ЖИВЕЕЛ СО НОЖ ВО ГЛАВАТА ЧЕТИРИ ГОДИНИ

  • Креатор на темата Креатор на темата Лајто
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Еден Кинез од провинцијата Јунан кој отишол на лекар поради честите силни главоболки, открил дека веќе четири години живее со нож зариен во мозокот.




Ли Фу (37) страдал од главоболки, а имал и повремени крвавења од ушите и од устата, меѓутоа не знаел дека причината е сечиво долго десет сантиметри кое било длабоко зариено и скриено во неговата глава.

Фу во 2006 година кога работел како таксист за време на една кражба бил забоден со зад увото, пренесе „Дејли мејл“.

Во таа прилика ножот пукнал, дршката отпаднала, а сечивото останало во главата на Фу.

Иако лекарите тогаш го лекувале, тие не го забележале сечивото во неговата глава.

Оттогаш Фу страдал од силни болки, а минатиот месец лекарите конечно му направиле ренгенска снимка на која ја виделе причината за неговата состојба.




Фу и неговото семејство биле шокирани од снимката и барале и друго лекарско мислење, а кога ја добиле потврдата од другите доктори, Фу е опериран минатата недела.

Ножот е изваден и Фу сега добро се чувствува.

Хирурзите кои го оперирале не можеа да поверуваат дека пациентот толку долго време поминал со сечивото во мозокот.

- Тоа е медицинско чудо. Ножот беше речиси целосен кога го извадивме, рече еден од хирурзите.

ИЗВОР
 
ова е некоја нова статија или имаше претходно како да ми е познато од порано???

Да да и јас се сеќавам дека и порано имаше ваков случај што некој човек долго време живеел со нож во глава.
Али ова е нов случај.
Искрено и јас се шокирав кога дознав,и на вести го даваа ова денеска :nesvest::nesum::nesvest:
Гледајте вести можеби и вечер истото ќе го повторат.
 
:nesvest: :nesvest: :nesvest: скраја да е :nesvest: :nesvest: :nesvest:
 
Мене не ми делува реално, мислам, да не осетил дека нож му влегол во череп? Ај да живее со ножот во черепот не ми е нешто спектакуларно, има полно случаеви со луѓе што имаат куршуми во главите, ама да не осетиш :pop:
 
Да да и јас се сеќавам дека и порано имаше ваков случај што некој човек долго време живеел со нож во глава.
Али ова е нов случај.
Искрено и јас се шокирав кога дознав,и на вести го даваа ова денеска :nesvest::nesum::nesvest:
Гледајте вести можеби и вечер истото ќе го повторат.

Али признај, да возел Лансер, немало да го ограбат. :smir:
 
Ваков сличен случај имаше и на Рипли. Стварно бизарно е ова. И најчудно е што нема никакви надворешни белези, оштетувања на кожата.:toe:
Иначе, има сличен 100% вистинит случај таков, на татко ми пријател или не знам кој и од каде беше(важно од МКД човекот), како мало дете игла му имаат забодено во главата. После неколку децении, кога станал возрасен човек, баш како кинезов, поради чести болки во главата, отишол на доктор и при снимањата му ја нашле иглата. :shok:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom