Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дали ова важи и за хомосексуалците?
Прегледај си го уште еднаш член 29 и види што е таксативно набројување па ќе разговараме за наследување на вонбрачни партнери.Потенцирам!Ќе можеш да наследиш исто ако си живеел повеќе од една година со вонбрачниот другар, или точно кажано ако сте живееле во " трајна животна заедница" . А најчесто луѓето што не се решаваат да стапат во брак поради икс причини, а живеат заедно, тоа го прават подолго време. Така да исто ти се фаќа.
Во врска со темата, денеска бракот е само чисто официјализирање на врската и веќе чиста формалност, барем во најголемиот дел од државите. Правните последици се скоро исти, и останува само онаа традиционалната страна на бракот, како некоја свеченост и официјалност што и се придава на односот. Уствари се сведува на тоа што сакаат двајцата.
Затоа што ако живеете заедно а не сте во брак нема да можеш како вонбрачен партнер ништо да наследиш според законот за семејство и законот за наследување.Освен тој мал детал и попатно фактот дека ќе ти биде многу полесно да бараш издршка при евентуално разделување, нема апсолутно никаква разлика.
Јас од лично искуство можам само да кажам дека да живееш со некој и да не си во брак е погрешна инвестиција, освен ако не сакаш да си го заштитиш наследството.Настрана правните аспекти, бидејќи не сум голем поборник за разводот, уште помалку за абортус и сите тие слични пост-модернистички срања, би влегла во брак само ако сум 100% сигурна дека ќе биде траен и дека тој човек сакам да го гледам секој ден до крајот на мојот живот.Ако не најдам таков човек, зошто воопшто би играла улога на домаќинка за некој друг со кого не сакам да влезам во брачна заедница.
Прегледај си го уште еднаш член 29 и види што е таксативно набројување па ќе разговараме за наследување на вонбрачни партнери.Потенцирам!
Леа, знаеш дека заедниците на хомосексуалците не се правно регулирани.![]()
When it comes to law, always.Да. Во право си. Комплетно заборавив дека кај нас наследување во вонбрачна заедница не е предвидено, мада е една крајна нелогичност. Посебно коа ќе видиш дека во се друго се изедначени. Или дека вонбрачните деца наследуваат како брачните, а вонбрачен другар не наследува како брачен. Плус и во закон за семејство е напишано дека вонбрачна заедница е изедначена со брачна во односите на издршка и имотни односи( наследувањето е имотен однос). Имаат противречност, ама тоа се дешава коа препишуваат закони од СФРЈ и ги применуваат денес, божем за континуитет да имало. Иначе не мислев на тие од член 29, туку тоа " трајна животна заедница" го напишав за да ја опишам вонбрачната заедница, али глеам дека сум ја утнал терминологијата.
Иначе, nice shot![]()
When it comes to law, always.
Инаку, јас не се сложувам со тоа дека треба да има комплетно изедначување, ако дојде до тоа тогаш можеме слободно да го укинеме бракот како општествен начин за регулирање на меѓучовечките односи и да живееме во општество во кое ќе треба да се докажува кохабитацијата на двајца вонбрачни партнери за да може да се оствари правен однос.
А јас сум правник, не ми се допаѓа таков тип на „анархија“, иако се сложувам комплетно со тоа дека имаат контрадикторности како во терминологија, така и во пракса, ама па треба човек да го види законот за работни односи и фактот дека средното е задолжително за да му стане се јасно за нашиот правен систем.![]()
pa ima golema razlika da sum vo brak so nekogo i da ne sum vo brak so nekogo ama da zhiveam so nego....ako na pr imame deca a ne sme vo brak a zhiveeme zaedno toa dete ke bide vonbracno
Дефинитивно да...треба да се проба и тоа барем едно 6 месеци да се живее заедно, па да се види дали ќе се преживее :uvo: