Живот по своја мерка!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Живееме живот, опркужени со милиони луѓе кој се дел од нашата приказна. Многу често сакајќи да ги им угодиме, знаеме да подпаднеме по нивно влијание и да живееме живот каков што реално не сакаме или не заслужуваме.

Читајќи една книга, се мотивирав за темава. Читајќи сфатив дека:

Среќата во суштина лежи во живеењето на живот по своја мерка. Среќата лежи во живеење на живот како што ние лично сакаме. Можеби таквиот начин на живот нема да биде многу позитивно прифатен од пријателите, роднините, семејството. Но, дефинитивно тоа е начинот на кој ќе бидеме среќни и задоволни. Тоа е вистинскиот пат до рамнотежа и избалансираност.

Од друга страна имам сфатено дека додека им одиш по мерак и желба на другите се е во ред и таков сите те сакаат, но кога малку ќе почнеш да живееш по свое, тоа веднаш им смета на другите и бурно реагираат за истото.

Каков е Вашиот став по оваа тема?
 
Одамна веќе си имам зацртано одреден став на оваа тема.
Никогаш нема да си дозволам животот да го живеам како што некој друг ќе очекува да го живеам. Секој има право за себе да го направи својот избор, без разлика на мислењето на оние околу него.
Реално, не можеме да го тргнеме туѓото мислење на страна во случај кога почнуваме да живееме онака како што сакаме, меѓутоа тоа не треба да ни биде она по кое ќе се водиме. Таа реакција на другите треба да ја прифатиме на начин на кој нема да дозволиме тоа да го смени нашиот начин на согледување и планирање на сопствениот живот.
Луѓето околу нас се тука за нас но сепак очекуваат да живееме за нив. Токму од таа причина, колку и да изгледа за нив несфатливо она што го избираме, треба да им дадеме до знаење дека секој на овој свет има право да избере сам за себе без разлика на тоа дали некому му се допаѓа тој избор или не.
Не е убаво да живееме во стегите на нечии туѓи убедувања, нечии туѓи замисли. На тој начин не доаѓа до комплетна реализација на личноста која сме или која допрва треба да станеме.

едит: Да се дополнам само... Пријателите, роднините и семејството, доколку навистина веруваат во нас и доколку нивната љубов и почит према нас не се површни, тогаш ќе нема никаков проблем тие да пробаат да се прилагодат на нашето отскокнување од таа нивна рамка.
 
Дали тоа живеење по своја мерка повредува некого физички?
Дали тоа живеење по своја мерка повредува нечии чувства?
Дали тоа живеење по своја мерка прекршува правила?

Ако трите одговори се НЕ, зошто би размислувале дали да живееме како што сакаме, уште одма почнувај. Иако повеќе би одговарало: „Да одлучуваме како што сакаме“, оти животот е последица на одлуките.

Ако некој одговор е ДА, тогаш има некоја грешка во твоето размислување за тоа какви одлуки да донесуваш.

Не разбирам како е тоа „живот по моја мерка“, апсолутно дека е по твоја мерка. Ако тебе те повредува тоа што живееш по нечии правила, значи дека нивното размислување е погрешно и потребно е синхронизација.
 
Живееме живот, опркужени со милиони луѓе кој се дел од нашата приказна. Многу често сакајќи да ги им угодиме, знаеме да подпаднеме по нивно влијание и да живееме живот каков што реално не сакаме или не заслужуваме.

Читајќи една книга, се мотивирав за темава. Читајќи сфатив дека:

Среќата во суштина лежи во живеењето на живот по своја мерка. Среќата лежи во живеење на живот како што ние лично сакаме. Можеби таквиот начин на живот нема да биде многу позитивно прифатен од пријателите, роднините, семејството. Но, дефинитивно тоа е начинот на кој ќе бидеме среќни и задоволни. Тоа е вистинскиот пат до рамнотежа и избалансираност.

Од друга страна имам сфатено дека додека им одиш по мерак и желба на другите се е во ред и таков сите те сакаат, но кога малку ќе почнеш да живееш по свое, тоа веднаш им смета на другите и бурно реагираат за истото.

Каков е Вашиот став по оваа тема?

Има една добра книга, "How I found freedom, in an unfree world", и таму сфаќаш дека всушност поголемиот дел од нашиот живот е издиктиран од страна на разно разни фактори, кои што иматт директно или индиректно влијание врз нашите секојдневни одлуки. Иако навидум современиот човек остава впечаток на независна личност, со потполна слобода, ако малку подлабоко разгледаме, ке дојдеме до заклучок дека токму тој е жртва на милионте стереотипи на современото општество, кои се причина за кај него да се појавува одреден тип на незадоволство или задоволство ако е во тек со тоа што го барало оваа динамично време.

Според мене, живот по своја мерка, може да креираат само луѓе кои имаат "умствена независност" , а такви за жал се помалку се срекаваат, пошто е многу тешко да се ослободиш од канџите на мнозинството.
 
Другиот аспект на целава работа е спривставување на средина и факторите кои влијаат. И начинот на кој тоа спротивставување ќе биде прифатено од другите.

(за жал егото на луѓето е големо и многу ретко можат да се помират со такво нешто)
 
Накратко,да се живее за себе или за другите?
За среќа,од мал сум фокусиран на себеси,нека ме наречат себичен ама не сум се родил за да угодувам.
Не сум роб.
Среќата во суштина лежи во живеењето на живот по своја мерка.
Амин.

Дали тоа живеење по своја мерка повредува некого физички? -Мислам да.
Дали тоа живеење по своја мерка повредува нечии чувства? -Да.
Дали тоа живеење по своја мерка прекршува правила? -Да.

I still do it.Тоа е кошарката.Да си ускратуваш ради овие три постулати е plain stupid.
 
Од друг аспект гледано, мислите ли дека живеење на живот по своја мерка каде што ќе го занемариме мислењето на другите може да доведе до немање објективна слика за начинот на кој го живееме животот, а тоа да донесе несакани работи и одење во погрешна насока?
 
Аристотеловата мисла "Мерата е најдобра" e применлива во практика доколку добро се сложат коцките и на двете страни, поточно се постигне баланс меѓу објективното гледиште на "публиката" и субјективниот став на поединецот. Да умееш да се изолираш од влијанието на средината, а сепак да ги почитуваш општествените правила. Не за џабе правникот знае да каже дека нашите права завршуваат каде што почнуваат правата на другите.
За одредени поединци живот по мера значи бескрупулозност,висок степен на нетолерантност и егоцентризам.Би можела да заклучам дека не е проблемот во влијанието на средината врз поединецот,тку обратното-во влијанието на поединецот врз средината. Се додека 1+1=2 или влијанието на средината врз поединецот е истоветна со влијанието на поединецот врз средината(инпут=аутпут) работата е чиста.
 
Од друг аспект гледано, мислите ли дека живеење на живот по своја мерка каде што ќе го занемариме мислењето на другите може да доведе до немање објективна слика за начинот на кој го живееме животот, а тоа да донесе несакани работи и одење во погрешна насока?

Nope.Се согласувам со првиот став,ова не.Ако секој си оди по својата насока ќе нема колизија.
 
Човекот е социјално суштевство и е донесен на овој свет со цел или помош на мажот и жената ,никој неможе да
го негира тој факт,и неможе да живее сам или само за себе ,

Господ му дал функција така.

Проблемот што луѓето стануваат аутисти,егоисти и немаат верба во другите е затоа што се жртви на системот во една држава значи да речеме дека има масони или политичари кои си гледаат само за себе тие си имаат своја цел која треба да ја задоволат во една пирамида ,проблемот е во тоа што најдолниот дел од таа пирамида сме обичните луѓе ние кои немаме во што да веруваме или делуваме.

1)заштита,здравство
2)правна сигурност ,
3)можност за одредено право, итн...

а кои му ги даваат тие права на нас луѓето "Центри на моќ",
Значи врвот од пирамидата го контролираат мал или одреден број на луѓе кои имаат голема моќ,

Се додека човекот не се контролира и организира во едно општество нема шанси да ги спознае правите вредности во животот се си има некоја еволуција некоја ја прифаќа некој стагнира,реалноста е таква,

Значи во кратки црти Илузија е да живееш само за себе ,или ако мислиш дека живееш тогаш одработуваш агенда на некој многу поискусен од тебе кој те смета за глушец со кој си игра.

Тоа што City сака да го каже е само психолшки сајт ефект од нашето некоректно општество.

Ако сите во општеството живеат само за себе се прашувам дали ќе има луѓе воопшто..
 
Сакале вие или нејќекле, пак сте робови.

Ако живеете живот по своја мерка, робови сте на сопствените желби, чувства, страсти...
Ако живеете живот по мерка на општеството, тогаш сте робови на општеството, на неговите морали, закони...

Не си слободен ако живееш според своја мерка. Не постои такво нешто како слобода. Мораш да јадеш бе брат, како тоа слободен си?
Ако не јадеш, ќе умреш. Ако не спиеш, ќе умреш. Роб. Џабе ви е секакво трудење да живеете „по своја мерка“. Тоа не постои.
Порано и јас „живеев по своја мерка“ т.е. бидејќи бев мала, се ми идеше мазно и ме тинтраа моите. Ко што растам, сфаќам дека не е се така розево. Мораш да следиш нечии закони и да почитуваш нечие туѓо мислење. Како што имаше една мисла овде на форумов: Even fools are right sometimes.

Според мене: Прифати го она што ти се дава и играј според правилата.
 
Ако играм според правилата пак сум роб.Подобро би била роб на живот по своја мерка,барем сум "роб" по свој избор.Но изборот е сепак одредена слобода,зарем не?
 
Живеј го сопствениот живот (своите соништа, желби, идеи), зошто ја умираш сопствената умирачка.
 
Дали тоа живеење по своја мерка повредува некого физички?
Дали тоа живеење по своја мерка повредува нечии чувства?
Дали тоа живеење по своја мерка прекршува правила?
Живеј како сакаш, се` додека не повредуваш никого, така, Whatever works.
Е сеа, мало дополнување, ја ако сакам да живеам од утре на Мајами бич, не можам со овој кеш така? Ми треба општеството и парите што ми ги дава, а ја му требам на општеството со мојот работен капацитет. Постојат работи што си ги правиш сам со себе како единка, во кои сам одбираш што ќе правиш, но постојат и општествени должности кои пишав, не само општеството ги бара од нас, него и ние од него. Слобода во ordinary sense of the world можеме да постигнеме, но во реална смисла, не. Обично има нешто што треба да го направиме за заедницата или таа за нас. И се` тоа е дел од животот, и би звучело преразгалено од наша страна доколку ги сакаме сите 24 часа од денот само за своите желби. Сепак, what the world really needs is more love and less paperwork, така да пола од административните ствари се plain bollocks.
 
Да а?
Знаеш зошто тигар роден во зоолошка никад нема да се бунтува?
Оти не знае за што да се бунтува.
Фактот што вам родените во решетки слободата ви е апстрактен неопиплив поим ви ја создава илузијата дека таа воопшто не постои.
Искрено,јас не знам како изгледа таа слобода.
Али ни вие не знаете како изгледа Господ,па верувате во него.
Но ветувам дека еден ден ќе дојде,ако треба и крв ќе прска и глави ќе се тркалаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom