Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

како го замислуваат ова?

ко немаш смарт-фон и интернет не можеш лек да си земеш?

lol, браво ако е така
Odish na apteka i im ja davash kartickata i ti go davaat lekot. Barem vo Prilep toa taka funkcionira povejche od edna godina i me chudi zoshto (Ako) nemate vo drugive gradovi!
 
Глупости од невладиниот сектор. И досега немаше хартиени рецепти, освен за антибиотици. Што толку се фалат, не знам.
 
Не се само рецепти, нема да има повеќе хартиени упати, боледувања, потврди итн. Не знам дали ќе ги тргнат и картоните, ако ги тргнат тогаш тоа ќе биде квантен скок нанапред.
 
Ако е така, ок. Во текстот беше кажано за рецептите, погрешно сум разбрал.
 
Некој да објасни од поупатените какво е тоа измислено напредување "примариус" ?
Комплетно фиктивна титула, барем кај нас, во нашето здравство. Постои некоја комисија, не се сеќавам дали беше во Лекарската комора, каде што треба да бидеш предложен од некој влијателен и те гласаат. Нешто пандам на 11 октомври како што му дадоа на Цацко од К15. :D
Бенефитот е мислам добива нешто плус пензија кога ќе се пензионира. И не, не е базирана на заслуги, туку е базирана на кој го знаеш. Познавам еден ,, табула раза'' лекар кој стана примариус само врз база на тоа што прв братучед му е влијателен професор и хирург и лобирал во комисијата да му доделат.
Ама реално ако зборуваме и титулите асистент и професор не носат некоја огромна тежина кај нас. На грото од асистентите и професорите целиот творечки опус им се сведува на постер презентации од конгреси во Македонија и на балканско ниво (секоја чест на исклучоците). Мислам дека условот за да те изберат во овие звања е да имаш барем еден труд објавено во списание со импакт фактор кое е во една од главните датабази, така да the bar is pretty low, што би се рекло.
За да го исполнат овој услов имаа квака со македонското списание на Мирко Спироски, кое имаше некој доста слаб импакт фактор, но беше во PubMed. Буквално на најголемиот дел од медицинската научна фела објавуваше во ова списание, но им се расипа планот, Списанието беше отстрането од PubMed и повеќе не е во ниту една релеватна датабаза. Наводно Спироски наплаќал пари на странски автори, а потоа не им ги објавувал трудовите. Меѓу другото и во некое друго негово списание објавувал фиктивни научни студии за пари. Ова беше доста популарно по странски веб сајтови, мора да побарам некој од линковите. За жал кај нас никој не се осмели да репортира на оваа тема, Спироски сеуште е ,,бог и батина''.
Edit: https://www.vice.com/en/article/inside-the-bizarre-publishing-ring-that-linked-5g-to-coronavirus/
Го најдов.:pos: Објавувал студии за поврзаноста помеѓу 5Г мрежите и КОВИД.
 
Последно уредено:

Уште ли е жив тој? Доживотен професор на имунологија, цел факултет славеше кога отиде во пензија. Се уште е таму некој фактор, си зима парички као соработник нешто но барем не замара студенти.
 
@Kadaif Вистина? Брееј кај нас во еден ден од матичен до специјалист до субспецијалист може да отиде човек.

Gdpo2t0XQAAq5OJ.jpg
 
Жив е, како не, само што со фондацијана негова се бави.
Битно до ден денеска од време на време низ глава ќе ми се провртат епските фрази „противген“ и „главен ткивносовпадлив комплекс“ :rolleyes:
 
@Kadaif Вистина? Брееј кај нас во еден ден од матичен до специјалист до субспецијалист може да отиде човек.

Прегледај го приврзокот 436931
Одиш на матичен, термин за истиот ден. Ако не таму, тогаш на дежурна служба одма добиваш термин. Тој може да те препрати во болница ако си итен и специјалист гледаш во истиот ден.

Во северна се чека ортопед да ти пушти лабораторија за реума фактор. (Нешто како пилот за хеликоптер да те учи како да возиш авион. Пошто нели и овој и тој е "пилот" шо има везе на што нели?) :icon_mrgr:
 
Одиш на матичен, термин за истиот ден. Ако не таму, тогаш на дежурна служба одма добиваш термин. Тој може да те препрати во болница ако си итен и специјалист гледаш во истиот ден.
Да, ако си итен случај. Ако не, ќе чекаш најмалку месец дена.
 
Ако не си ќе чекаш.

Полошо е да не чекаш и наместо здравствена услуга да добиеш приказни без дијагностика (90% од случаевите во МК)
 
Воглавно приказната е (пример) имала проблем Славица со ногата веќе 5 години, ја болело малку, арно ама сега и текнало да оди на доктур. Оди на матичен и бара најитно да и најде термин арно ама термини нема, цел месец однапред се веќе пуштени и зафатени. За ртг и апови не сака ни да чуе па овој има опција да не и даде итен упат али така ризикува да ја изгуби и неа и нејзината фамилија од кои зема пари секој месец а ако ја прати едино што може да добие е специјалистот да напише некој лут извештај па така по навика без да размисли ја праќа директ на терциерно здравство, оди таа таму, се кара со сестри, влегува некако и продолжува да се кара со ортопедот што така дошла за некоја објективно банална работа без никаква направена дијагностика али за неа ова е прашање на живот или смрт. На крај и дава аналгин и така завршува вообичаената приказна.

Инаку, навистина не знам на кого да верувам, секој различно кажува, некој вели се чека по недела-две, некој вика одма може да посети доктор. :toe:
 
Ја ќе ти кажам пример што е најтазе.
Пријател пред недела дена завршуе на итна со огромни болки, му наоѓаат камен у бубрег. Го хоспитализираат, му смируваат болки и му ставаа сонда, или како и да се вика. По 2 дена го пуштаа дома и му викаа термин за операција кј нас има за 12 недели. Му даваа апчиња за смируење само. Пред некој ден добил пак напади, викнал итна, го зеле и у чекална седел од 9 сабајле до 6 вечерта, урологот бил зафатен. Коај конечно дошол го прегледал и му дал само антибиотик плус, му рекол да бара у околни градови термин за операција, кј нив тек за 12 неделе. Едино што можеле туе е да го хоспитализираа и да чека 12 неделе до операција.
 
Имам и јас; човек со силна анемија подолго време е упатен на хематологија, таму прима крв неколку кеси по што го праќаат на гастро во државна болница. Таму му викаат треба да биде хоспитализиран и да се доиследи но немаат слободен кревет па го праќаат на гастро во 8 Септември. Таму му викаат од нивна страна е се добро и нема потреба да лежи во болница по што му даваат упат до хематологија. Оди назад на хематологија, таму му викаат да ги следи инструкциите од извештајот кога прв пат отишол кај нив и го пуштаат дома да си оди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom