Па не колку што знам ја. Вонбрачната заедница после една година се изедначува со брачната и правно се верифицира. Кај нас за да биде брачна заедница треба да биде " заедница помеѓу жена и маж " ( не знам точно како стои) што значи ако не биде тогаш е пречка за склучување на брак. Брачните пречки, по аналогија, се гледаат и кога вонбрачната е подолга од една година и кога треба да произведе правни последици ( пр. расправање на оставина и сл.) У случајов би било " заедница меѓу маж и маж" и нивната вонбрачна заедница не би имала никакво правно дејство. Исто на пример и вонбрачна заедница меѓу брат и сестра не би била призната.Дали ова важи и за хомосексуалците?
Прегледај си го уште еднаш член 29 и види што е таксативно набројување па ќе разговараме за наследување на вонбрачни партнери.Потенцирам!Ќе можеш да наследиш исто ако си живеел повеќе од една година со вонбрачниот другар, или точно кажано ако сте живееле во " трајна животна заедница" . А најчесто луѓето што не се решаваат да стапат во брак поради икс причини, а живеат заедно, тоа го прават подолго време. Така да исто ти се фаќа.
Во врска со темата, денеска бракот е само чисто официјализирање на врската и веќе чиста формалност, барем во најголемиот дел од државите. Правните последици се скоро исти, и останува само онаа традиционалната страна на бракот, како некоја свеченост и официјалност што и се придава на односот. Уствари се сведува на тоа што сакаат двајцата.
Сатори дијар, зар има нешто на светов што можеш да го гарантираш со 100%?Затоа што ако живеете заедно а не сте во брак нема да можеш како вонбрачен партнер ништо да наследиш според законот за семејство и законот за наследување.Освен тој мал детал и попатно фактот дека ќе ти биде многу полесно да бараш издршка при евентуално разделување, нема апсолутно никаква разлика.
Јас од лично искуство можам само да кажам дека да живееш со некој и да не си во брак е погрешна инвестиција, освен ако не сакаш да си го заштитиш наследството.Настрана правните аспекти, бидејќи не сум голем поборник за разводот, уште помалку за абортус и сите тие слични пост-модернистички срања, би влегла во брак само ако сум 100% сигурна дека ќе биде траен и дека тој човек сакам да го гледам секој ден до крајот на мојот живот.Ако не најдам таков човек, зошто воопшто би играла улога на домаќинка за некој друг со кого не сакам да влезам во брачна заедница.
Да. Во право си. Комплетно заборавив дека кај нас наследување во вонбрачна заедница не е предвидено, мада е една крајна нелогичност. Посебно коа ќе видиш дека во се друго се изедначени. Или дека вонбрачните деца наследуваат како брачните, а вонбрачен другар не наследува како брачен. Плус и во закон за семејство е напишано дека вонбрачна заедница е изедначена со брачна во односите на издршка и имотни односи( наследувањето е имотен однос). Имаат противречност, ама тоа се дешава коа препишуваат закони од СФРЈ и ги применуваат денес, божем за континуитет да имало. Иначе не мислев на тие од член 29, туку тоа " трајна животна заедница" го напишав за да ја опишам вонбрачната заедница, али глеам дека сум ја утнал терминологијата.Прегледај си го уште еднаш член 29 и види што е таксативно набројување па ќе разговараме за наследување на вонбрачни партнери.Потенцирам!
Леа, знаеш дека заедниците на хомосексуалците не се правно регулирани.
When it comes to law, always.Да. Во право си. Комплетно заборавив дека кај нас наследување во вонбрачна заедница не е предвидено, мада е една крајна нелогичност. Посебно коа ќе видиш дека во се друго се изедначени. Или дека вонбрачните деца наследуваат како брачните, а вонбрачен другар не наследува како брачен. Плус и во закон за семејство е напишано дека вонбрачна заедница е изедначена со брачна во односите на издршка и имотни односи( наследувањето е имотен однос). Имаат противречност, ама тоа се дешава коа препишуваат закони од СФРЈ и ги применуваат денес, божем за континуитет да имало. Иначе не мислев на тие од член 29, туку тоа " трајна животна заедница" го напишав за да ја опишам вонбрачната заедница, али глеам дека сум ја утнал терминологијата.
Иначе, nice shot
Абе не дека и ја сум за укинување, ама денешните услови бараат да има комплетно изедначување. Ако само го формализираш односот не добиваш нишо битно, освен тоа што викаш, сигурно докажување на еден вид на потраен однос помеѓу две лица. А и во денешно време не е многу тешко да докажеш дека две лица живееле заедно без да бидат во брак. Ја мислам дека не фер посебно во денешно време кога го имаме целиот тој либерален и егалитаристички концепт на уредување на општествени односи да се инсистира секој пар да мора да се подложи на општествено-институционално верифицирање на врската за да си користи придобивките што било кој правен систем природно им ги овозможува на партнерите, барем во денешно време.When it comes to law, always.
Инаку, јас не се сложувам со тоа дека треба да има комплетно изедначување, ако дојде до тоа тогаш можеме слободно да го укинеме бракот како општествен начин за регулирање на меѓучовечките односи и да живееме во општество во кое ќе треба да се докажува кохабитацијата на двајца вонбрачни партнери за да може да се оствари правен однос.
А јас сум правник, не ми се допаѓа таков тип на „анархија“, иако се сложувам комплетно со тоа дека имаат контрадикторности како во терминологија, така и во пракса, ама па треба човек да го види законот за работни односи и фактот дека средното е задолжително за да му стане се јасно за нашиот правен систем.
ептен голема разлика! ќе ти викаат дека живееш во конкубинат!!pa ima golema razlika da sum vo brak so nekogo i da ne sum vo brak so nekogo ama da zhiveam so nego....ako na pr imame deca a ne sme vo brak a zhiveeme zaedno toa dete ke bide vonbracno
Со 6 месеци ништо нема да дознаеш. Како прво додека сте дечко и девојка и да живеете заедно на одреден период знаете дека тоа ќе помине и можеби ќе се однесувате во најдобро светло. Бракот не е само живеење заедно. Значи со бракот (барем тој брак каков што треба да биде, не денешните жени се и после 2 месеци развод) формираш заедница во која ти и партнерот егзистирате се надоградувате и сте едно - никој неможе да ве раздели (тој ти е најдобар другар, а не другарка ти со која го озборуваш дечко ти). Јас зборувам од искуство. Живеам заедно со дечко ми веќе 8 години. Не од што „сакавме да пробаме“, туку на факултет прва година разделени во различни станови видовме дека не бива сакаме да сме заедно постојано и затоа после 2 та година почнавме заедно да живееме. Е сега каде го разграничувам јас тоа да живееш заедно и да си во брак. Кога се враќаме во родниот град јас си одам дома да спијам и он си оди дома да спие, значи се додека не склучиме брак јас нема што да барам во нивната куќа. Може тоа го гледам од правен аспект меѓутоа јас во таа куќа се уште немам ништо. Неговата соба не е и моја, таа е само негова. И не само за материјалните работи, незнам може сум патријахално воспитана (знам дека ќе има реакции за наредната реченица)- ама сега им припаѓам на родителите, кога ќе сум во брак ќе му припаѓам на мажот ми.Дефинитивно да...треба да се проба и тоа барем едно 6 месеци да се живее заедно, па да се види дали ќе се преживее :uvo: