- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.535
- Поени од реакции
- 26.969
Колку што разбрав, планираат да градат 10 илјадна концертна сала и да не биде монтажна.Mислам дека треба само да ја реновираат
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Колку што разбрав, планираат да градат 10 илјадна концертна сала и да не биде монтажна.Mислам дека треба само да ја реновираат
Mислам дека треба само да ја реновираат
Грешиш Цитро. Работите што се за менување никој не ги руга ниту па ќе тагува за нив. Зошто никој не се побуни за стадионот? Па фала Богу дека тоа беше добра градба. Секако дека нема кој да би плачел ако се замени универзална со некоја многу подобра и поубава сала ама да е добро изработена а не на две на три.
Прави разлика помеѓу таква градба и нешто што на скопјаните им е при срце и го носи духот на старото Скопје, па сега некој се решил да ја руши за кур ќејф.
Ама реков, без навреда, вие што не сте од Скопје никогаш нема да сфатите зошто тие места и градби се сентиментални за нас.
Па ако изградат нова, поголема концертна сала тоа би било супер. И не мислам дека би го нарушило духот на Скопје. Напротив, ако таа најавена градба исполнува некои основни естетски критериуми...Ова е планирано и откако ќе завршат со зградите на центар ќе ја урнат и ќе изградат нова, поголема концертна сала. Веројатно и тогаш некој ќе обвинува за рушење на духот на Скопје.
Па ако изградат нова, поголема концертна сала тоа би било супер. И не мислам дека би го нарушило духот на Скопје. Напротив, ако таа најавена градба исполнува некои основни естетски критериуми...
Но што правиме ако тука изградат уште еден понов, поголем, посовремен трговски центар, тинекс на пример?
И јас се сомневам во тоа, дека рушењето не е ради грдење, него некој да си профитира, ама ај времето ќе покаже.
Инаку доколку универзална се сруши и се изгради некоја нова поасалана сала не би имал ништо против, ама доколку се сруши и се изгради „катна гаража“ или уште еден Тинекс и те како би имал против.
Сега ќе ти кажам една сторија за Прилеп која што е ептен слична со оваа, во центарот на Прилеп веднаш пред комерцијална банка имаше буквално идентично времени објекти со такви бараки како Чичко Стилко, сендвичари беа Стив, Алгор(мислам), Кремо со Џока, Паторо, семкар Сефо, цвеќара и не ми текнува се што имаше тука, како и да е места кој беа дел од урбаниот живот во Прилеп слично како Чичко Стоилко.
Преку ден работеа како сендвичари, додека кога ќе затвореа се користеа за олеснување на народната маса која пиеше вино и пушеше џоинт во близина, имаше и неколку фрикови кој вршеа голема нужда зад тие бараки.
Пред неколку години се донесе одлука за нивна релокација кај автобуска станица прво, за подоцна да исчезнат, и одлука да се изгради фонтана и шеталиште, и се вртеше истиот муабет како овде низ чаршија.
Леле брат шо му е на овие се истуркаја, сега кај че купиме сендвич после 12, па евоцирање спомени дека тука некој нацапал гомно, дека повраќал пијан, имал секс зад бараките итн. итн.
Кога излезе фонтаната на тоа место и покрај тоа што е згрешена структурата на гранитот и се лизга во зима сите тие ги заборавија тие пролупани бараки за два дена.
Да напоменам дека во моментот таа локација е една од најубавите од Прилеп во центарот, и тие истите што критикуваа сега се шетаат со колички со деца наоколу.
Денеска да направам анкета низ Прилеп цврсто сум убеден дека никој не би сакал да се вратат тие бараки на местото на фонтаната, и секој од тие што ја критикува релокацијата во тоа ќе се согласат дека во моментов е далеку поубаво и ќе ме направат луд ако речам дека сакам да има бараки пак назад.
За експеримент земи направи во моментов една слика пред нивната релокација и после уште една кога ќе се направи тоа што ќе се прави, па покажи му ги на твоите деца кога ќе ги имаш и кажи му дека ти си се борела да останат бараките.
Мене како неутрален тоа место ми беше ептен грдо, па колку сакало нека биде култно затоа и не можам да ги сфатам вашите реакции.
Позади универзална веќе го уништија паркингот и изградија "катна гаража" со деловни простории... До ден денес не видов каде е гаражата (сигурно само за вработените има неколку места), а околните згради немаат место каде да ги паркираат колите. Капак на се, сега им текна зонско да прават на улиците околу универзална
Пак ќе кажам, се изменија милион планови, од шупи се направија облакодери, а на некого му сметаат 3 лимени бараки...
Зонско позади универзална !? Не ме зезај.. ц.ц.ц..ц.. Што не стават зонско на Бит Пазар, да им еам тоа.
Зонско позади универзална !? Не ме зезај.. ц.ц.ц..ц.. Што не стават зонско на Бит Пазар, да им еам тоа.
Од партизанска до кружниот тек кај католичка...