Зборот е најважен или не ?

  • Креатор на темата Креатор на темата SteF
  • Време на започнување Време на започнување
ne mi treba daden zbor dokolku toa ne go vidam na delo...jes da i zborot nekogas e biten ali pobitno e deloto...
 
Некои работи се кажуваат поубаво БЕЗ зборови.....
 
Ниту зборот може без боди ленгвиџот, ниту боди ленгвиџот без зборот...така да...двете се еднакво битни:) И секако битно е кога збориш, тоа да го правиш со емоции, посебно кога опишуваш нешто, за полесно да ја доловиш сликата на слушателот:)
 
па....зависи за шо...некогаш е доволен и само збор...
 
Порано поќе бев за делата ...ама на крај не испадна дека не се најважни... а за збор не иди во обsир :toe:
 
Vaznosta na samiot zbor bi ja vrednuval so 50% a ostanatoto bi bilo :tonot, izrazot na liceto(posebno ocite) gestikulacii,brzinata na govorot i drugi sitnici
 
Јас велам дека боди ленгвиџот е по битен од самите зборови.
Луѓето во праисторијата немале конкретни зборови за ништо, па сосема ок се разбирале.
Најдобар начин да видите колку е битен боди ленгвиџот е, еве, на форумов барем еден или два дена пишувајте нормално, без НИКАВО смајли, значи, само букви, притоа пробајте да вметнете што повеќе иронија и сарказам.
Ке приметите колку многу луѓе погрешно ќе ве сватат, ќе ви реплицираат со чудење, и така натаму..
 
Па господинот збор не е најважен како што ни дамата мимика не е семоќна! Ама ја мислам дека си се тие двајца во една пссст-врскичка море врскиште и дека кај да е ќе се зимаат :back:!! ахахаааах --- и тогаш ќе им се изнародат мнооогу дечиња - гестикулацичиња и зборченца што едни со други ќе си бидат и ќе си се ставаат на правото место... едните ќе им помогнат на другите да добијат значење, а другите на првите да не бидат сечење на ветер!! ... и тогаш ќе биде супер и вие кајганџии нема да се карате кој и што е поважно (и мир ќе завладее *with my thump up* )
 
Во секојдневната ни наша комуникација фала богу користиме зборови.Кога комуницираме сакаме на некој да му објасниме нешто или сакаме преку таа комуникација да постигнеме нешто, некоја лична цел или да разубедиме некого за нешто
, е сега муабетот е дали зборот е најважниот ???????

Некој викааат дека зборовите се најбитни !!!!
Во една статија која пишуваше за интервјуа за работа велат дека боди ленгвичот- говорот на телото бил 70 % од целиот муабет
или пак со колкави емоции ги искажуваме тие зборови или.....,

И да не јадам вафли повеке муабетот е блдираното...
Во секој случај, една иста работа, кажана со различни зборови, дава различен ефект и контра ефект. Доброто јавно говорење претставува склоп од добра дикција и лексика. Сметам дека радиофоничноста на гласот и правиот избор на зборови, може да направи чуда. Секојдневно бараме соодветни зборови со кои ќе бидеме погруби, поблаги, моќни и со кои ќе ја доловиме најсоодветно и од најблизок кадар нашата мисла. Ако не се конкретизирани мислите на соодветниот начин, со соодветната групација зборови, тогаш е залудно сето она знаење и чувства кои ги носиме под кожата а не можеме да ги пуштиме да излезат надвор од вените. Во убедувањето, зборовите и дикцијата се клучни. Секако зборувам за луѓе кои прв пат ги гледаме, не сме приврзани кон нив со некакви емоции или дела.
 
Нема говор на телото мит е тоа според мене. Зборовите кои што се искажани и начинот на кој се искажани плус изразот на лицето кажуваат скоро се.
 
Во секојдневната ни наша комуникација фала богу користиме зборови.Кога комуницираме сакаме на некој да му објасниме нешто или сакаме преку таа комуникација да постигнеме нешто, некоја лична цел или да разубедиме некого за нешто
, е сега муабетот е дали зборот е најважниот ???????

Некој викааат дека зборовите се најбитни !!!!
Во една статија која пишуваше за интервјуа за работа велат дека боди ленгвичот- говорот на телото бил 70 % од целиот муабет
или пак со колкави емоции ги искажуваме тие зборови или.....,

И да не јадам вафли повеке муабетот е болдираното...
Сурова реалност е работава.
Џабе е начин на изразување ако немаш соодветен боди-ленгвич. А пак, џабе ти е и најсупериорен вокабулар на зборови да имаш, ако не знаеш како да ги презентираш со емоција...
Пакет од двете е совршено решение за било кој вид на комуникација:smir:
 
Епа ај со примери:
-кога ќе дојде некој вундеркинд и цело време гледа во една точка, си збори на носот и се поти ко свињче нели нема да ти биде јасно од кај овој со вакво CV. И се гледа дека сака да се истакне, ама ако не те биват со луѓе ништо.
- а кога ќе дојде некој и се убаво ќе ти објасни како тој е способен и ваков онаков, па ќе ти се допадне муабетот нешо ќе те насмее, па шо се вика ти иде на кафе со него да одиш, се гледа детето способно е па и да не е вундеркинд ќе научи ќе го бидуе. Нема со колегите ко со носо да си збори.

Е сега кај нас во државичкава ни едното ни другото не е толку битно ко книшката и презимето, така да џабе ни е усовршување на тело на говор и недостаток на живот заради учење- али ова за друга тема.
 
Убавиот збор железни врати отвара!! Не за џабе е така..

Незнам зошто повеќето го спомнаа говорот на телото, секој има свои тикови гестикулации кои посебно значат кај секоја индивидуа.Не сме пантомимичари.

Може во одредени ситуации да помогне тој body language на некоја силиконска теткица со доста видливи предиспозиции (говорни сигурно не) да си обезбеди место како секретарица на шефот, или некој набилдан батко на кој мозокот му е во бицепсот да стои пред некоја врата...ако мислите на овој говор тогаш има вистина :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom