Згасната ли е надежта во човештвото?

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.937
Поени од реакции
32.042
Локација
Cuckedonia
Грозна е сликата кога гледаш млади како си поигруваат со не толку среќните.
Одвратно е кога гледам како идната генерација си мава сеир со некоја жена што нема дом, или со некој човек со ментална болест. Слушам оправдание после, тој нас не нападна. Па, ако нема дом не значи дека сака да биде исмејуван.
Дали би помогнале на тотален странец, гледајќи го секој ден како барата по контењерите, или би го оставиле така.
Дали би одвоиле некој денар или дали би му ја дале својата кошула?
Дали би помогнале на вашиот не толку среќен сограѓанин, или само би погледнале настрана?
 
Да му се помогне да си извади документи за идентификација и да си ги земе парите кои банката му ги должи.

Све друго се тралалајки.
 
Си заборавил да го спомнеш примерите кога умира нечиј татко, мајка, дедо... а синот, керката, внукот... слават!?WTF!?:eek: Па наследството оди кај нив.

И сега ке дискутираме за надежта во човештвото, јас се помирив со фактот дека тонам со остатокот од светот.
Повеќе нема вистинска љубов, почит кон родителите или кој и да е кој остава белег во вашиот живот.
Која е причината за ова и јас се прашувам!?
 
зошто сите зборат дека човештвото е катастрофа, пропаднато и нема надеж?
ОД КАДЕ ТОА ?

Кај мене секој ден се повеќе и повеќе му се восхитувам на човештвото. последно време запознав толку добри и дружељубливи луѓе што срамота е да кажам дека човештвото не чини.
уживам во моето друштво и луѓето околу мене и незнам како јас не наидувам на толку лошо "човештво" како тебе и повеќето. Штета што вие не го гледате тоа
Штета што се фокусирани само на лошите работи
Колку пати сте станале од спиење рано сабајле и сте се насмевнале кога ќе се погледнете во огледало ?
чувството е убаво..
 
зошто сите зборат дека човештвото е катастрофа, пропаднато и нема надеж?
ОД КАДЕ ТОА ?

Кај мене секој ден се повеќе и повеќе му се восхитувам на човештвото. последно време запознав толку добри и дружељубливи луѓе што срамота е да кажам дека човештвото не чини.
уживам во моето друштво и луѓето околу мене и незнам како јас не наидувам на толку лошо "човештво" како тебе и повеќето. Штета што вие не го гледате тоа
Браво за тебе, искрено многу ми е мило. Но не е се така розево, барем кај мене не е...
 
За жал и јас се наоѓам во средина со вакви луѓе кои им маваат сеир на бездомниците, питачите, дури и на тие со психички проблеми. Незнам колку треба да си малоумен и колку ниско треба да паднеш , за да зафркаваш некој ретардиран човек o_O
А за почитта кон родителите да не збориме пошто истата им е сведена на 0
Е то е, истите мислат дека созреале со самото тоа што облекле штикли и си фатиле дечко, па сеа нема потреба ко луѓе да се понашаат
 
мразам песимисти и негативни луѓе.
светот го гледаме онака како што сакаме да го гледаме.
за некои не чини, за други е убав.
лично, јас верувам дека може да се оди кон подобро и поубаво само ако се сака.
се е до мислите.
ако имаме лоши мисли - лошо и ќе правиме и лошо и ќе се случува во нашите животи
ако имаме позитивни мисли - ќе правиме убави работи и животот ќе ни биде убав
 
Добредојдовте во либерализмот и модерниот свет.
 
За жал и јас се наоѓам во средина со вакви луѓе кои им маваат сеир на бездомниците, питачите, дури и на тие со психички проблеми. Незнам колку треба да си малоумен и колку ниско треба да паднеш , за да зафркаваш некој ретардиран човек o_O
А за почитта кон родителите да не збориме пошто истата им е сведена на 0
Е то е, истите мислат дека созреале со самото тоа што облекле штикли и си фатиле дечко, па сеа нема потреба ко луѓе да се понашаат
Со кои „луѓе“ се дружите вие??? Туку ај тие што немаат мозок немаат, ама дали вие како случајни или неслучајни набљудувачи заземате некој став и им се спротиставувате во тоа (или ги поддржувате) или стоите настрана како „богородички“.
 
Знам дека ќе ме сватите како бездушник ама несакам да помагам.Верувам во природна селекција.Способните одат напред,тие што неможат да се снајдат дури и да им се помогне пак нема да успеат да се снајдат.
Признавам помош на човек што е во неволја како на пример еве ти рака за да испаднеш од дупка или еве ти донација за да си ја средиш куќата разрушена од земјотрес или нешто слично.
Но бездомник,зошто?
Зошто станал бездоминики?
Како станал бездоминики?
Зарем е во ред јас да работам по 12 часа дневно а тој да се излежува и пијанчи а јас да го финансирам сето тоа?

Ретардираноста и инвалидитетот е нешто што неможеме да го одбереме.За тие луѓе сум спремен да помогнам и сум донирал многу пати.
 
Така било така и ќе биде. Има и добри и лоши неможеме да генерализираме сеа дека целото човештво е отидено у неповрат. За секоја материја има антиматерија, така и за секое добро дело има лошо дело или пак за секој добар човек има некој лош. Поентата ми е дека неможат сите да бидат добри и светов никогаш нема да биде совршен.
 
Знам дека ќе ме сватите како бездушник ама несакам да помагам.Верувам во природна селекција.Способните одат напред,тие што неможат да се снајдат дури и да им се помогне пак нема да успеат да се снајдат.

Во ова веруваше и Хитлер а дури и сум сигурен дека си ја читал Mein Kampf книгата.
Инаку да ви кажам искрено порано ги сожалував ама сега веќе не.Прво зошто во нашата ни каубојска држава денеска повеќето гледаат да те зафркнат.Има луѓе кои заслужуваат помош, ама тие се ретки.
Инаку ова со просјациве и не знам си што, еве зошто не би им помогнал на нив:

Слушајте го внимателно клипот и напишете го тоа што сте го забележале.
Има бездомници кои навистина не можат да си помогнат колку и да сакаат, има пример луѓе кои што се инвалиди и навистина тие пример не можеш да ги ставаш во ист обрач со овие што ги кажав погоре тие заслужуваат помош и не се они виновни за нивната состојба, туку е виновен сосем трет фактор, ама реално повеќето овие наши просјаци, бездомници и whatever.....Не заслужуваат помош.
Од проста причина што кога еве на пример им се помагаше на бездомниците и просјаците во 2001 година, тие просјаци навистина после тоа придонесоа многу за нашето општество...........Голем дел од парите ги дадоа на УЧК за оружје и бомби кои осакатија доста наши војници кои денеска не можат поради тоа што загубиле некаков си дел од телото да ги вршат правилно своите физички активности.Ова е само еден пример што посочив а има и други милион измами како на пример: „Проси надвор, купи стан“ проект, „Баба ми ги изгубила сералките, проси надвор за да и купиш нови сералки“ , „Ми треба нова плазма, лижи му ја со јазик шофершајбната на некој човек за едно евро“ , „Преправи се во кловн речи дека си бездомник, подметни му на човек тапија да ти го препише станот и автоматски тој да се самоубие со фрлање во Вардар“.Тоа се најчестите проекти кои ги опфаќа книгата 100 чекори преродба „Macedonia, Cradle of culture land of pretty fucked up people“.
 
Грешката е во воспитувањето, некултурата, недоволната комуникација и затоа гледаме себични, исфрустрирани створења кои се нарекуваат луѓе :tapp:
Детето кога ќе се роди, не знае ништо. Оние кои го створиле треба од него да направат човек или идиот. Секое дете е производ на родителот.
Ако родителите не се трудат од децата да направат луѓе:
- да им трубат над глава дека кога ќе видат некој шо нема, да се потрудат да му помогнат (не секогаш помошта се поврзува со парите, на многумина им е потребен само добар збор, разбирање и влевање самодоверба ).
- да ги советуваат дека кога јадат сендвич/ѓеврек, а другарот до нив нема пари да купи-треба да го поделат со него - а не да бидат себични.
- да ги почитуваат подеднакво и тие што имаат и тие што немаат - затоа што животот е тркало и денес можеш да си горе, а утре долу...
Тогаш секојдневно ќе гледаме се повеќе себични родители и се повеќе исфрустрирана, себична и некултурна младина.
Кога родителите би одвојувале по 1 час во денот за да поразговараат со своето дете, да му посветат внимание во замена за купената "родителска" љубов (купи му на дете се и прати го у соба да се забавља/да се провози со кола - пошо родителот се вратил од работа и треба да се одмори, а детето нека се снаоѓа како знае :tapp:.
Луѓето денес забораваат на многу човечки вредности, газат преку живи луѓе само за да опстанат. Жалосно...
п.с.Лесно е да ја свртите главата и да го одминете/исмејавате вашиот сограѓанин, но нема ли да ве гризе совест знаејќи дека сте можеле да помогнете, а не сте сакале?
п.п.с. Многу вистина лежи во текстов
 
За жал и јас се наоѓам во средина со вакви луѓе кои им маваат сеир на бездомниците, питачите, дури и на тие со психички проблеми. Незнам колку треба да си малоумен и колку ниско треба да паднеш , за да зафркаваш некој ретардиран човек o_O
А за почитта кон родителите да не збориме пошто истата им е сведена на 0
Е то е, истите мислат дека созреале со самото тоа што облекле штикли и си фатиле дечко, па сеа нема потреба ко луѓе да се понашаат
Се гледа дека станува збор за незрели деца, тие ќе се променат со текот на годините и животот кога ќе почне да им задава удари, но жалосно е што така размислуваат и така се однесуваат без оглед на возраста
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom