Жената во Библијата

  • Креатор на темата Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување Време на започнување
E kaj si videl na primer zena u rudnik da raboti?:pos2:
a kaj si videl diplomiran profesor po filozofija da raboti vo rudnik ili fizicka rabota, samo zatoa sto nema rabotni mesta popsto nekoja profesorka od selata koji treba da zaziveat dosla u Skopje i uste cepa na lokalniot dijalekt i mu gi zela casovite i sea e toj bez rabota???????????????
 
Гледам дека доста убав тек зазеде темата жената во Кур,анот, па споредбено со таа тема сакам да ја погледнеме и другата страна на медалот и да видеме што вели светата книга на Христијаните за жената.

Колку за почеток еве некои Библиски пасуси на кои чекам соодветен коментар.


1.Жената не е слава на Бог. (види:1 Koritjani 11:7 )


2.Жената не смее да поучува (види:1 Poslanie do Timoteja 2:11-14 )


3.Жената е зло (види:Kniga na prorok Zaharija 5:7 )


4.Жената без Шамија подобро да биде истрижена (види:Prvo poslanie do Koritjanite 11:5-10 )


5.Жената кога ќе и го тепаат мажот треба да гледа сеир,оти во спротивно раката ќе и отиде (види:Povtoreni zakoni 25:11-12 )


6.Кога на жената ќе и умре мажот,треба деверот да влезе при неа (види:Povtoreni zakoni 25:5 )


7.Жената принудно мора да се омажи за деверот. (види:Povtoreni zakoni 25:5 )


8.Жената е погорчлива од смртта (види:Kniga Propovednik 7:26-28 )


9.Убивајте ја жената заедно со децата,животните.... (види:" Kniga na prorok Jezekiil 9:5 )


10. итн.
Колку само неточни се овие работи кои си ги напишал!
Тоа се само делови од примери кои ти си ги напишал со цел хулење на христијанските вистински правила за однесување на една христијанска жена!
Тоа што ти си го напишал се само нецелосни примери кои намерно си ги напишал така за да ги збуниш луѓево и да ги свртиш против вистината!
Вака сега прво ако збориме за шамии, жените пожелно е да носат во Црква или кога Му се молата на Бога (според христијанството), и кога жените одат во црква треба да бидат пристојно облечени,и ако не беа важни немаше да имаме толку Светици!
И еве уште нешто(вистински и цитирани примери):

Кои беа жените Мироносици? Тие беа оние жени кои постојано Го следеа Христа во проповедта, беа со Него во најтешките моменти кога Он беше распнат на крстот, а тие беа и првите сведетели за Неговото воскресение (Марко 16). Со еден збор тие беа најверните Христови следбеници. Следејќи го овој пример, како и други, ќе видиме дека во Христијанската религија жените имаат важна улога во животот на Црквата. Така било порано, а така е и денес. Денес неможеме да замислиме животот на Црквата без женските лица. Тие се душата на црковното живеење во секој нејзин поглед. Затоа ќе речеме дека христијанството не е религија која ги понижува или омаловажува лицата од женскиот пол, туку им дава голема чест и достоинство.

И за жените во дел од НОВИОТ ЗАВЕТ се вели:
- Вашата убавина да биде не надворешна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување, туку внатрешна, во срцето на сокриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред бога!
- Така и вие мажите, живејте со своите жени разумно, и почитувајте ги како послабо суштество, и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши!
- Жената не е господарка на своето тело,туку мажот; исто така и мажот не е господар на своето тело, туку жената!
- Неженетиот се грижи за Господови работи - како да Му угоди на Господа , а женетиот се грижи за световни работи - како да и угоди на жената!
- Секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја, зошто сеедно е -како да е стрижена.
Ако жената не сака да се покрива тогаш нека се остриже, ако пак е страмно да се стриже тогаш нека се покрива. .....Но ако жената си ја остави косата, тоа е чест за неа, бидејќи косата и е дадена место покривало.
-
Секој од вас(се мисли на мажот) да си ја сака жената своја како што се сака самиот себе, а жената да се бои и покорува на својот маж!
-... Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап: но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата љубовта и во светоста со чесност
 
Колку само неточни се овие работи кои си ги напишал!
Тоа се само делови од примери кои ти си ги напишал со цел хулење на христијанските вистински правила за однесување на една христијанска жена!
Тоа што ти си го напишал се само нецелосни примери кои намерно си ги напишал така за да ги збуниш луѓево и да ги свртиш против вистината!

To se kup stihovi izvadeni od kontekst. Bibliski odnosot maz-zena e harmonicen. vo poslanieto do efesjanite e perfektno objasnet toj odnos. Nesto vo stil; Zeni, pokoruvajte im se na vasite mazi, zatoa sto toj e glavata, ..... a mazi, sakajte gi zenite, kako sto isus ja zasaka crkvata i se dade sebesi za nea......

temava e haos... pogotovo koga e zapocnata od nekoj sto nema h od hristijanstvo....mozes samo da pretpostavis zosto e otvorena....:toe:
 
Епа ајде де, вие поправете ми ги грешките. Пишувајте си вие за жената во Христијанството, а јас со задоволство ќе ве читам.:toe:
 
Епа ајде де, вие поправете ми ги грешките. Пишувајте си вие за жената во Христијанството, а јас со задоволство ќе ве читам.:toe:
Омер те почитувам ама те молам кога станува за друга религија поставувај прашања а не вади реченици надвор од контекст глеј сеа што напраи пола од православните мислат дека муслиманите сакаат да ни ја омаловажат религијата и дека ги сматаат за нешо подоле од нив
следниод пат те молам советувај се со marcus он е отворен кон вакви прашања и има добро познавање на библијата и ќе ти помогне да ја составиш темата подобро и без да звучи навредливо поздрав
 
Омер те почитувам ама те молам кога станува за друга религија поставувај прашања а не вади реченици надвор од контекст глеј сеа што напраи пола од православните мислат дека муслиманите сакаат да ни ја омаловажат религијата и дека ги сматаат за нешо подоле од нив
следниод пат те молам советувај се со marcus он е отворен кон вакви прашања и има добро познавање на библијата и ќе ти помогне да ја составиш темата подобро и без да звучи навредливо поздрав
a ti ne se povikuvaj na avtoriteti nego misli so svoja glava, citaj biblija tamu ubavo jasno i ednoznacno pisuva
Zenata da mu bide pokorna na mazot kako na Gospod!!!!!
Na zena ne i dozvoluvam da poucuva!!!!!
no ke se spasi preku raganje deca!!!!!!!!!!
znaci ako ideme po Biblija site zeni sto se ucitelki, nastavnicki, profesorki, direktorki, ministerki i sto sve ne da se izbrkaat od rabota i doma sikter da ragaat i cuvaat deca.
 
a ti ne se povikuvaj na avtoriteti nego misli so svoja glava, citaj biblija tamu ubavo jasno i ednoznacno pisuva
Zenata da mu bide pokorna na mazot kako na Gospod!!!!!
Na zena ne i dozvoluvam da poucuva!!!!!
no ke se spasi preku raganje deca!!!!!!!!!!
znaci ako ideme po Biblija site zeni sto se ucitelki, nastavnicki, profesorki, direktorki, ministerki i sto sve ne da se izbrkaat od rabota i doma sikter da ragaat i cuvaat deca.
види христијанството одамна не е моја вера и не м интересира мене ме итересира како да ги урнам бариерите што го делат моето општество
а marcus има познавање во тоа плус етика и совест која ти ја немаш и marcus иако пасивно но го иам забележано дека и он сака да се урнат ѕидовите на омраза и недоразбирање кои ги делат луѓето тоа е нешто што ти за жал никогаш нема да го сватиш бидејќи си пун со омраза и фрустрации
 
види христијанството одамна не е моја вера и не м интересира мене ме итересира како да ги урнам бариерите што го делат моето општество
а marcus има познавање во тоа плус етика и совест која ти ја немаш и marcus иако пасивно но го иам забележано дека и он сака да се урнат ѕидовите на омраза и недоразбирање кои ги делат луѓето тоа е нешто што ти за жал никогаш нема да го сватиш бидејќи си пун со омраза и фрустрации
he he...ako ti kazam koj sum ke reces i ovoj...aj batali
 
a ti ne se povikuvaj na avtoriteti nego misli so svoja glava, citaj biblija tamu ubavo jasno i ednoznacno pisuva
Zenata da mu bide pokorna na mazot kako na Gospod!!!!!
Na zena ne i dozvoluvam da poucuva!!!!!
no ke se spasi preku raganje deca!!!!!!!!!!
znaci ako ideme po Biblija site zeni sto se ucitelki, nastavnicki, profesorki, direktorki, ministerki i sto sve ne da se izbrkaat od rabota i doma sikter da ragaat i cuvaat deca.
Ај прочитај поубаво погоре
Никој не и забранува на жената да работи, бар во христијанството е така.
Ако според тебе треба да ги избркаат жените, треба да ги избркаат и сите гинеколози и оние што чуваат деца и сите готвачи, ај молимте не збори работи од памет ако имаш да кажеш нешто паметно и точно кажи а не колку да се стаиш во муабет!
Во христијанството рамноправни се мажот и жената со тоа што ако е мажот грешен жената го избавува и обратно и многу други примери има, прочитај ако те интересира ако не немораш!
 
Омер те почитувам ама те молам кога станува за друга религија поставувај прашања а не вади реченици надвор од контекст глеј сеа што напраи пола од православните мислат дека муслиманите сакаат да ни ја омаловажат религијата и дека ги сматаат за нешо подоле од нив
следниод пат те молам советувај се со marcus он е отворен кон вакви прашања и има добро познавање на библијата и ќе ти помогне да ја составиш темата подобро и без да звучи навредливо поздрав

Ок, во иднина ќе ја имам во предвид твојата сугестија.:smir:
 
spored biblijata i eve ednostaven primer ako si bil na nekoe vencavanje sto veli popot:
" zenata neka go pocituva mazot a mazot neka ja saka zenata a toj sto ne ja saka svojata zena ne se saka samiot sebe" mislam deka taka nekako bese vo toj kontekst .
sto znaci vo biblijata pa i vo hristijanstvoto zenata e na isto ramniste so mazot.a i ustvari jas i ne znam nekoja razlika megu mazot i zenata do sega ne se znae kolku pati i se dokaza so toa sto izleguva deka zenata e sekogas vo pravo
 
иаку тука имам Copy- paste во целост е изкажано она што јас го мислам би било корисно сите да го прочитате...

ЗА ЛИЧНОСТА НА ЖЕНАТА ОД ПРАВОСЛАВЕН СВЕТОГЛЕД
Да се биде жена не е мала задача уште од времето кога Бог ѝ рекол на Ева „со болки ќе раѓаш деца“ (Бит.3,16). Сè до минатиот век оваа улога на жената била доста јасна. Секое девојче растејќи точно знаело што од неа се бара во животот и морала да прифати сè што од неа се очекува иако тоа можеби и не ѝ се допаѓало.
Во дваесеттиот век сè се изменило. Да се биде жена не било ни малку лесно, наспроти современите кујнски апарати и прилично сомнителниот престиж кој се нарекува „да се поседува сето тоа“. Светот ни дава многу можности кои се движат од една крајно конзервативна слика на преплашена жена која наликува на глушец кој живее во покорност на својот надмоќен сопруг, до жена која сака да ги достигне височините во својата професија или бизнис и не сака да биде спречувана во тоа со нешто како што се деца на пример. Како врв на сето ова ги слушаме и радикалните феминистички повици секоја жена да стане манифестација на „божица“ на земјата.
Уште од дамнешните времиња постоело убедување дека жената по својата природа е немоќна и помалку вредна од мажот и поради тоа таа мора да му биде покорна на мажот. Таа потчинетост на жената која всушност е поврзана со нејзиното угнетување и страдање, посебно во последно време, допринела до појавување на многу заштитници на нејзината самостојност и независност. Денес почна да се докажува, понекогаш и на штета на автентичната женска природа дека жената во се е еднаква со мажот и како резултат на тоа, нејзината досегашна потчинетост мора да биде уништена како нешто што е остаток од варварските времиња.
Православниот поглед на овој проблем се наоѓа некаде помеѓу овие два става. Тој од една страна ја признава потполната рамноправност помеѓу мажот и жената, но од друга страна не ја одрекува посебноста на нивната природа преку која се одредува различноста на нивните взаемни односи, нивната општествена положба и мисијата која ја имаат во животот.
Учењето за физичките и психичките разлики кое всушност е дел и од православниот поглед за однесувањето на сопругот и социјалната положба на жената, никако не служи како извор на деспотизам и предност на мажот, ниту пак е причина за потчинетост и обесправување на жената. Впрочем, во поглед на својата различност мажот и жената се битија кои не можат да се споредуваат. Она што му недостасува на едниот од нив воопшто не е повод да се намали неговото значење. Како што авторитетот на еден лекар не може да се наруши со фактот дека тој нема развиен слух и глас, така на пример пејачот не може ни да се замисли без сето тоа. Поетот никој нема да го воздигнува над математичарот затоа што тој има богата фантазија која математичарот ја нема. Сето ова може да се каже и за мажот и жената. Се работи за битија кои се сосема различни и поларно спротивни и кога понекогаш едниот го надминува другиот и кога едниот е понемоќен од другиот, сепак тие и покрај овие разлики, постојано остануваат рамноправни во човечките особини, квалитети и права. Токму на ова почива целокупниот интерес и разумност на брачниот сојуз кој не претставува само животински полов нагон туку и духовно соединување.
Еве како изгледа христијанскиот однос на мажот кон жената. Бидејќи ја засакал искрено од сè срце, мажот прави сè за да ја издигне; во неговите односи кон неа не може да стане ни збор за насилство и понижување. Жената е покревка од мажот и таа слабост за еден маж христијанин служи како еден поттик да ѝ помогне, поддржи и заштити и тој никако не може да замисли оваа нејзина слабост да ја употреби како повод за било какво угнетување. Тој се труди да ги задоволи сите нејзини физички и духовни потреби. Сите дури и најмалите недостатоци на жената, кај него предизвикуваат загриженост и самопожртвуваност. Св. Јован Златоуст вели: „Каква и да е твојата невеста, таа ќе биде исто што е Црквата за Христос; колку и да се разликува од тебе, нема да биде онолку различна колку што Црквата се разликувала од Христа. И покрај се, Христос од неа не се гнасел, ниту ја замразил поради нејзината непристојност“. Значи, љубовта на мажот кон жената не може да се спореди со љубовта на Христа кон Црквата; за мажот е многу полесно да ја сака жената. Секако и врз основа на други размислувања, може да се покаже дека љубовта на мажот кон жената е сосема лесна и природна. Во однос на мажот, жената не е нешто надворешно, нешто што е случајно поврзано со него, што би требало да се соедини на некаков надворешен, вештачки начин. Не, таа е природно внатрешно поврзана со мажот, таа е негово сопствено тело. Оттука, да не се сака сопствената жена значи да не се сака самиот себе си, а тоа е потполно неприродно. Нашата природа налага секој да се грижи за себе, да го храни сопственото тело, како што Христос постапувал кон Црквата која ја сочинуваме ние, органите на неговото тело. Што друго можат да знаат мажот и жената еден за друг секој во својот свет кој е заеднички, но сепак бескрајно оддалечен со секојдневните обврски? Толку неверојатна изгледа денес заедницата на Адам и Ева во рајот, заедница која е всушност праслика на нашиот копнеж. Изгледа дека секој наш обид да љубиме е обид повторно да се врати нашата невиност и хармонија во потполното и мирно соединување со другото битие. Токму поради тоа сметам дека православното семејството би требало да биде рамка според која и жената во современото општество во кое се соочува со разни искушенија би требало да се раководи (прашањето за мајчинството, љубовта, служењето на ближните) за да ги одбегне замките на оддалечување од нејзината вистинска природа која е безвременска.
Едно од тие искушенија е тоа што во денешното општество губењето на телесната сила и убавината на жената се смета за грев. Збунета од расчекорот помеѓу нејзината душа која е млада и полна со убавина и телото кое старее, жената се обидува на секој начин да ја задржи младоста. Целокупната индустрија денес се залага жената да ја конзервираат во своите сјајни триесетти години. Според православниот светоглед, здравјето, убавината, силата можат да се сочуваат со добар живот кој подразбира физичка активност, умерена исхрана, пост и молитва. Тој начин на живот доведува до правилна работа на внатрешните органи, јакнење на мускулите, чување на зглобовите и одржување на мозочната активност. Наместо тоа жената денес прави „непотребни“ физички вежби, се изложува на витамински и хормонски терапии кои помагаат да се зацврсти мускулната маса како само таа да го придвижува човечкото тело. Силната индустрија на женски списанија и телевизиски филмови се обидуваат да ја убедат жената да ја сака само телесната љубов и дека единствено само парите можат да направат да се остварат сите соништа. Но таа индустрија молчи за тоа дека за жената со тек на годините не ѝ се потребни таков вид на задоволства. Жената во зрелите години е способна за поинакви нешта и таа не може да најде мир и радост во нешто кое не ѝ доликува. Како одминуваат годините, секоја жена би сакала да биде пример за своето поколение, да ги собере своите мисли и чувства за така во тишина да ја почувствува Божјата големина и добрина и своето срце да го препушти на Неговата милост.
На крајот од овој текст накратко би сакал да се навратам на еден мал момент од нашето општество, но сепак значаен за да се фрли малку православна светлина и врз него. Се работи за низата наметнати празници кои немаат баш никаква врска со нашата христијанска традиција, на пример празникот „8 Март“. Во социјалистичкиот вакум- период каде што се инсистираше да се избрише насушната потреба на човекот за Бога, а бидејќи човекот е битие кое има потреба Некого да слави, се воведоа голем број на празници за да се задоволи и таа потреба на човекот. Корените на овој празник се и повеќе од интересни и во потполност не упатуваат на смислата и содржината на истото. Празникот е востановен на конференцијата на Социјалистичката интернационала во Копенхаген 1910 г. Иницијатор и инспиратор е Клара Цеткин близок соработник на Маркс и Енгелс која меѓу другото се залагала за правото на развод на брак, „слободна љубов“ и прекин на бременоста. Значи од една страна оддаваме почит на Клара Цеткин и слични на неа, а од друга страна ја имаме Неделата на Мироносиците, потоа Светите маченички Вивија, Перпетуа и Фелицитата, Светата првомаченичка Текла, Преподобната маченичка Евдокија и уште многу други благочестиви и богоугодни жени кои посведочиле каква е улогата и задачата на православната жена. Можеби подарувањето цвеќе на жените е убава традиција за овие празници, меѓутоа празнувањата на кој било ден посветен на жената треба да биде во христијански дух, достоинствено на нејзиниот лик. Само така правилно ќе се сфати нејзината улога, како правилно да ги користи нејзините дарови и така нејзиниот живот нема да скршне од Патот по кој секој човек треба да чекори.
(за изработка на овој текст е користена книгата „Жена у Цркви“- Светигора)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom