Жестока тепачка меѓу навивачите на МЗТ и Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Жестока тепачка избила попладнево во скопската населба Аеродром помеѓу навивачките групи на МЗТ и Работнички. Според првичните информации во тепачката 10 лица се полесно повредени.
Инцидентот се случил во близина на Тобако 2 околу 18. часот.
Навивачите на кошаркарскиот тим Работнички од „Центар“ пеш тргнале кон салата „Јане Сандански“, но биле пресретнати од навивачите на МЗТ.
По тепачката навивачите се разбегале, а дел од нив каменувале неколку автомобили и два стана.
tepacka-navivaci1.jpg
Навивачите кршеле и станови
„Ова беше како на некој филм, некое племе диво, Тексас, бетер од Тексас“, изјави очевидец на настанот.
„Се маваа со шишиња, со камења, со што се не. Полицијата реагираше молскавично“, рече еден сведок на инцидентот.
„Ќе имаше убиство тука, видете што се случува. Кршеа, шишиња, со камења маваа. Коли буткаа“, вели очевидец.
Полицијата приведе повеќе лица на информативен разговор.

tepacka-navivaci2.jpg

извор

аманте бе... вреди ли за кошарка да се колите? :uvo::uvo::uvo:
 
Ова темава не треба у кошарка да биде... :toe:

- Инаку ги свачам тоа е големо ривалство, омраза и сл... :toe:

- Ја сум осетил на моја кожа како е да се биде од една од тија тепачки ама помала... :nesum: ...колку само се мразат немате престава... :tapp:
 
Жестока тепачка избила попладнево во скопската населба Аеродром помеѓу навивачките групи на МЗТ и Работнички. Според првичните информации во тепачката 10 лица се полесно повредени.
Инцидентот се случил во близина на Тобако 2 околу 18. часот.
Навивачите на кошаркарскиот тим Работнички од „Центар“ пеш тргнале кон салата „Јане Сандански“, но биле пресретнати од навивачите на МЗТ.
По тепачката навивачите се разбегале, а дел од нив каменувале неколку автомобили и два стана.
tepacka-navivaci1.jpg
Навивачите кршеле и станови
„Ова беше како на некој филм, некое племе диво, Тексас, бетер од Тексас“, изјави очевидец на настанот.
„Се маваа со шишиња, со камења, со што се не. Полицијата реагираше молскавично“, рече еден сведок на инцидентот.
„Ќе имаше убиство тука, видете што се случува. Кршеа, шишиња, со камења маваа. Коли буткаа“, вели очевидец.
Полицијата приведе повеќе лица на информативен разговор.

tepacka-navivaci2.jpg

извор

аманте бе... вреди ли за фудбал да се колите? :uvo::uvo::uvo:

:pos2: па не си ни прочитал бе бато

си ме насмеал

инаку што да кажам, јако дерби уште па се тепаат!

порано играа дејан јовановски, боцевски, срѓан станковиќ за годел, врбица, марк дин, мирза куртовиќ за мзт.. тоа беше дерби бре

ебате ривалството! ценатар - аеродром. бреј!
а шо ги знам поголем дел навивачи на работнички, едни центарци шо да ви распраам. кој од ѓорче, кој од влае кој од драчево.
додека аеродромциве имаат чаир, радишани, автокоманда. зборот ми е каша попара е, ама борбата е центар-аеро

смешки
 
Ако добро сум разбрал предходната вечер навијачите на работнички ја обиле салата во аеродром и сакале да им ја уништат кореографијата што ја спремале аеродромци од сопствени средства. Не знам дали ја нашле но земале некои знамиња и овие кога разбрале збеснале. Ак осе надврзе и тоа што прошлата утакмица не беа пуштени во сала ете ти куршлус.

п.с. јас мислам дек аова дерби треба да с еигра во новата сала зашто е побезбедно а и обични луѓе ќе можат да дојдат на раат да гледаат утакмица.
 
:pos2: па не си ни прочитал бе бато

си ме насмеал

инаку што да кажам, јако дерби уште па се тепаат!

порано играа дејан јовановски, боцевски, срѓан станковиќ за годел, врбица, марк дин, мирза куртовиќ за мзт.. тоа беше дерби бре

ебате ривалството! ценатар - аеродром. бреј!
а шо ги знам поголем дел навивачи на работнички, едни центарци шо да ви распраам. кој од ѓорче, кој од влае кој од драчево.
додека аеродромциве имаат чаир, радишани, автокоманда. зборот ми е каша попара е, ама борбата е центар-аеро

смешки

Не туку траскај зелени колку само да пишеш нешто....ФА од Чаир, тапчо еден...Најди ми еден од цела група што е од Чаир или Радишани и ја прв ќе ја напуштам групата...Разграничи навијач и симпатизер па после збори...А за ЦПБ од Ѓорче и Драчево , тоа ти стои пошо и сами викаат дека имаат екипи од таму...

Шо има врска какво дерби е и колку се јаки екипите....Да видиш и италијанска трета лига какви ривалства има па да се чудиш...Тоа не може секој да го разбере...Ај ќе навивам за екипата само ако игра супер...И после цела држава е за Ливерпул,Интер итн ...Не знаат да си го ценат локалното макар колку лошо тоа да било...Па сеа ја се трудам да ви објаснам али знам дека повеќето нема да разберат за што е филмот...
 
и ти се тепаше сношти?
 
Било фер,нешто како 10 на 10,или повеќе имало од ФА? :)
 
Не ние бевме мн помалце т.е мала група они беа повеќе од нас...нашите остали членови беа во сала!!!
 
Не туку траскај зелени колку само да пишеш нешто....ФА од Чаир, тапчо еден...Најди ми еден од цела група што е од Чаир или Радишани и ја прв ќе ја напуштам групата...Разграничи навијач и симпатизер па после збори...А за ЦПБ од Ѓорче и Драчево , тоа ти стои пошо и сами викаат дека имаат екипи од таму...

Шо има врска какво дерби е и колку се јаки екипите....Да видиш и италијанска трета лига какви ривалства има па да се чудиш...Тоа не може секој да го разбере...Ај ќе навивам за екипата само ако игра супер...И после цела држава е за Ливерпул,Интер итн ...Не знаат да си го ценат локалното макар колку лошо тоа да било...Па сеа ја се трудам да ви објаснам али знам дека повеќето нема да разберат за што е филмот...

епа не ве знам сега се накотивте многу. скоро па никој од времето кога одев јас не оди веќе. т.е. има некои загрозени сеуште.. ама малку.

шо да ти кажам.. те гледам по годините помал си, па не знаеш како беше порано. па сега ова ти изгледа ко нешто многу кул

ок е. терај
 
Кое пиење бе море не треси се мававме со флаши камења некој и со боксови имаше од кај нив повредени и неколку приведени исто и од кај нас мислам 1 повреден и приведен во станица..Дојдоа алфи и мн полиција и фамата се расчисти...СЕ НА СЕ ЈАКО ДЕРБИ:helou:
 
Да резимираме. Глупи се и двете страни што прават вакви дивјачки испади.
Така е најфер, нели?
 
Кое пиење бе море не треси се мававме со флаши камења некој и со боксови имаше од кај нив повредени и неколку приведени исто и од кај нас мислам 1 повреден и приведен во станица..Дојдоа алфи и мн полиција и фамата се расчисти...СЕ НА СЕ ЈАКО ДЕРБИ:helou:
колку си само среќен шо си се тепал еј... :nesvest::nesvest::nesvest:
дај некој нека ме мавнит со нешо поголемо зш не сум шема... :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom