Ако до толку сте неспособни, па морате Албанки од Пустец да земате, синким толку нема ниедна наша фина девојка, поарно скокнете во Вардар и удавете се.
А за оние би што си купиле жена ко стока на пазар, малку подетално нека се информираат за етно-генезата на Албанците. Една крава пред да купиш, се гледа од каде е, камоли жена. Албанскиот народ не се разликува од нас само според религијата, туку и според етно генезата. А гените се заебана работа, кога тогаш излегуваат на површина.
Купувањето на луѓе е веќе минато време т.е. робството е завршена работа уште од пред век-векови !
Овдека во случајот со Албанките од Албанија не станува збор за класично купување(ко пиперки на пазар што се купуваат) туку се плаќа посредникот кој ја наоѓа таа девојка, инаку покрај од Албанија сум слушнал дека на овој начин(преку посредник) се наоѓале и девојки од други држави, пред се од истокот(Русија, Украина...) и незнам зашто упорно викате купување, купување ............. се плаќа посредништвото т.е. лицето посредник кој често пати патува во тие региони и стапува во контакт со тамошното население... значи не станува збор за класично купување/продавање, бидејќи најчесто девојките кои се мажат на овој начин исто така не се баш млади и најчесто доброволно го прифаќаат предлогот/понудата од посредникот, е сега средината од која што доаѓаат овие девојки нормално дека не е Њујорк, но не секоја девојка има таква среќа да се роди во богата средина, во град... инаку семејството на девојката не добива скоро никаква парична надокнада ............. малку читнете нешто, малку видете нешто, малку слушнете од народ нешто, па откако ќе ви се разјаснат работите после пишувајте !
Инаку ако некој е ерген незначи дека е глуп и неспособен за ништо човек, ергени има како по селата исто така има доста и по градовите, ергени има и ситуирани луѓе и школувани, лично познавам повеќемина ергени во Скопјево кои се ситуирани луѓе со добри професии, но ете поради ххх фактори останале ергени, а исто така како што има ергени има и голем број на девојки од 35+ год. кои се немажени да бидеме реални ............ и тоа дали некој решил да најде девојка/жена од Албанија, Бугарија, Украина, Русија... тоа си е негово лично право, исто како што некои девојки Македонки влегуваат во брак со странци, лично право !
А што се однесува до тоа што викаш мешање на гените, ваквото мислење ти е премногу расистичко ....... мешањето на припадниците од еден народ со припадници од друг народ го имало, го има и ќе го има, зарем е забрането да има мешање помеѓу припадници(маж и жена) од различни нации...(првпат слушам дека било забрането да има мешање на гените помеѓу еден и друг народ) б.т.в. по цел свет(а најмногу на запад) имаш мешање на лица од разни нации и разни раси/подраси !
Ај да ја баталиме Албанија, крај краева и голем број на девојки Македонки(од внатрешноста) се имаат омажено и се мажат во Скопјево со Скопјани, дали и на нив им се потсмевате(вака чисто информативно ве прашувам) и дали и тие според вас се ’’купени‘‘ ......... навистина неможам да сфатам што има толку смешно во тоа некое машко од град да земе девојка/жена од село, од друг град или пак од друга држава, друга нација... не секоја девојка се раѓа со сребрена лажичка во устата, во град и во ситуирана фамилија, така да нејзино лично право на избор е што ќе одбере понатака во животот !