Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Претседател на Лекарска комор во МКД -2026!
(д-р Никола Јанкуловски)

Screenshot 11-12-2026 19.14.59.png


Како држава сме феномен за носење на исти луѓе како функционери на различно место и време (било кој да е на власт) или ќе бидат стари кадри демек многу способни или ќе бидат ептен млади кадри тукушто излезени од клупи демек и тие многу способни, а средината која е најсоодветна, никако да дојде до израз да се спои и нормална возраст и искуство за некое функционерско место.
Накратко кариерата во едукацијата!

1984 Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје со титулата доктор по медицина.
1988 Избран бил за помлад асистент по предметот хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје.
1990 Го положил специјалистичкиот испит и станува специјалист по општа хирургија.

1991 Избран бил во звањето асистент по хирургија.
2002 Докторирал на Медицинскиот факултет во Скопје и се стекнал со титулата доктор на медицински науки.
2004 Избран за доцент по предметот хирургија.
2009 Избран со звање вонреден професор.
2013 Избран за редовен професор по хирургија на Медицинскиот факултет при УКИМ

2025 – во тек: Специјалист по дигестивна хирургија во Клиничката болница „Жан Митрев“ во Скопје.


Накратко кариерата како функционер!

2007 – 2009 Директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија во Скопје.
2009 – 2016 Декан на Медицинскиот факултет во Скопје во два последователни мандати (прво како в.д. декан од април 2009, а потоа редовен декан од септември 2009 до 2016 година).
2016 – 2023 Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје во два последователни мандати (2016–2020 и 2020–2023 година).
2026 година: Избран е за претседател на Лекарската комора на Македонија со четиригодишен мандат

Добиени награди!

начинот како и кој конкурира во избор на тој што се наградува нема да коментирам има и заслужни, но има и побајаги незаслужни во однос на други кои биле елиминирани поради моментална несоодветност, а не поради заслуга на дадениот труд!
2013 Добитник на државната награда „Св. Климент Охридски“ од областа на здравството.
2015 Добитник на повелбата „Д-р Трифун Пановски“ од Македонското лекарско друштво и државната награда за животно дело „11 Октомври“.

2019 Одликуван со Орден на честа и уметноста од прв ред на Република Австрија.
2023 Одликуван со титулата Витез од Националниот ред за заслуги на Република Франција


Првиот избор на Јанкуловски за ректор се случило во период на силни студентски протести и дебати за автономијата на универзитетот.

... пред самата седница на Сенатот на УКИМ, активистите на „Студентскиот пленум“ го блокирале влезот на Ректоратот за да го спречат гласањето, поради приговор дека во изборот учествувале претставници на Студентскиот парламент со одамна истечен мандат, што според нив го направиле процесот нелегитимен.
... покрај бојкотот и напуштањето на седницата од страна на Пленумот, Сенатот го избрал Јанкуловски со 43 гласа, наспроти шесте гласа за неговиот противкандидат Ненад Новковски, Јанкуловски признал дека автономијата на универзитетот и слободната мисла претходно биле нарушувани и ветил нивно унапредување ((дали воопшто се остварило?)

Реизбор за ректор на УКИМ (јуни 2020 година)
Неговиот втор мандат на чело на УКИМ во екот на пандемијата со Ковид-19 и предизвикале остри реакции во самата академска заедница со што независниот Академски синдикат (НАкС) и тројца тогашни проректори јавно обвинувајќи дека постапката за избор на ректор во вонредна состојба била со нејасна законска основа.


904472584_2194463761955621_5385838357820171721_n.jpg Screenshot 11-12-2026 19.11.50.png

Избор за претседател на Лекарската комора (ноември 2026 година)

Најновиот избор на Јанкуловски за прв човек на Лекарската комора поминал во помирна институционална атмосфера, но со забележливи реакции на социјалните мрежи, конституирањето на новото Собрание на Комората претходно се одложувало неколку месеци, но на самата седница на 11 ноември 2026 година, д-р Јанкуловски бил единствен кандидат за функцијата и бил избран со 63 гласа од присутните делегати, од толку лекари во МКД немало ниеден пријавен во конкуренција за претседателското место? Па нормално ако претходно сите биле елиминирани по различни основи или не смееле воопшто да се пријават и затоа е општо познато, таму каде има само еден пријавен во било која област, тендери, конкурси, стипендии, кредити, функционери, пријавениот е ,,наместен“ и не треба да има воопшто гласање, се гласа за само еден пријавен; поретардирана работа нема!


1. Случајот со двојната плата и Антикорупциската комисија (2019 година) кога Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побарала кривична одговорност за Јанкуловски дека по изборот за ректор на УКИМ во 2016 година, тој не го ставил во мирување работниот однос на Клиниката за дигестивна хирургија и земал две плати, со што стекнал имотна корист од околу 2,45 милиони денари, дали воопшто ги вратил парите или дали воопшто се спровела кривична одговорност?

2. Тужбата за мобинг и судијката чиј сопруг бил негов пациент во 2019 година, поранешната внатрешна ревизорка на УКИМ, Лилјана Попчева, го тужела Јанкуловски за психичко вознемирување на работното место (мобинг) и за отказ, тужителката барала изземање на судијката Павлина Попоска, наведувајќи дека токму д-р Јанкуловски претходно го оперирал нејзиниот сопруг, Судот го одбил барањето за иземање, а пресудата била донесена во корист на Јанкуловски, со заклучок дека немало мобинг дали тоа судството било и е корумпирано, ма неееее, така ни се чини!

3. Во текот на неговиот ректорски мандат, на социјалните мрежи и на поединечни портали со сензационалистички карактер се ширеле и непроверени тврдења и гласини за неговиот приватен живот и наводни афери со студентки, никогаш потврдени, ниту пак биле предмет на официјална постапка пред институциите.

Screenshot 11-12-2026 18.59.11.png

„Во јавноста постоеле институционални преписки и критики за начинот на кој раководел со институциите, официјалните постапки против него завршувале во негова корист, додека прашањата за неговиот приватен морал останале само на ниво на чаршиски муабети и лични искуства на поединци е таков.“
 
Последно уредено:
не може да повторуваш секој ден исти постапки а да очекуваш различен резултат.
 
... вените кај новороденчињата се многу тенки и кршливи, па инфузијата најчесто се поставува на горната страна од дланката, бидејќи бебињата прават неконтролирани движења, медицинскиот персонал го поставува рачето врз мала мека подлога (лонгета) и го обмотува со слоеви од завој и леплива лента околу дланката и прстите за да спречи мрдање.

... кога рачето на дводневно бебе е така обмотано, малите прстиња се целосно покриени под завојот и не се гледа точно каде завршува лентата, а каде почнува кожата, затоа фластерот бавно се одлепува со рака (често со помош на медицински алкохол, раствор или специјални средства за омекнување на лепилото) за да не се повреди нежната бебешка кожа.


image_90642683.jpeg

...арно ама ако на некој му се брза, посебно ако акушерката нема медицинско знаење и користела ножици за побрзо да се пресече дебелиот слој од завој и фластер,поради неискуство тешко да се процени длабочината, бидејќи палецот на новороденче е исклучително мал и свиткан во дланката, острицата на ножиците лесно може да го поткачи заедно со лепливата лента, како што и се случило.

...акушерката имала над 20 години работен стаж, но ова е веќе апла незнаење на користење на ножици на мала бебешка рака што според протоколи во неонатологија и педијатрија е строго забрането кај бебиња користење ножици, што и' биднало вака да користи ножици?

...на новороденчето му бил пресечен дел од палецот, но поради обилното крвавење кое не престанувало, детскиот хирург д-р Лазар Тодоровиќ веднаш го презел лекувањето и извршил хируршка интервенција под анестезија, добро што добро се завршило за новороденото!


...очигледно не им дојде памет на акушерките (сличен случај во 2023 г), а и тие кои ја гледаат и преќутуваат дека не се користат ножици при манипулирање со новородено.
 
Последно уредено:

ќе биде, важно почнале да смислуваат акциски план
Ццц, лудило се. Тие катната не ја направија, ќе мислеле допрва за акциски план. Ај до 2050та ќе биде, ќе почнат нешто ваљда, менување душеци можда
:sick:
 
pozhar.jpg


... пожарот бил на балкон (тераса) од болничка соба каде лежеле пациенти, а на тој балкон се чувале инвалиските колички за пациенти од одделот за ортопедија, некој (дали пациент, посетител, медицински кадар) пушел на балкон и цигарата ја фрлил највероватно доле на самиот балкон без да згазне со нога да ја угасни (постарите обавезно имаат навика да згазнат на отпушок) и од ветерот се закачил на платното на инвалидските колички и ете за беља треба малку, се запалиле количките на балконот со што чадот влегувал и во болниката соба која била евакуирана!


позхар2.jpg
 

... постапката за издавање безбедносен сертификат во Македонија обично трае од неколку недели до шест месеци (а во посложени случаи и подолго), во зависност од степенот на класификација и обемот на безбедносните проверки, издавањето го спроведува Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ), но самата проверка ја врши Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

... меѓународна стручна комисија ги потврдила сомнежите на кардиологот д-р Сашко Кедев, утврдувајќи дека кај 9 од 13 анализирани пациенти биле извршени непотребни кардиолошки или кардиохируршки интервенции, но во јануари 2026 година, д-р Кедев се повлекол од Здравствениот совет при Министерството за здравство, изразувајќи незадоволство поради повеќемесечниот застој во контролните процеси и доцнењето на меѓународната ревизија.

... официјалните информации, пропустите не се однесувале само на приватните клиники, туку биле евидентирани и во јавните здравствени установи. извештаите биле најавени за доставување до Владата, Лекарската комора и Јавното обвинителство.

... септември 2026 година, министерот за здравство Сашо Клековски изјавил дека иако има владин заклучок, тој сè уште не можел да постапи по документацијата за овој случај бидејќи чекал да му биде издаден безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации, 29 септември 2026 година, Клековски соопштил дека аплицирал за сертификат за државна безбедност и дека веќе го поминал безбедносното интервју, но сè уште чекал документ за да може да постапи по заклучокот на Владата.

... според Законот за класифицирани информации, само највисоките државни функционери (Претседателот на државата, Претседателот на Собранието и Премиерот) добиваат сертификат веднаш по изборот без претходна проверка, додека сите министри, директори и службеници мора да ја поминат редовната процедура, како и д-р С.Клековски што уште не го добил, а веќе поминал и месец ноември?

... кога еден предмет ќе се одолжи, во пракса се случува префрлање на вината де Министерството вели дека чека сертификат, ДБКИ вели дека чека проверка од АНБ, а АНБ не дава информации за текот на проверката бидејќи самата постапка е тајна, дали предметот намерно се држи во фиока??

... и да речеме дека министерот сеуште не го добил сертификатот, Владата може да го декласифицира заклучокот на двете Комисии за кардиолошката афера (да му ја тргне ознаката за тајност) или да задолжи друг функционер или државен секретар кој веќе имал сертификат да го проследи извештајот од Комисијата до Обвинителството и да се конечно заврши одговорноста и одреди кривица, вака стентирањето и срцеви хирушки интервенции неосновани ќе продолжат, а тука пациентите се најзасеганти врз кои се прават интервенции за пусти профит од таква непотребна кардиолошка интервенција!
 
Back
На врв Bottom