Живот после раѓање

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
, ако не се атеистите и верниците и нивните расправи која е потребата од потфорум религија на форумот Кајгана.........
ако се само верници шо ќе си прават муабет.....?

Е вака ке се ставам јас за пример и ке ти одговорам на прашањето..Како прво има многу верници што веруваат и има многу неразјаснети работи во религијата работи што не се јасни и не можат да се знаат од општа култура па така верниците си седат пред пц и разменуват мислења околу религија прашања за религија и слично и се доволни за дискусија...Точно дека со атеистите е поинтересно не го негирам тоа ама не се неопходни за подфорумо религија да остане жив и да се дискутира.
 
А шо сеа ке пропагираш дека си ги укапирал и двете ама само тепаш време па не вртеш???А ако стварно не најде никаква поента и ако се само обични басни за тебе(пошто ти спомна басни а у басните има животни со човечки карактер и очигледно не знаеш шо се и басни оти тука никаде не се спомнуват животни)) тогај јас стварно не ја гледам причината од твојто постирање.

Ај погледни погоре каде тоа јас реков дека се басни.......овие две приказни?................реков стави и некоја басна(нели приказна со животни од кој човекот има или може да извлече поука).........
Не тврдам дека сум ги укапирал зашто навистина не гледам поука.......освен она која ја неведоа некој членови, дека првата приказна може да се спореди со правење муабет помегу атеист и верник, јасно е тоа и контекстот е јасен на самата содржина на приказната.......но неможе да се спореди во никој случај , затоа што фетусите не зборат не се интелегентни.....
а е трик исто како она .........ако денес температурата на воздухот е 0 степени целзиусови, утре ке биде дупло потопло, колку ке биде температурата на воздухот утре.........:toe:

и пак ке прашам која е поентата?

Тоа го зборам јас имаш право ама нема логика.Единствената логика е дека со тоа што седиш потајно веруваш,ќе има спас за тебе.

Не друже во заблуда си ако мислиш дека потајно верувам......едноставно ми е чудно како може луге здрави образовани колку толку читави при здрав разум да веруваат во бог во исус во алах во дедо мраз спајдерман итн...
 
но неможе да се спореди во никој случај , затоа што фетусите не зборат не се интелегентни.....

Мислам дека е излишен секој коментар и трошење на енергија толку од мене околу дискусијата додека не се појаве некој за дискусија кој шо фетусите не ги тумаче како фетуси у приказната.
 
Е вака ке се ставам јас за пример и ке ти одговорам на прашањето..Како прво има многу верници што веруваат и има многу неразјаснети работи во религијата работи што не се јасни и не можат да се знаат од општа култура па така верниците си седат пред пц и разменуват мислења околу религија прашања за религија и слично и се доволни за дискусија...Точно дека со атеистите е поинтересно не го негирам тоа ама не се неопходни за подфорумо религија да остане жив и да се дискутира.
Види ако ти си сигурен дека Америка постои а некој упорно те убедува дека не постои само затоа што не сте биле во неа не ја гледам убавината на разговорот.Идам на еден друг портал кај што има верници па нема потреба од некој што не веруваат да им идат на форумот за да им прават муабет за да не им згаснел форумот.Нелогично,зар он мисли дека со тоа што ќе ми вика на секој пост НЕ ВЕРУВАМ,НЕМА ПОЕНТА дека со тоа ми ја подобрува темата и разговорот за да не згаснеле??:pos2:

Не друже во заблуда си ако мислиш дека потајно верувам......едноставно ми е чудно како може луге здрави образовани колку толку читави при здрав разум да веруваат во бог во исус во алах во дедо мраз спајдерман итн...
Еве јас ќе бидам стрплив и ќе почекам излагање од твоја страна на тоа како ти ги гледаш работите.Ќе бидам стрплив.
 
Значи се се сведува на замисли? епа јебига во реалноста нема замисли.....
и јас замислувам ферари ама тоа се вика фантазија....
и повторно прашања...прашања одговор у милицијата....
 
Не друже во заблуда си ако мислиш дека потајно верувам......едноставно ми е чудно како може луге здрави образовани колку толку читави при здрав разум да веруваат во бог во исус во алах во дедо мраз спајдерман итн...
,,Еден ден луѓето ќе се смеат на глупоста на современата материјалистичка филозофија. Колку повеќе ја изучувам природата, се повчудовидено и со восхит го откривам Творецот на дело. Јас се молам и додека работам во лабораторијата‘’( Луј Пастер ).

,,Ние животот и смртта ги познаваме само преку Исуса Христа. Без Исуса Христа не знаеме ниту што е нашиот живот, ниту што е нашата смрт, ниту што е Бог. Ниту што сме самите ние’’ ( Блез Паскал ).

,,....... Јас се молам на Бога секој ден’’ ( Никола Тесла )

,,Никој не може да го чита евангелието , а да не ја чуствува Исусовата стварност. Пулсот на неговата личност отчукува во Светата реч...Светиот лик на Назареќанецот остави врз мене необорлив впечаток’’
( Алберт Ајнштајн ).

,,Како што е сигурно дека постои Бог , така е сигурно дека Христос е Бог.. Како што сум сигурен за себе не сум ниту малку повеќе од човек, така за Христа сум уверен дека е многу повеќе од тоа. Верувам дека ги познавам луѓето и затоа велам дека Исус не е човек... Александар, Цезар, Карло Велики и јас основавме големи империи. Но врз што се темелеа тие дела на нашиот гениј? На сила! Исус своето царство го основал на љубов и затоа дури и денеска милиони луѓе се подготвени да умрат за него... Колку голема е раликата меѓу мојата длабока беда и Христовото царство кое и денеска се проповеда, се сака, се слави и шири по цел свет! Христос запалува оган на љубов кој го голта секој егоизам и надминува секаква човечка љубов.’’ ( Наполеон, при крајот од својот живот на Света Елена ).
,,Во Бога завршува мислата што ми се губи во очајниот бескрај. Нас не не носи ветерот како лисја и оваа горчлива среќа не е смисла и цел на самата себеси. Ние не сме атоми од прашина која без цел се издигнува лете во облаци над друмовите... Слава ти, Боже, за маката на денот и за мирот ноќе, за кусиот живот и за големата загатка на смртта ; нека се благословени твоите одлуки според кои доаѓаме на светот и си заминуваме од него откако сме се изнарадувале и изнамачиле. Огромни и несфатливи се твоите планови и јасно е дека неможеме да им ја догледаме ниту насоката ниту целта и дека мораме да ги признаме, но тешко е да се биде човек, Господе’’ ( Иво Андриќ ).

,,За таа голема Книга (Библијата) можам да кажам само едно : таа е најубавиот подарок што му го подарил Бог на човекот. Сето добро на Спасителот на светот ни е откриено во неа. Без таа Книга не би можеле да правиме разлика меѓу доброто и злото’’ (Абрахам Линколн)

,,Ние го имаме Мојсеја, пророците и апостолите дури и Речта на Исуса. Ако не сакаме да се сложиме со него, имаме толку малку извинување како и Јудејците’’ (Исак Њутон)

,, На земјата навистина талкаме и кога пред нас не би постоел драгоцениот Христов лик, ние би пропаднале и наполно заблуделе како човечкиот род пред потопот’’ (Достоевски)
 
,,Еден ден луѓето ќе се смеат на глупоста на современата материјалистичка филозофија. Колку повеќе ја изучувам природата, се повчудовидено и со восхит го откривам Творецот на дело. Јас се молам и додека работам во лабораторијата‘’( Луј Пастер ).

Да, денес се смеам на вакви изјави, кои биле дел од тогашната современост.

,,Ние животот и смртта ги познаваме само преку Исуса Христа. Без Исуса Христа не знаеме ниту што е нашиот живот, ниту што е нашата смрт, ниту што е Бог. Ниту што сме самите ние’’ ( Блез Паскал ).

Нели Христос и Бог е едно исто нешто? Зошто е спомнат како нешто посебно?

,,....... Јас се молам на Бога секој ден’’ ( Никола Тесла )

Да, а влијанието и изворот на неговот знаење и експерименти им го припишува на вонземјаните. Повеќе пати, јавно.

,,Никој не може да го чита евангелието , а да не ја чуствува Исусовата стварност. Пулсот на неговата личност отчукува во Светата реч...Светиот лик на Назареќанецот остави врз мене необорлив впечаток’’
( Алберт Ајнштајн ).

Алберт Ајнштајн бил атеист. FAIL.

Немам намера да ги цитирам останатите. Општеството тогашно налагало да бидеш верник, ако не си верник, не си човек. Раснети од мали да бидат христијани, секако дека ќе веруваат во тоа како возрасни. Замисли некој од нив да се родел во Индија? Сосема друг вербен систем. И тој вербен систем ќе биде возвишуван на место христијанството.
 
Сите тука се родиле живи-што значи дека растеле како живо суштество и се хранеле со помош на папочната врвка додека биле во мајките.
 
Живот после раѓање
Жена очекува пораѓање,се ближи пораѓање а два фетуса разговараат

-Дали ти стварно веруваш во живот после породување?

-Па да...мора да постои нешто после раѓање.Можеби сме овде баш затоа да се припремиме на работите што не чекаат.

-Глупости непостои живот после раѓање.Како би изгледал тој живот?

-Не знам ама сигурно ќе биде поубаво од тука.Можеби ќе можеме да го видиме големиот и широк свет и ќе можеме да трчаме...

-Глупости.Не постои таков свет зашто и никој не го ни видол до сеа ама и да го видел ќе не можеме да трчаме глеј иаме врзано папучни врвци на нас со нив се храниме

-Ма во надворешниот свет нема да ни бидат потребни тие врвци.Таму ќе јадеме.

-Што би било тоа?Ние одма ќе се изгубиме

-Па можеби таму ќе можеме да видиме кај сме,полесно да се снаоѓаме

-Што значи да гледаш?Као сега не гледаме?

-Па зашто е мрак,надвор ќе биде светло

-Не постои светло.А и јас не би сакал да живеам во таков свет,нема сигурност,ништо нема да знаеме не би се снашле...

-Па ќе ја имаме мама она ќе се грижи за нас

-Мама глупости и во тоа веруваш?Па кај е таа да ја видам мама?

-Мама е насекаде околу нас,Во неа сме и во неа живееме.Она нас не створила,без неа немаше ни да постоиме.

Во тоа не верувам.Никогаш не сум ја видел,тоа е јасно дека ништо слично не постои.Не постои живот после раѓање и тоа е тоа.

-Вистина никој од таму не се вратил да ни раскаже ама сепак јас верувам дека после раѓањето почнува вистинскиот живот

-Само ти се надевај
јас конкретно темава ја сваќам на поинаков начин и не сум толку сигурна дека тоа е вистинскиот правец
секој човек од самото раѓање е човек но слуајно е македонец,американец, христијанин, атеист и сл....но со текот на времето зависи од својата заедница , семејство и доколку вистински ги прогледа работите околу него може да ја свати религијата иако од мали нозе може да биде атеист бидејќи родителите исто така се и додека порасне тој фактички расте во определба на родителите
доколку самата личност прогледа на вистинскиот начин (платоновски)
ги земе во предвид религиите нивините зачетоци зашто од каде и како тоа се појавува мислам дека би дошол до некој априорен суд па можеби и би го нашол вистинскиот пат ....во светот
 

Ами види сеа. Не дека стварно ќе си го однесеш али така се вели :wink:. а инаку еве да немешам малку од политикиве ке ти дадам некој подруг пример. Имаш двајца престононаследници. Ако појдеш со едниот во војната за тронот можиш да загиниш или можиш да победиш и да бидеш привилегиран. Истото ти е ако појдиш и со другиот. А ако не сакаш ни таму ни таму, секако некој присилно ке те натера да војуваш за него и ако загинеш никому ништо, ако победиш нема да ја имаш привилегијата пошто не си го одбрал пред тоа. А можиш и да загиниш во конфликтот меѓу двете страни затоа што си на средина. Кога ќе видиш да си наутрален можи или да загинеш или да останеш без привилегии, а ако одбериш страна или ќе загинеш или ќе имаш привилегии :smir:
 
Општеството тогашно налагало да бидеш верник, ако не си верник, не си човек. Раснети од мали да бидат христијани, секако дека ќе веруваат во тоа како возрасни.
Сакаш да кажеш дека ио ти си раснет како мал и дека сега се е така како што те учеле????И општествот налага сега некои работи па сакаш да ми кажеш дека се сложуваш?Да не заборавиме дека се интелектуалци,научници луѓе кај кои и да кажеле дека не веруваат како Хемингвеј,Ниче немале да бидат спалени на клада во тој период.Мислам дека ова малце не ти држи вода ама океј.Не можам да ја прифатам приказната на Дарвин и тоа е.Едноствно не верувам дека се е случајно составено и дека нема створител.
 
Ами види сеа. Не дека стварно ќе си го однесеш али така се вели :wink:. а инаку еве да немешам малку од политикиве ке ти дадам некој подруг пример. Имаш двајца престононаследници. Ако појдеш со едниот во војната за тронот можиш да загиниш или можиш да победиш и да бидеш привилегиран. Истото ти е ако појдиш и со другиот. А ако не сакаш ни таму ни таму, секако некој присилно ке те натера да војуваш за него и ако загинеш никому ништо, ако победиш нема да ја имаш привилегијата пошто не си го одбрал пред тоа. А можиш и да загиниш во конфликтот меѓу двете страни затоа што си на средина. Кога ќе видиш да си наутрален можи или да загинеш или да останеш без привилегии, а ако одбериш страна или ќе загинеш или ќе имаш привилегии :smir:

Тоа е веќе опортунизам :)
 
Сакаш да кажеш дека ио ти си раснет како мал и дека сега се е така како што те учеле????И општествот налага сега некои работи па сакаш да ми кажеш дека се сложуваш?Да не заборавиме дека се интелектуалци,научници луѓе кај кои и да кажеле дека не веруваат како Хемингвеј,Ниче немале да бидат спалени на клада во тој период.Мислам дека ова малце не ти држи вода ама океј.Не можам да ја прифатам приказната на Дарвин и тоа е.Едноствно не верувам дека се е случајно составено и дека нема створител.

А јас па не можам да прифатам дека сме направени од кал и песок. И дека жените се направени од машко ребро. Извини, уживам да читам научна фантастика, ама да се верува во ова како реалност? Хехе .... Знаеш како велат, секој на своето. Во ред е ако веруваш во тоа, не ме сфаќај погрешно, само си учествувам во дискусија и си заземам страна :D

Инаку, те прашав, немаше ти да веруваш во 300 богови да беше роден во некој предел од Африка? И да обожуваше животни?
 
како сакаш речи го.. не е убо :vozbud:

Е не е убаво бе, тоа ти го кажа, опортунизам е завземање страни само за да се извлече некоја корист, притоа занемарувајќи го моралот и/или разумот ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom