V
Vollstandig
Гостин
Во основно, имаше едно дете што дојде да учи со нас, од нас сите беше 2 години постар и физички 10 пати покрупен од сите нас, ама психички можеби 5 години помал. И незнам каква забава најдуваа да го зезаат типов, али постојано, некој што имаше слабо мало посрано его, ќе појдеше ќе му влепеше шамар, овој ќе почнеше да се дере да се нервира, овие пак го удираа па ќе му ја исфрлат чантата со ѓубре ќе му ја наполнеа, па ова па она постојано го зезаа. И еднаш иди типов, седнува до мене цел изнервиран и бесен што го заебавале, и му викам зошто си шупелка, коа те зафркаваат те удираат, земи едно столче, од глава тресни му го и крај на муабетот, цел живот вака ќе трпиш да си игра мајтап секој со тебе, убо ти е да те тепаат? А типов, веќе збеснат цел ден шо кркал ќотек, ама таков беше и наивен малце и ми вика ќе го избркале од школо ако праел проблеми, му викам немај си галје нив треба да ги бркаат шо те малтретираат, и во моментот еден позади му стегна еден ластик, батево ни едно ни две, грабна едно столче, масакар направи во класо, се шо беше до чоек шо го имаше удрено му го акна од глава столчето , ми се чини пола клас модринки носеше,можи психички беше подруг, ама физички беше каде каде поразвијан од нас, т.е дембел и то голем
Сликата беше нешто слична на ова:
И не можам да се изначудам,зошто, зошто да се дига посраното его на некој што свесно знаете дека има психички проблеми, тоа е исто , како да земиш на еден папагал што збори, да му се смееш оти зборел вака така онака....
Несфатливи се луѓето некогаш

Сликата беше нешто слична на ова:
И не можам да се изначудам,зошто, зошто да се дига посраното его на некој што свесно знаете дека има психички проблеми, тоа е исто , како да земиш на еден папагал што збори, да му се смееш оти зборел вака така онака....
Несфатливи се луѓето некогаш
