Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
да е ова само во мвр исто како да не е да не речам цел државен сектор е вака,
дури и во приватноит сектор има злоупотреби но таму се сведени во прифатливи граници за газдите,
со тоа што ако некој вработен извади боледување скоро фирмата и да не е оштетена затоа што неговата работа ќе му ја префрлат на колегата кој си иде редовно а за тоа нема екстра да го платат а оној што е "на боледување" ќе земе 70% од основицата
 
Клековски: има злоупотреба кај секое 5то боледување во МВР

Дебатата беше начната пред неколку месеци, сериозен проблем, преку кои се оштетува и самиот Фонд, и мора да се најде механизам за контрола и систем на следење на боледувањата.
...како да не, све е тоа наменски и селективно, дури и одмазднички, ни прв ни последен, ги има такви во сите јавни институции одсекогаш.

...ако идат кривично ќе го крка тој што препишувал боловањата како матичен лекар, специјалистот со препорака до матичниот, комисијата која е должна од фонд да следи честите боловања, одговорниот во институцијата кој му ги потпишувал/одобрувал и не го пројавил на претпоставениот за сомневање за злоупотреба за често боловање во краток временски период, ако боловањето е последователно без прекин, но ако е со прекин боловањето идел на работа, па пак боловање, ништо не можат,

... 6 месеци може така да тера, дури после три месеци од Синдикат ќе го добие другиот дел од парите што му се скратува за користење боловање и му доаѓа како цела плата да зема, а тој на боловање :pos:

...пример, пријавено злоупотреба на боловање, со докази на манипулативно од вработен со матичен и со специјалистот по линија на непотизам, па и партиски по линија на комисија во ФЗОМ, направена проверка без известување, без ништо на тој што пријавил, а кога тој се распрашал за пријавата до каде била, му рекле ,,во ред било проверено било" :facepalm:
 
... и додека се чекаат инсулинските апарати со тест ленти и некои лекови за дијабет, на ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија немало подолго време туморски маркери, па и одредена терапија, додека Министерот за здравство силен само на зборови и со познатиот наратив кој почнува со „ќе“, „ЌЕ“, „ЌЕ“, „ЌЕ“, „ЌЕ“.

Screenshot 03-25-2026 21.34.33.png

655345859_1395663092590569_5265568744905819279_n.jpg
Screenshot 03-25-2026 21.35.34.png
... неспособни до даска, ама важно дотерани со костим, автомобил, намирисан и потшишан, кај ги наоѓаат све вакви министри за здравство да постават изгледаат пицнати на ниво, а со дела никави и никаде!
 
 
... и додека се чекаат инсулинските апарати со тест ленти и некои лекови за дијабет, на ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија немало подолго време туморски маркери, па и одредена терапија, додека Министерот за здравство силен само на зборови и со познатиот наратив кој почнува со „ќе“, „ЌЕ“, „ЌЕ“, „ЌЕ“, „ЌЕ“.

Прегледај го приврзокот 473132

Прегледај го приврзокот 473134
Прегледај го приврзокот 473133
... неспособни до даска, ама важно дотерани со костим, автомобил, намирисан и потшишан, кај ги наоѓаат све вакви министри за здравство да постават изгледаат пицнати на ниво, а со дела никави и никаде!
Сега Мицко ЌЕ го шутне.
 
Pa ova ne e ,,od vcera,,. Ova e ,,dolgogodisno sekojdnevie,, so X propusteni pacienti. Ako nemas dobro poznat ,,tesko tebe,, a mozebi i ke imas srekja. Gospod da te cuva, ako ,,si bez poznat,, t.e. vrski.

Ostavi go cel text ,,neka sedi,, , a i SDSM i DPMNE i site nivni DUI, VLEN and company neka ,,mlatat pari,, neka go dokradadat i toa sto ostana od ovaa drzava i ,,neka si svirkaat,, za narodot.
A narodot utre pak da izleze na glasanje, ,,da zaokruzi bilo koj KRIMINALEC,,. Marsh site niz Vardar, od prv do posleden politicar!
Screenshot_20260326-094510_Facebook.jpg
Screenshot_20260326-094526_Facebook.jpg
 
Последно уредено:
...мислам дека постои и мал продолжеток недоискажан, кој секој пациент треба да го спомне, дека во приватната болница Систина додека не се уплати дадениот износ кој се смета од 1000 Е па и 10 000 евра нема да те погледнат и ќе се седи во ходникот на прием се додека не се уплати износот, така да тука ,,работи парата", а не совеста што треба секое медицинско лице да ја има во давање здравствена услуга.
 
Дали и кога би важело здравственото осигурување од ФЗО на Македонија и во државно и во приватно здравство ?
 
Дали и кога би важело здравственото осигурување од ФЗО на Македонија и во државно и во приватно здравство ?
Ако го направат така, поарно нека го укинат државното.
 
Не е баш кај нас, во БиХ, ама интересно...

Добро не го намерачиле да биде Донатор на органи....
 
Screenshot_20260328_114538.jpg

Конечно некој прави напор да се реши проблемот со тоа што доктори на клинички бегаат од 12 часот од работа( а во денови кога немаат амбуланта воопшто не се појавуваат) и трулежот веднаш испливува на површина:
Screenshot_20260328_114530.jpg

Инаку кој е овој или оваа,баш ми е да знам:
што печалел 12 илјади евра во месец на Клинички, а едвај се завртувал на работа? Ако додадеш сатите од ангажмани на приватно,плус мито под маса, сигурно преку 30 илјади евра месечно.:eek: Америчка плата на сред Скопје...
 
... интересно ќе биде да напишат колку државни средства потрошиле за ручеци, коктели, неделни службени патувања во странство (не знам што прават таму и какво оправдување имаат) од јануари до сега, здравствените функционери почнувајќи од Министерот, па до сите околу него советници, како и директорите со советниците околу него, да се направи една инспекциска контрола (државна ревизија) во сите државни здравствени установи, ама со се Министерството за здравство и Фондот.

.. затоа што кога веќе се осудува за неправилно допишување на дополнителни часови, а со тоа и повлекување на фондовски средства, треба да се чисти како солза, а не трошење за, пази ваму, секојдневни ручеци и коктели, зашто бе, не им е од татко им тие пари и институцијата, па како цицкаат тие финасиски средства, така и докторите, по нивни терк се учат, све додека не ги кажат со име и презиме „ НЕ Е ВИСТИНА“ или си ја имаат мувата на капата, па чик спомни го и докторот и институцијата, ќе си добиеш фитбек на твојата плата и додатоци!

... зошто не ги кажуваат со име и презиме кои се тие доктори (ги има најмалку 10 такви со над 10 000 Е), да проверат како, што, ако е докажано, зошто нема да се бламирааат јавно ако немаат доказ, нели, и ова што е брифингот: ејјјј има злоупотреба на плата, ама не ги кажуваме кои се и ќе страда пак чесниот доктор кој ќе го кажат со име и презиме за злоупотреба на 150 Е, ама овој за 10 000 евра, еееееее тој е заштитена мечка!

...зошто се заштитени? затоа што се опоменати уште пред 9 месеци за напишаната евиденција на работното време и дополнителните часови дека не се компатибилни со нормалното работно време, ама кој ги слуша тие пак си терале по свое сите овие месеци со иста наплата во платата, што не го кажуваат тоа, затоа што и тие се на сличен начин потрошувачи на државни пари, ручеци, коктели, патувања, измислени средби и состаноци!!? да видиме баш кои се посилни :aplauz:
што печалел 12 илјади евра во месец на Клинички, а едвај се завртувал на работа? Ако додадеш сатите од ангажмани на приватно,плус мито под маса, сигурно преку 30 илјади евра месечно.:eek: Америчка плата на сред Скопје...
... доволно е да се проверат инвеститорите на стамбените објекти, сопственици на рентани апартмани во Скопје, како и сопствениците кои ги издаваат апартманите на грчко приморие, сите пари претворени во некретнина, тие пак немаат пари и затоа мора пак да црпат! :D
 
Последно уредено:
Прегледај го приврзокот 473316

Конечно некој прави напор да се реши проблемот со тоа што доктори на клинички бегаат од 12 часот од работа( а во денови кога немаат амбуланта воопшто не се појавуваат) и трулежот веднаш испливува на површина:
Прегледај го приврзокот 473317

Инаку кој е овој или оваа,баш ми е да знам:

што печалел 12 илјади евра во месец на Клинички, а едвај се завртувал на работа? Ако додадеш сатите од ангажмани на приватно,плус мито под маса, сигурно преку 30 илјади евра месечно.:eek: Америчка плата на сред Скопје...
Па нема помали плати во Европа ни за бербер ни за мајстор ни за било што, може само ПОЛИТИЧАРИ има некаде со мали плати...
 
... податоците и документот се транспарентно истакнати на социјални мрежи!

Screenshot 04-02-2026 14.27.42.png

Screenshot 04-02-2026 14.28.22.png

Проблем бр.1 приватна наплата на прв ПАП тест и Ехо што е бесплатно кај матичен гинеколог.

Screenshot 04-02-2026 14.29.46.png Screenshot 04-02-2026 14.30.03.png

Проблем бр.2 неправилно земање на брис што го наплатуваат повторно, а нивна грешка и незнаење како се зема брис, како и повторен непотребен стрес на самата пациентка за повторна процедура на земање на брис.


Screenshot 04-02-2026 14.30.32.pngScreenshot 04-02-2026 14.31.12.pngScreenshot 04-02-2026 14.32.20.pngScreenshot 04-02-2026 14.33.12.png

Проблем бр.3 недавање на фисклана сметка на наплатени високи сум од страна на пациентките што укажува на злоупотреба за наплата за која треба да биде бесплатна, како и ескивирање на плаќање на данок доколку веќе се наплатува, две кривични дела во еден замав.

Проблем бр.4 необјаснување на пациентката за лекот Amp Rhogam (anti-D(rh) immunoglobulin), кој се дава при бременост, породување и гинеколошки интервенции, инјекцијата треба да биде администрирана на мајката веднаш по породувањето или најкасно до 72ч по породувањето, тогаш родилката како болничка пациентка го добива лекот преку Фондот т.е. самата болница каде лежи и ја дава бесплатно.

но во 28 недела од бременост во некои случаи е оправдана како порана профилакса со овој лек Amp Rhogam (anti-D(rh) immunoglobulin), а трудницата сеуште ја води матичен гинеколог, а лековите посебно ампуларна терапија што ги препорачува матичниот гинеколог, трудницата ги купува со сопствени средства, па затоа ферски би било да некако матичниот и' објасни зашто има две опции, па да се помогне истата да биде интернирана на клиника при што ќе ја добие инјекцијата бесплатно, зашто се малку поретки ваквите пациентки, ама кој тоа да им го каже кога се тоа се поврзани и препораката и купувањето, да се профитира врз грб на пациент е најголем грев и тие пари, профит било што нема да им биде на арно, харам пари и профит секогаш ќе идат за лошо на дотичните!

Проблем бр.5 сите пациенти кои се крводарители, се смета над 10х да дават крв, треба да бидат информирани дека можат да приложат Барање за рефундирање (враќање) на дадените средства на противправно наплатена партиципација или било кој пакет на здравствен преглед кој е покриен од Фондот за крводарителите со закон, а некој го наплатува бесправно!

Проблем бр.6 сите пациенти или нивни придружници кои имаат сомневање или негативно искуство и покрај коментарите на социјални мрежи кои може да бидат прочитани од било кој, па и од одговорните институции, нема да има ефект, затоа што ако нема пријава до институцијата од самите пациенти за било кое лошо, неоправдано искуство, џабе се пишува и се жалат преку коментари на социјални мрежи, затоа може лесно преку е email адресата nepravilnost@zdravstvo.gov.mk да се пријави неправилноста, така ќе се смени нештото, а вака само од себе тешко и ќе биде во продолжеток неправилно и тешко за сите пациенти кои не се упатени да кажат - Не! за неправилности кога ќе ги посетат за здравствена услуга здравствените установи било матични, било болнички специјалистички, било државни, било приватни!
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom