Живот после смртта

  • Креатор на темата Креатор на темата Вампирката
  • Време на започнување Време на започнување

Ej секоја чест! (y) Јас не умеам и незнам од каде би можела да ги набавам сите потребни делови и како изгледаат. Татко ми има познавање од електрика и би можела да го замолам, но малку ми е без врска да го прашам ,,Еј татко може ли да ми направиш еден паранормален детектор?'' :D
--- надополнето: 18 август 2012 во 18:37 ---
Личното искуство не е валидна евиденција во било која дебата.
Зошто?
Затоа што постојат многу фактори кои придонесуваат до тоа да нашите сеќавања за настанот се искривоколчени. Луѓето не перцепираат 100% совршено, не помнат 100% совршено, подложни се на сугестија, лажат и слично.
Твоето искуство со натприродното си го прифатил/а како такво, натприродно без да знаеш дека на пример шок може да те доведе до состојба на зголемена сугестибилност и зголеменото лачење на даден невротансмитер доведува до халуцинации.
Се разбира, твоите искуства можат да се објаснат уште на милион природни начини. Поентата се состои во тоа дека научните објаснувања за нашите искуствувања се надолго и нашироко тестирани низ бројни студии и експерименти и за нив евиденцијата е солидна.
Од друга страна, спиритуализмот нема ама баш никаква валидна подлога бидејќи во принцип како што и самиот/самата велиш "треба да искусиш за да сфатиш". Од тука, разбираш зошто натприродното како толкување на феномени е неприфатливо.

Универзумот не настанал со експлозија туку со експанзија на кондензирана маса. Теорија е хипотеза која зад себе има значителна, валидна евиденција. Теориите еволуираат, се молдираат со секој нов податок.
Точно е дека не значи дека она што науката не го испитало, автоматски не постои, но науката кон се она за кое нема никаква евиденција гледа низ призмата на негативна хипотеза. Се смета за непостоечко додека не се принесе валидна евиденција.

Јас на почетокот напоменав дека ова искуство не беше доживеано само од моја страна како поединец, туку овде беше и мојата пријателка со која го забележавме истото.
Инаку не доживеав апсолутно никаков шок претходно кој би можел да резултира со некое натприродно збидување.
За спиритуализмот до некаде се согласувам. Не постојат валидни докази со кои би можело да се потврди неговото постоење. Од тука произлегува и прашањето, дали ние некогаш сме се обиделе да го проучиме подлабоко оставајки ја бар накратко науката настрана?
Ама не, ние се водиме според она ,,Сешто сум видел со свои очи постои, сешто не е приказна'' Од друга страна има луѓе кои биле сведоци на различни случувања кои ги објасниле токму на тој начин, колку год според тебе бил погрешен.
За настанувањето на универзумот поточно мислев на експлозијата биг бен, погрешно се изразив.
А за тоа дека науката има толку увид во она што се случува, објаснение и валидна евиденција не би рекла баш. Што ако ти кажам дека мои пријатели ми имаат раскажано настан, кој сите го опишуваат на идентичен начин. Лажат? Сите доживеале некој вид на шок? Пази, зборуваме за 5 лица кои присуствувале додека се случувало нешто за кое овде не би сакала да раскажувам, а и неможам да го препуштам на коинциденцијата.
И науката има дупки. :) Инаку не ме разбирај погрешно, јас на работите не гледам слепо. Не сум стрикно насочена кон духовното, или тоа дека натприродната појава е натприродна и дека како таква нема апсолутно никакво друго, логично објаснение за истата. Туку напротив, барам одговор, но на поинаков начин и гледам од поинаков аспект на она што се случува. И понекогаш дури и јас лично сум скептик за нејзиното постоење меѓутоа некои работи сепак ме тераат да истражувам и да не си го затворам видикот на толку едноставен начин верувајки дека овде сешто гледам е се што постои. Бар мене околностите ме натерале да верувам дека има нешто повеќе, а тоа дефинитивно не е резултат на погрешна перцепција, халуцинација или нешто слично, кое ти веќе го спомена.
 
Ej секоја чест! (y) Јас не умеам и незнам од каде би можела да ги набавам сите потребни делови и како изгледаат. Татко ми има познавање од електрика и би можела да го замолам, но малку ми е без врска да го прашам ,,Еј татко може ли да ми направиш еден паранормален детектор?'' :D
--- надополнето: 18 август 2012 во 18:37 ---

Јас на почетокот напоменав дека ова искуство не беше доживеано само од моја страна како поединец, туку овде беше и мојата пријателка со која го забележавме истото.
Инаку не доживеав апсолутно никаков шок претходно кој би можел да резултира со некое натприродно збидување.
За спиритуализмот до некаде се согласувам. Не постојат валидни докази со кои би можело да се потврди неговото постоење. Од тука произлегува и прашањето, дали ние некогаш сме се обиделе да го проучиме подлабоко оставајки ја бар накратко науката настрана?
Ама не, ние се водиме според она ,,Сешто сум видел со свои очи постои, сешто не е приказна'' Од друга страна има луѓе кои биле сведоци на различни случувања кои ги објасниле токму на тој начин, колку год според тебе бил погрешен.
За настанувањето на универзумот поточно мислев на експлозијата биг бен, погрешно се изразив.
А за тоа дека науката има толку увид во она што се случува, објаснение и валидна евиденција не би рекла баш. Што ако ти кажам дека мои пријатели ми имаат раскажано настан, кој сите го опишуваат на идентичен начин. Лажат? Сите доживеале некој вид на шок? Пази, зборуваме за 5 лица кои присуствувале додека се случувало нешто за кое овде не би сакала да раскажувам, а и неможам да го препуштам на коинциденцијата.
И науката има дупки. :) Инаку не ме разбирај погрешно, јас на работите не гледам слепо. Не сум стрикно насочена кон духовното, или тоа дека натприродната појава е натприродна и дека како таква нема апсолутно никакво друго, логично објаснение за истата. Туку напротив, барам одговор, но на поинаков начин и гледам од поинаков аспект на она што се случува. И понекогаш дури и јас лично сум скептик за нејзиното постоење меѓутоа некои работи сепак ме тераат да истражувам и да не си го затворам видикот на толку едноставен начин верувајки дека овде сешто гледам е се што постои. Бар мене околностите ме натерале да верувам дека има нешто повеќе, а тоа дефинитивно не е резултат на погрешна перцепција, халуцинација или нешто слично, кое ти веќе го спомена.

Не се обидувам да те обвинам тебе или твоите пријатели за нечиста игра тука. Се обидувам да ти објаснам дека постои природно, порелијабилно и евидентирано објаснување за сите наши необјасниви доживувања. Науката, тоест нејзините методи се инквизитивни. Доколу некој има желба да спроведе валидно истражување во врска со било кој спиритуалистички феномен никој нема да го спречи во истото.
Повторно ќе ти напоменам дека не мора да значи дека луѓето лажат. Луѓето не перцепираат 100% совршено, не помнат 100% совршено, подложни се на сугестија. Сево ова може да доведе до мисперцепција и да натера било кого да поверува во било што.
Кажи ми, како си сигурна дека токму твоите верувања не се резултат на измама на твојот мозок? :)
 
Нечиста игра? Не би рекла баш. Ти гледаш се од научна перспектива обидувајки се да ми кажеш дека науката е онаа која речиси за може да пронајде логично објаснение. Меѓутоа јас стојам зад ставот дека еве, и да не перципираме 100 % совршено како што велиш, факт е дека е речиси невозможно 5 лица во иста просторија да гледаат една иста работа и да ја опишуваат на еден ист начин. Премногу коинциденции има овде, зарем не мислиш така? А јас сум добар слушател. Знам кога нешто чкрипи и кога некој не ја кажува вистината. Освен тоа, и науката денес за оваа работа практично е мувла. Зошто?
На пр. еве кажи ми како научниците кои според тебе, толку одлично и коректно си ја вршат својата работа им е потребно толку долго време за да го откријат енормниот и нажалост сеуште ,,мистичен феномен'' - бермудскиот триаголник? Тоа е нешто кое верувам дека глобално ја интересира јавноста и сметам дека досега требаше да произлезат некои информации кои ќе дадеа бар некое по солидни објаснување. Но, сепак тоа не се случи (бар не, јас колку што сум информирана). Мада се сеќавам еден период имаше некакви шпекулации дека станува збор за пореметување на земјината магнетосфера, и дека е тоа главниот причинител за исчезнувањето на бродовите, авионите и тн. Потоа имаше теории дека исчезнувањето на голем број од нив е резултат на невремињата кои често се случуваат овде и ја зафаќаат оваа област и резултираат за случување на ваков тип на несреќи. Па потворно се се сведе на ова. Но, истината е поинаква. А таа е дека сеуште не се нашло нешто кое може да го потврди сето ова. Сега зарем не мислиш дека досега науката требало бар да допре со своите сестрани пипци дотаму и да ја разреши и оваа мистерија? Очигледно е дека или нешто сакаат да прекријат од јавноста. (Мада, ајде ова можеби не држи вода) :tapp: Или дека навистина не се доволно способни па мал дел од нив го изнаоѓаат решение со тоа што потврдуваат дека станува збор за паранормална појава...
Плус да не заборавам... Многу оддамна навечер во 12 часот на Discovery Channel имаше емисија за опседнати предмети, куќи и што ти не уште. (Сега веќе незнам дали даваат бидејки немам ни проверено). Најчесто предметите лебдеа во воздух, се слушаа вресоци, поточно од самите снимки се забележуваше несекојдневен немир. Снимањето се одвиваше со камери. Даваа репортажи кои укажуваа на нешто кое навистина запрепастува на прв поглед. И на крајот, бар од поголемиот дел емисии се доаѓаше до заклучок дека некои работи делумно не ја исклучуваат можноста за постоење на некаква сеуште за нас мистериозна појава за која нема рационално објаснение. Патем, јас не верувам ниту на ова слепо бидејки е исто толку можно голем дел од сето тоа да е монтирано и нереално. Но, сега на крај повторно сме назад на истата точка на поаѓање, и се запрашуваме дали поставените рушевини вдлабени во нашата потсвест се директен причинител за постоечките траги кои се манифестираат врз нашата психа. Или ние самите како креатори на истата, сепак имаме право кога велиме дека има нешто повеќе од тоа изосатвувајки го горе наведеново. Да не се разбереме погрешно, бидејки јас и претходно се изјаснив дека скоро па имам и неутрално мислење околу темава. Но, постењето на духовите и сите оние навидум наивни приказни кои датираат уште од праисторијата, се можеби валдни.
Grand Central јас навистина не би одела подалеку, бидејки вака можеме во недоглед. Нема да се обидам да те разубедам бидејки и после се не верувам дека ниту ти нуту пак јас ќе откриеме за што точно станува збор овде. :)
 
Невозможно? Еве ти паралела. Доаѓа илузионист и пред публика прави т.н. магија. Сите присутни ќе го видат ефектот, на пример илузионистот левитирал.
Поентата ми е дека тој не левитирал туку направил да изгледа како да левитира. Ги измамил нашите сетила. Ова е битно, никогаш не можеме целосно да им веруваме на сетилата. А ние често сме способни дури и самите при автосугестија да ги измамиме.
Постојат повеќе причини за несреќите во Бермудскиот Триаголник, не е баш една универзална за сите.
Документарците, посебно тие на дискавери би те советувал да ги следиш со голема доза на скептицизам, всушност како што и правиш :). Гуглај ги информациите дополнително бидејќи во многу документарци(од двете страни) се случувало искривување на податоци во сопствена полза од страна на креаторите на филмот.
Нашиот ментален склоп и се должи на еволуцијата. На милијарди години генетски прогрес на животот на планетава. Сите наши карактеристики, до најмал детал, како страв од темнина влечат корени од далечното човечко минато.
Едната поента што сакам да ја пренесам е дека токму поради неможноста да бидеме сигурни во нашите лични искуства, не можеме да ги гледаме како валидна, релијабилна евиденција.
Втората ми е дека науката никогаш не тврди дека нејзините откритија се апсолутна вистина. Теориите во врска со сите феномени се подложни на молдирање во зависност од секој нов добиен податок, и тоа е и убавината на методите на науката.
Не се обидувам да ти докажам дека нешто не постои туку само да потенцирам дека поради непостоечка валидна евиденција, истото го сметаме за многу малку веројатно.
 
не осудувам никој и нема да осудувам ти веруваш или не кој верува верува кон не.Паранормалното постои верувале или не.Само ова ке го кажам еднаш за сите кој верувба верува кој не не, знаете ли колку напади имав за да не го правам тоа чудо од детектор на вечер една недела имав проблеми но решив и го направив.тестирано е и функционира.Духовите се на фреквенција од 6 херци па се до 7 херци во тој дијапазон е нивниот говор.го најдов на еден сајт кај што се истражува за паранормални работи значи на многу ниска фреквенција се ние слушаме до 50 херци ништо више под 50 херци нашето уво неможе да перцепира под таа фреквенција.
 
не осудувам никој и нема да осудувам ти веруваш или не кој верува верува кон је не.Паранормалното постои верувале или не.Само ова ке го кажам еднаш за сите кој верувба верува кој не не, знаете ли колку напади имав за да не го правам тоа чудо од детектор на вечер една недела имав проблеми но решив и го направив.тестирано е и функционира.Духовите се на фреквенција од 6 херци па се до 7 херци во тој дијапазон е нивниот говор.го најдов на еден сајт кај што се истражува за паранормални работи значи на многу ниска фреквенција се ние слушаме до 50 херци ништо више под 50 херци нашето уво неможе да перцепира под таа фреквенција.
И за што обично разговараат духовите?
 
сакам да направам електромагнетна пушка со јако магнетно поле на таа фреквенција може да им правиме електромагнетни пречки
--- надополнето: 20 август 2012 во 00:54 ---
И за што обично разговараат духовите?
засега само го тестирав на ниски фреквенции на генератор и работи супер е сега треба да има присутност на некој дух и ако тој зборува со тоа чудо сигурно ке го чуеш ако нема таму кај што си што ке слушаш тоа фаќа на 5 метри околу тебе ништо више за појако се прави со фет транзистори тие се со ефект на поле е со нив ке ги детектираш и на 10м без никаков проблем
--- надополнето: 20 август 2012 во 00:56 ---
ке треба да се стави во некоја куќа каде што велат дека има на иструментот ке има одчитување а на слушалките можеш да слушаш тоа што го фаќаш дали е дух или некое друго зрачење
--- надополнето: 20 август 2012 во 01:02 ---
сакам да направам мерење има една куќа која е блиску до болницата изградена е на Германски Гробишта (Германски Дол) 2јца доктори ги земаа двете места едното е на 20 метри подоле изградена куќа таму е се ок али кај другиот доктор е таму секој ден се било изодклучено кога и да заклучел врата и соби кога да се врател се било одклучено и ја напуштил таа куќа
 
не сеуште проучувам засега читам само.Почетник сум
 
не осудувам никој и нема да осудувам ти веруваш или не кој верува верува кон не.Паранормалното постои верувале или не.Само ова ке го кажам еднаш за сите кој верувба верува кој не не, знаете ли колку напади имав за да не го правам тоа чудо од детектор на вечер една недела имав проблеми но решив и го направив.тестирано е и функционира.Духовите се на фреквенција од 6 херци па се до 7 херци во тој дијапазон е нивниот говор.го најдов на еден сајт кај што се истражува за паранормални работи значи на многу ниска фреквенција се ние слушаме до 50 херци ништо више под 50 херци нашето уво неможе да перцепира под таа фреквенција.
Tреба бинарен систем да користат у тој толку мал опсег :)
Друга работа, за звук треба притисок, уствари звукот е промена на притисок у однос на време. Духовите се не материјални, не може да имаат интеракција со околината(притисок и слични ствари)....
Ова е на кратко..:)
 
Не само Камероновата приказна прикажана преку ова видео туку скоро 2000 други случави каде деца убедуваат дека живееле на други места т.е живееле друг живот. Може не може да се поврзи со религијата а не успеаа ниту со психологијата, Камерон детето од Глас(з)гов и целата фамилија останале со едно прашање за тоа колку е точна приказната за живот пред новото "раѓање".

"Куќата беше покрај плажата, мојот прозорец гледаше натаму а јас ги гледав моите браќа и сестри како играат долу", "имав црно-бело куче", "Mојот дом е "Barra" ( Шкотска ) се неколкуте вистински места и стории за кои зборува Камерон. "Мојот Barra-татко загина, го удри автомобил и се вика Шаине Робинтсон" е она за кое нема објаснување, не постоел никаков Шаине додека Робинтсон фамилијата постои и денес! Судете сами.

го имам гледано документарецот со ова копилево и е чиста загуба на време,измислици тешки.Спојер-На крај ништо не излага точно што го кажа:facepalm:
 
Невозможно? Еве ти паралела. Доаѓа илузионист и пред публика прави т.н. магија. Сите присутни ќе го видат ефектот, на пример илузионистот левитирал.
Поентата ми е дека тој не левитирал туку направил да изгледа како да левитира. Ги измамил нашите сетила. Ова е битно, никогаш не можеме целосно да им веруваме на сетилата. А ние често сме способни дури и самите при автосугестија да ги измамиме.
Постојат повеќе причини за несреќите во Бермудскиот Триаголник, не е баш една универзална за сите.
Документарците, посебно тие на дискавери би те советувал да ги следиш со голема доза на скептицизам, всушност како што и правиш :). Гуглај ги информациите дополнително бидејќи во многу документарци(од двете страни) се случувало искривување на податоци во сопствена полза од страна на креаторите на филмот.
Нашиот ментален склоп и се должи на еволуцијата. На милијарди години генетски прогрес на животот на планетава. Сите наши карактеристики, до најмал детал, како страв од темнина влечат корени од далечното човечко минато.
Едната поента што сакам да ја пренесам е дека токму поради неможноста да бидеме сигурни во нашите лични искуства, не можеме да ги гледаме како валидна, релијабилна евиденција.
Втората ми е дека науката никогаш не тврди дека нејзините откритија се апсолутна вистина. Теориите во врска со сите феномени се подложни на молдирање во зависност од секој нов добиен податок, и тоа е и убавината на методите на науката.
Не се обидувам да ти докажам дека нешто не постои туку само да потенцирам дека поради непостоечка валидна евиденција, истото го сметаме за многу малку веројатно.

Ама оти ги мешаш поимите? :) Бидејки илузијата речиси нема допирна точка со паранормалното. Единствено нешто кое ги врзува и е релевантен податок, е мамењето на сетилата што не велам дека во одредени случаи не е исклучена можноста да се случи. Но, пак ќе кажам - и не мора!
Прва разлика меѓу илузијата и паранормалното е дека илзуијата е техника која се учи и со тек на време се совладува, а исто така може да ја изведе секој од нас. Значи пази, техника! Додека паранормалното е нешто поинакво. Тоа се искуства кои се стекнуваат и се случуваат не волево и очекувано, како што е случајот кај илузијата за која сме претходно подготвени и очекуваме нешто да се случи. (Односно некој да излезе на сцената и да ни презентира нешто кое за нас изгледа невозможно).
Имено околу генетскиот прогрес се согласувам. Минатото е токму она кое впрочем и ни го вградило стравот од темнината но и од натприродото. Размисли... Генерации и генерации наназад се зборува за постоење на духови, демони, ламји и др. слични нејасни појави. Сега веројатно би рекол дека луѓето тогаш и не биле доволно паметни за да си објаснат за што всушност станува збор па всушност и одовде потекнуваат сите преданија и легенди. Но, прашањето овде е што е она што ги потикнало на стравот од темнината?
Точно е дека никогаш неможеме да бидеме потполно сигурни во нашите искуства и да ги сметаме за валидни, но исто толку и неможеме да тврдиме дека сепак не е исклучена можноста повеќето да бидат реални. Бидејки стравовите кои се стекнати од минатото можеби и имаат доволно добра причина зошто се стекнати. Можеби навистина оставиле некаква трага за која има причина што се зборува со децении за неа. Ќе те потсетам на една приказна...Која незнам дали ја имаш читано. Јас неодамна сосем случајно ја пронајдов на еден форум. Имено станува збор за спиритуализмот на сестрите Фокс. Накратко, станува збор за две сестри кои комуницирале со духот на веќе починатиот трговец Чарлс Розма, кој бил убиен од тогашниот сопственик со цел да ја присвои неговата торба во која веројатно имало некои мошне вредни работи, и металната кутија од 500 долари. Сестрите Фокс успеале да се разберат со него. Најпрво се започнало со едноставно потчукнување на прстите, на кое духот на трговецот им одговарал. Со тек на време преку овие тропоти тие успеале да сфатат што сака тој. Па после некој период во подрумот му биле пронајдени костурот, металната кутија и остатоците од неговата торба.
Ова малку ме натера да се замислам. А и уште едно мое малку слично искуство, само што моето беше во сон. Па потоа ми се случи да најдам исто такво нешто, на местото на кое што ми беше кажано да барам, од непознат човек.
А за науката се согласувам. Меѓутоа јас не зборувам за некое откритие во кое се пропуштени одредени детали па сега истото се надополнува. Поточно за Бермудскиот триаголник она што сакав да го кажам е дека теориите е можно сосем да се погрешни како и методите низ кои се врши истражувањето. Односно дека несекогаш пристапот до истите е коректен. Па сето ова одмногнува за осознавање на вистината.
 
Ама оти ги мешаш поимите? :) Бидејки илузијата речиси нема допирна точка со паранормалното. Единствено нешто кое ги врзува и е релевантен податок, е мамењето на сетилата што не велам дека во одредени случаи не е исклучена можноста да се случи. Но, пак ќе кажам - и не мора!
Прва разлика меѓу илузијата и паранормалното е дека илзуијата е техника која се учи и со тек на време се совладува, а исто така може да ја изведе секој од нас. Значи пази, техника! Додека паранормалното е нешто поинакво. Тоа се искуства кои се стекнуваат и се случуваат не волево и очекувано, како што е случајот кај илузијата за која сме претходно подготвени и очекуваме нешто да се случи. (Односно некој да излезе на сцената и да ни презентира нешто кое за нас изгледа невозможно).

Имено околу генетскиот прогрес се согласувам. Минатото е токму она кое впрочем и ни го вградило стравот од темнината но и од натприродото. Размисли... Генерации и генерации наназад се зборува за постоење на духови, демони, ламји и др. слични нејасни појави. Сега веројатно би рекол дека луѓето тогаш и не биле доволно паметни за да си објаснат за што всушност станува збор па всушност и одовде потекнуваат сите преданија и легенди. Но, прашањето овде е што е она што ги потикнало на стравот од
темнината?

Точно е дека никогаш неможеме да бидеме потполно сигурни во нашите искуства и да ги сметаме за валидни, но исто толку и неможеме да тврдиме дека сепак не е исклучена можноста повеќето да бидат реални. Бидејки стравовите кои се стекнати од минатото можеби и имаат доволно добра причина зошто се стекнати. Можеби навистина оставиле некаква трага за која има причина што се зборува со децении за неа. Ќе те потсетам на една приказна...Која незнам дали ја имаш читано. Јас неодамна сосем случајно ја пронајдов на еден форум. Имено станува збор за спиритуализмот на сестрите Фокс. Накратко, станува збор за две сестри кои комуницирале со духот на веќе починатиот трговец Чарлс Розма, кој бил убиен од тогашниот сопственик со цел да ја присвои неговата торба во која веројатно имало некои мошне вредни работи, и металната кутија од 500 долари. Сестрите Фокс успеале да се разберат со него. Најпрво се започнало со едноставно потчукнување на прстите, на кое духот на трговецот им одговарал. Со тек на време преку овие тропоти тие успеале да сфатат што сака тој. Па после некој период во подрумот му биле пронајдени костурот, металната кутија и остатоците од неговата торба.
Ова малку ме натера да се замислам. А и уште едно мое малку слично искуство, само што моето беше во сон. Па потоа ми се случи да најдам исто такво нешто, на местото на кое што ми беше кажано да барам, од непознат човек.
А за науката се согласувам. Меѓутоа јас не зборувам за некое откритие во кое се пропуштени одредени детали па сега истото се надополнува. Поточно за Бермудскиот триаголник она што сакав да го кажам е дека теориите е можно сосем да се погрешни како и методите низ кои се врши истражувањето. Односно дека несекогаш пристапот до истите е коректен. Па сето ова одмногнува за осознавање на вистината.

Паралелата која ти ја правам е следнава. И во паранормалните искуства и во илузијата се случува без ние да сакаме нашите сетила и нашиот мозок да бидат измамени. И во обата случаи ние тоа не го контролираме. Единствената разлика е во тоа што при илузија со нашите сетила си поигрува илузионистот додека во такви натприродни случки станува збор за сугестивност, bias, и слично.

Патем, еволутивниот страв од темнина доаѓа од праисторијата кога во темнината на дивите животни им било полесно да не ловат.

Понатаму, останува на тебе како ќе се поставиш према секоја приказна во врска со натприродното. Јас имам сретнато мал милион такви слични, најчесто во списанија како Димензија Икс, сведоштва од луѓе како Пане Андов и слично. Единствено скептицизмот ми овозможил да одолеам на примамливите себеизмами.
 
Јас ти ја сфаќам поентата. Но проблемот е во тоа што кај илузијата измамата ни е претходно подготвена, и станува збор за техника која доведува до тоа. Додека за паранормалното не важи тоа правило од проста причина што овде нема техника. Тоа не е поттикнато од човечки фактор. Во првиот случај не контролираме, меѓутоа имаме претходна подготовка односно увид во она што ќе се случи за разлика од некој натприроден настан.
За еволутивниот страв не се согласувам. Тоа е може да е само уште една претпоставка. Да не зборуваме за уште илјада навидум и смешни фобии и стравови со кои е соочен човекот во денешницата а сепак се резултат на некое реално збиднување.
А за тоа од кој аспект ќе ги гледаш работите, секако дека е индивидуална ствар, за која единствено ти одлучуваш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom