Жална вест: Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот кај Нова Градишка - Хрватска околу 6.20 часот утрово, животот го загуби Тоше Проески. До несреќата дошло кога возилото VW Touareg во кое бил Тоше удрило во камионска приколка со италијански регистарски таблички, а потоа излетало од патот.

До несреќата дошло најверојатно поради не одржување на доволно растојание со возилото пред нив. Во возилото освен Тоше кој спиел на совозачкото седиште била и неговата менаџерка Љиљана Петровиќ и уште едно лице кое управувало со возилото.

Хрватската полиција потврди дека Тоше Проески веднаш починал, а другите две лица се хоспитализирани и со тешки повреди.http://dnevnik.hr/naslovnica/vijesti/crnakronika/20071016_28177.php


Sochustvo na familiite na nastradanite i Bog da gi prosti!
 
Читам веќе саат време и не ми се верува но еве штом и на радио и на Макфакс штом има .... :( каде си тоше :( :( :(
 
страшно, не дека е Тоше, туку дека е млад човек :(

сочуство на семејството...
 
Бог да го прости!
Деновиве многу млади луѓе загинаа. Вчера е погребан мој пријател, школски и војнички другар, загинат во неделата на патот Штип - Радовиш, та и уште двајца со него, слушам сега и Тоше, греота, млад човек...
Пу, ебати животот ебати!
Денес си човек, утре вест и статистика.
 
Бог да го прости!
Деновиве многу млади луѓе загинаа. Вчера е погребан мој пријател, школски и војнички другар, загинат во неделата на патот Штип - Радовиш, та и уште двајца со него, слушам сега и Тоше, греота, млад човек...
Пу, ебати животот ебати!
Денес си човек, утре вест и статистика.

Бог да го прости. :(

Се почесто млади слушам како умираат.. за жал!
Живот!
 
Каква трагедија...недела дена после неговиот фантастичен концерт...

:(...сеуште неможам да верувам...Тоше...голем човек хуманитарен човек:(:(...греота трагедија голема...:(:(
 
МАКЕДОНИЈО изгуби уште еден (ОГРОМЕН) човек :( Едноставно не ми се верува дека изгубивне уште еден Александар (ТОШЕ) Македонски. Почивај во мир пријателе, никогаш нема да те заборавиме а ти македонијо ПЛАЧИ :(
 
зашто секогаш мора вакви големи луѓе да умираат.....немам зборови..едноставно не знам што да кажам..

почивај во мир ГОЛЕМ човеку...
 
Не ми се верува ц.ц.ц. зошто мора во оваа проклета држава секој успешен и голем човек да загинува МЛАД.

Бог да го прости тој секогаш одеше со него напред.

СЛАВА МУ !!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom