Не друже во заблуда си ако мислиш дека потајно верувам......едноставно ми е чудно како може луге здрави образовани колку толку читави при здрав разум да веруваат во бог во исус во алах во дедо мраз спајдерман итн...
,,Еден ден луѓето ќе се смеат на глупоста на современата материјалистичка филозофија. Колку повеќе ја изучувам природата, се повчудовидено и со восхит го откривам Творецот на дело. Јас се молам и додека работам во лабораторијата‘’( Луј Пастер ).
,,Ние животот и смртта ги познаваме само преку Исуса Христа. Без Исуса Христа не знаеме ниту што е нашиот живот, ниту што е нашата смрт, ниту што е Бог. Ниту што сме самите ние’’ ( Блез Паскал ).
,,....... Јас се молам на Бога секој ден’’ ( Никола Тесла )
,,Никој не може да го чита евангелието , а да не ја чуствува Исусовата стварност. Пулсот на неговата личност отчукува во Светата реч...Светиот лик на Назареќанецот остави врз мене необорлив впечаток’’
( Алберт Ајнштајн ).
,,Како што е сигурно дека постои Бог , така е сигурно дека Христос е Бог.. Како што сум сигурен за себе не сум ниту малку повеќе од човек, така за Христа сум уверен дека е многу повеќе од тоа. Верувам дека ги познавам луѓето и затоа велам дека Исус не е човек... Александар, Цезар, Карло Велики и јас основавме големи империи. Но врз што се темелеа тие дела на нашиот гениј? На сила! Исус своето царство го основал на љубов и затоа дури и денеска милиони луѓе се подготвени да умрат за него... Колку голема е раликата меѓу мојата длабока беда и Христовото царство кое и денеска се проповеда, се сака, се слави и шири по цел свет! Христос запалува оган на љубов кој го голта секој егоизам и надминува секаква човечка љубов.’’ ( Наполеон, при крајот од својот живот на Света Елена ).
,,Во Бога завршува мислата што ми се губи во очајниот бескрај. Нас не не носи ветерот како лисја и оваа горчлива среќа не е смисла и цел на самата себеси. Ние не сме атоми од прашина која без цел се издигнува лете во облаци над друмовите... Слава ти, Боже, за маката на денот и за мирот ноќе, за кусиот живот и за големата загатка на смртта ; нека се благословени твоите одлуки според кои доаѓаме на светот и си заминуваме од него откако сме се изнарадувале и изнамачиле. Огромни и несфатливи се твоите планови и јасно е дека неможеме да им ја догледаме ниту насоката ниту целта и дека мораме да ги признаме, но тешко е да се биде човек, Господе’’ ( Иво Андриќ ).
,,За таа голема Книга (Библијата) можам да кажам само едно : таа е најубавиот подарок што му го подарил Бог на човекот. Сето добро на Спасителот на светот ни е откриено во неа. Без таа Книга не би можеле да правиме разлика меѓу доброто и злото’’ (Абрахам Линколн)
,,Ние го имаме Мојсеја, пророците и апостолите дури и Речта на Исуса. Ако не сакаме да се сложиме со него, имаме толку малку извинување како и Јудејците’’ (Исак Њутон)
,, На земјата навистина талкаме и кога пред нас не би постоел драгоцениот Христов лик, ние би пропаднале и наполно заблуделе како човечкиот род пред потопот’’ (Достоевски)