
 
Фала. Епа и јас толку да ги пумпам :wink:
За зимно време подобро е да се гумите послабо напумпани бидејќи повеќе лежат на снегот односно површината на газниот слој е за малце поголема!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom