Комплетно фиктивна титула, барем кај нас, во нашето здравство. Постои некоја комисија, не се сеќавам дали беше во Лекарската комора, каде што треба да бидеш предложен од некој влијателен и те гласаат. Нешто пандам на 11 октомври како што му дадоа на Цацко од К15.
Бенефитот е мислам добива нешто плус пензија кога ќе се пензионира. И не, не е базирана на заслуги, туку е базирана на кој го знаеш. Познавам еден ,, табула раза'' лекар кој стана примариус само врз база на тоа што прв братучед му е влијателен професор и хирург и лобирал во комисијата да му доделат.
Ама реално ако зборуваме и титулите асистент и професор не носат некоја огромна тежина кај нас. На грото од асистентите и професорите целиот творечки опус им се сведува на постер презентации од конгреси во Македонија и на балканско ниво (секоја чест на исклучоците). Мислам дека условот за да те изберат во овие звања е да имаш барем еден труд објавено во списание со импакт фактор кое е во една од главните датабази, така да the bar is pretty low, што би се рекло.
За да го исполнат овој услов имаа квака со македонското списание на Мирко Спироски, кое имаше некој доста слаб импакт фактор, но беше во PubMed. Буквално на најголемиот дел од медицинската научна фела објавуваше во ова списание, но им се расипа планот, Списанието беше отстрането од PubMed и повеќе не е во ниту една релеватна датабаза. Наводно Спироски наплаќал пари на странски автори, а потоа не им ги објавувал трудовите. Меѓу другото и во некое друго негово списание објавувал фиктивни научни студии за пари. Ова беше доста популарно по странски веб сајтови, мора да побарам некој од линковите. За жал кај нас никој не се осмели да репортира на оваа тема, Спироски сеуште е ,,бог и батина''.
Edit:
https://www.vice.com/en/article/inside-the-bizarre-publishing-ring-that-linked-5g-to-coronavirus/
Го најдов.
Објавувал студии за поврзаноста помеѓу 5Г мрежите и КОВИД.