ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Колку има енергија за празнење епицентаров....... Доста нишаше, не може
 
@pozdrav eden topol @Roy Fokker
Скопје, на приземје, ништо не осетив од земјотресиве во Лариса. Може зградава така е позиционирана во однос на бранот, а и не е висока.
 
Се е џабе ако не си го зел предвид хороскопскиот знак.
Подзнак Шкорпија, пресуден податок.

Шала на страна, сериозна серија ги фати. Таква енергија на 600км уплав да предизвикува кај луѓе...страшно.
Да не разработи други раседи упм.
 
ice_screenshot_20210304-205438.jpeg

...последователни земјотреси над 7 во близина на Нов Зеланд,

ice_screenshot_20210304-205552.jpeg ice_screenshot_20210304-205634.jpeg

ice_screenshot_20210304-205904.jpeg

П.С.
...да се посмева некој на тема која не е за смеење, а се работи за судбини и можни несреќи, толку му сече!
 
Имало аларм за цунами во Нов Зеланд, во 3:30 по нивно време, ама немало ништо сериозно.
 
...ги избројав точно 144 земјотреси после шокови од претходниот силен земјотрес и таман си реков се смири Лариса, ете удри повторно 5,7

ice_screenshot_20210304-220706.jpeg

па уште 9 помали после шокови и пак удри 5,1

ice_screenshot_20210304-220952.jpeg

и до сега уште 8 потреси од 4,0 до 4,1 по Рихтер, страшно, да не се размрдат сега сите подземни плочи, па со пандемијава уште ова ни треба,
уфффф, Господ да не чува!
 
Ретко сеќавам земјотреси, ама овој денес се осети и тоа јако, највероватно дека Битола е најблиску до Лариса од МК, дрмаше едно добри 10-15 секунди, гледам 5,9 бил, вториот се осети исто ама помалку и беше пократок, а тој вчера бев во движење и така не се осеќа....
 
... и додека се нижат потресите во Лариса, дополнително од последно мое броење уште 114 потреси со различен интензитет од 2 до 4 Рихтер, се случи тоа што не го сакаме, да се размрда и нашето тло,

...така да првиот потрес бил вчера во 22:45 ч со јачина 2.8 по Рихтер во близина на кичевското село Колари, епицентар токму 2 км под Зајачка Река, па таму некаде после полноќ да се случи уште еден потрес со интензитет 2.4 по Рихтер со епицентар во близина на кичевското село Бачишта во близина на Бачишка река 2 км под површината, искоментирано од населението на Мавровски Анови дека потресот бил силен, краток и со звук,
 
Последно уредено:

...Лариса сеуште се тресе, старите куќи во околните села се оштетени или целосно разрушени, од четворток од силниот удар со 6,3 по Рихтер, до сега се случиле околу 300 потреси со интензитет од 2-4 Рихтер,

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom