Види, ако на форумов е ирелевантно кој што мисли тогаш што е релевантно, анкета од Дневник, Сител, Канал 5?
За купиштата ѓубре не е крива сендвичарата. Каде се полицајците што треба да пишуваат казни за фрлен смет? Башка знаеш колку ѓубришта има еве на пример кај околните згради од ЈБТ? Спроти седмица зградата што ја правеа? Ако гледаме во поглед на ѓубре градов е катастрофа, контејнери несобрани со денови, на мачките како Супер Тинекс им доаѓа.
Ако е за нехигиената тогаш и седмица нека ја срушат, пошто, мачки и кучиња се збираат и контејнери еден куп одоколу со развеано ѓубре.
Не дај боже некого да казнат прописно... одма ќе биде кутриот народ нема за леб, казни ќе плаќа! - такви беа реакциите кога се поставија камери. А јас сум за тоа - удри по џеб, ќе се научи на култура.
Стоилко е во строгиот центар на строгиот центар на Скопје. Првата слика, импресии, негативни впечатоци, за сите од страна - се тука.
Мене Стоилко како Стоилко, не ми сметал. Ми сметаше гадотијата околу него.
Но ако се прави нешто подобро - зошто да не. Ако се направи глупост - НЕ.
Ѓубре има и до Вегера, низ ГТЦ тој дел... во местата каде што треба да има цвеќиња вирее од ѓубриња.
За сите места каде што има ѓубре, а и некој што живее таму, треба да си го бараат своето од својата општина.
Од КХС. Кај мене во населба нема таков проблем, редовно се собира ѓубре, а и гледам дека луѓево се опаметија и си ги чуваат површините што ги изградија, иако нормално, и кај нас се бунеше опозицијата ,зошто се трошат пари на паркче, кое предтоа беше змијарник, ,зошто се рушат култните трафики, - а сега ќе имаме нешто подобро.
На се се навикнуваме со време - само дај боже на добро да се навикнуваме.