- Член од
- 10 октомври 2008
- Мислења
- 1.107
- Поени од реакции
- 51
Лозена Андевска, жената која ги изгоре деловите од телото на нејзиниот 32 годишен син Влатко, од вчера е во нејзината куќа во Оризари. Селаните од Оризари велат дека ја виделе својата сосетка, вчера цел ден ја средувала градината.
Но, сепак не сакаат да зборуваат ниту да се сретнат со неа. „Се плашиме во сонот се плашат и децата кога ќе поминат покрај куќата“, велат селаните.
Но, Лозена денеска излегла од дома, започнала да разговара со соселаните. Била и на кафе и кај соседите, но не беше расположена за разговор со новинарите. Сепак, психолозите велат дека по таков монструозен чин средината тешко ќе ја прифати.
„Ако стравот кај селаните е голем тогаш не само што ќе може да ја исклучат од средината туку и да ја примораат да се исели од селото“, рече Мери Лазарова, психолог.
Лекарите и денеска без коментар. Потврдија само дека Андевска ги почитувала сите препораки дадени од нив и дека таа технички е ментално здрава. И истражниот судија, Јакимче Илиевски од Кочани вели дека немало пречка Лозена да си замине дома, таа како пациент била примена во болницата, на сопствена иницијатива, и така била пуштена.
Сепак истражниот судија ги чека вештачењата од лекарите кои биле задолжени за опсервација на нејзината ментална состојба.
И тој ги чека резултатите од вештачењето на јажето кои се уште не се готови. Со нив со сигурност ќе се утврди вистинската причина за смртта на Влатко Андевски и дури тогаш ќе биде поднесена и соодветна пријава против Лозена Андевска.
WTF Ментално Здрава ?

.