Таруно
Еким
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГИ ОТСТРАНУВА СЕНДВИЧАРНИЦИТЕ KАЈ ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА
Ќе се уредува платото зад зградата на ЕВН, на улицата 11 Октомври, а за таа цел ќе се отстранат сендвичарниците на оваа локација, најавија од Општина Центар на последната седница на Советот. Причината е уредување на околината на Триумфалната порта.
Со оваа одлука, по три децении постоење, во историјата ќе замине и познатиот скопски бренд, сендвичарницата „Чичко Стоилко“, но и останатите угостителски објекти на тој потег.
извор: дневник
- Ги рушиме старите белези да градиме нови. Нема човек што не го знае местото и што нема јадено од таму. Сендвич кој е по пристапна цена и кој ќе те најаде. Штета е ако целосно ги уништат, наместо да ги дислоцираат, ако веќе толку и сметаат на триумфалната.
пс. на страната на дневник има прашање „дали ќе ги тргнат и продавачите на крофни на плоштад!?“ Е баш и тоа ме интересира, оти таа зејтинијада од крофна е далеку по грда, отколку сендвичарите.

, рушат бараки-сендвичари! Абе ој легни си. 

епа затоа реков можеби ова е подобра опција, и нека ги дислоцираат на некое друго место. Во рок од 3-4 години центарот знаеме дека ќе биде сменет и едноставно на сендвичарите не им е местото таму. Можеби од другата страна на трговски кај Холидеј Ин би била добра опција