- Член од
- 15 март 2011
- Мислења
- 154
- Поени од реакции
- 85
Ej секоја чест!


--- надополнето: 18 август 2012 во 18:37 ---
Личното искуство не е валидна евиденција во било која дебата.
Зошто?
Затоа што постојат многу фактори кои придонесуваат до тоа да нашите сеќавања за настанот се искривоколчени. Луѓето не перцепираат 100% совршено, не помнат 100% совршено, подложни се на сугестија, лажат и слично.
Твоето искуство со натприродното си го прифатил/а како такво, натприродно без да знаеш дека на пример шок може да те доведе до состојба на зголемена сугестибилност и зголеменото лачење на даден невротансмитер доведува до халуцинации.
Се разбира, твоите искуства можат да се објаснат уште на милион природни начини. Поентата се состои во тоа дека научните објаснувања за нашите искуствувања се надолго и нашироко тестирани низ бројни студии и експерименти и за нив евиденцијата е солидна.
Од друга страна, спиритуализмот нема ама баш никаква валидна подлога бидејќи во принцип како што и самиот/самата велиш "треба да искусиш за да сфатиш". Од тука, разбираш зошто натприродното како толкување на феномени е неприфатливо.
Универзумот не настанал со експлозија туку со експанзија на кондензирана маса. Теорија е хипотеза која зад себе има значителна, валидна евиденција. Теориите еволуираат, се молдираат со секој нов податок.
Точно е дека не значи дека она што науката не го испитало, автоматски не постои, но науката кон се она за кое нема никаква евиденција гледа низ призмата на негативна хипотеза. Се смета за непостоечко додека не се принесе валидна евиденција.
Јас на почетокот напоменав дека ова искуство не беше доживеано само од моја страна како поединец, туку овде беше и мојата пријателка со која го забележавме истото.
Инаку не доживеав апсолутно никаков шок претходно кој би можел да резултира со некое натприродно збидување.
За спиритуализмот до некаде се согласувам. Не постојат валидни докази со кои би можело да се потврди неговото постоење. Од тука произлегува и прашањето, дали ние некогаш сме се обиделе да го проучиме подлабоко оставајки ја бар накратко науката настрана?
Ама не, ние се водиме според она ,,Сешто сум видел со свои очи постои, сешто не е приказна'' Од друга страна има луѓе кои биле сведоци на различни случувања кои ги објасниле токму на тој начин, колку год според тебе бил погрешен.
За настанувањето на универзумот поточно мислев на експлозијата биг бен, погрешно се изразив.
А за тоа дека науката има толку увид во она што се случува, објаснение и валидна евиденција не би рекла баш. Што ако ти кажам дека мои пријатели ми имаат раскажано настан, кој сите го опишуваат на идентичен начин. Лажат? Сите доживеале некој вид на шок? Пази, зборуваме за 5 лица кои присуствувале додека се случувало нешто за кое овде не би сакала да раскажувам, а и неможам да го препуштам на коинциденцијата.
И науката има дупки.
