Збогум Б.Ц!

  • Креатор на темата Креатор на темата Jakov
  • Време на започнување Време на започнување

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Возраст
51
Веб-сајт
jakov.blog.com.mk
Црвенковски: Нема да се кандидирам на претседателските избори

prazno.gif
prazno.gif
16.07.2008 12:02
branko-crvenkovski3.jpg

Бранко Црвенковски
Нема да се кандидирам на следните претседателски избори, изјави Бранко Црвенковски, претседател на Република Македонија во интервјуто за утрешното издание на весникот „Дневник“.
Црвенковски истакна дека неговата одлука е конечна и дека токму затоа јавно ја соопштува.
„Причините за ваквата моја одлука се од сосема друга природа и нивното елаборирање бара многу повеќе време и простор. Во оваа прилика би спомнал само една - вршењето на претседателската функција ме упатува на кохабитација со Владата, со чија политика по низа крупни прашања не се согласувам“, вели Црвенковски.
Тој додава дека не сака да биде соучесник на политика која во иднина ќе предизвика тешки и долгорочни последици.
„Без разлика што оваа одлука веќе ја донесов, до последниот момент додека ја вршам функцијата Претседател на Републиката, тоа ќе го правам крајно одговорно, со целосна посветеност и секогаш водејќи се од националните и државните интереси на нашиот народ и на Република Македонија. Така се однесував досега, така ќе биде и до последниот ден на мојот претседателски мандат“, изјави претседателот Бранко Црвенковски во интервјуто за утрешното издание на весникот „Дневник“.
 
Сега ќе се насочи кон вадење на гомната во кои е СДСМ моментално, ако е воопшто возможно.
 
И веруваш во ова што го кажал
Абе овој а отвори уста лаже
него интересно е како дневник многу често има интервју со лицево
 
и сигурно ќе замине аха да:uvo:
 
Интересно што индиректно признава дека не е надпартиски туку партиски претседател: „вршењето на претседателската функција ме упатува на кохабитација со Владата, со чија политика по низа крупни прашања не се согласувам.“

Аха, значи Црвенковски си оди оти владата си врши своја политика а тоа нормално на партиски обоен претседател не му се допаѓа. Па зошто бираме влада? Се сомневам дека г. Црвенковски го сфати Македонскиот парламентарен систем.

Иначе како што многумина како и јас се сомневаа, тој ќе се врати на чело на СДСМ. Мислам дека ова би било лошо за СДСМ оти не и се потребни стари кадри кој докажано се и беа неуспешни туку треба да се обнови партијата. „Преродба“, да го цитирам Груевски.
 
И веруваш во ова што го кажал
Абе овој а отвори уста лаже
него интересно е како дневник многу често има интервју со лицево


Да бе, штета како не даде интервју за Вечер !:pos2:
Штом дал интервју за Дневник, тогаш тоа е комуњарски весник..:pos2:
 
Сега ќе се насочи кон вадење на гомната во кои е СДСМ моментално, ако е воопшто возможно.
Точно така, а за болдираното, ако Г`ујо самио се заеби со некој ептен глуп потег, инаку тешко возможно.

[/b]

Да бе, штета како не даде интервју за Вечер !:pos2:
Штом дал интервју за Дневник, тогаш тоа е комуњарски весник..:pos2:
Лично за Латас требало...:pipi:
 
Црвенковски: Нема да се кандидирам на претседателските избори

prazno.gif
prazno.gif
16.07.2008 12:02
branko-crvenkovski3.jpg

Бранко Црвенковски
Нема да се кандидирам на следните претседателски избори, изјави Бранко Црвенковски, претседател на Република Македонија во интервјуто за утрешното издание на весникот „Дневник“.
Црвенковски истакна дека неговата одлука е конечна и дека токму затоа јавно ја соопштува.
„Причините за ваквата моја одлука се од сосема друга природа и нивното елаборирање бара многу повеќе време и простор. Во оваа прилика би спомнал само една - вршењето на претседателската функција ме упатува на кохабитација со Владата, со чија политика по низа крупни прашања не се согласувам“, вели Црвенковски.
Тој додава дека не сака да биде соучесник на политика која во иднина ќе предизвика тешки и долгорочни последици.
„Без разлика што оваа одлука веќе ја донесов, до последниот момент додека ја вршам функцијата Претседател на Републиката, тоа ќе го правам крајно одговорно, со целосна посветеност и секогаш водејќи се од националните и државните интереси на нашиот народ и на Република Македонија. Така се однесував досега, така ќе биде и до последниот ден на мојот претседателски мандат“, изјави претседателот Бранко Црвенковски во интервјуто за утрешното издание на весникот „Дневник“.

drogata i alkoholot se stetni za covekot.

Gledajte vnimatelno i citajte decinja, ucete se na tugjite greski
 
Паметно од него.
Си знае дека ќе доживее пораз, затоа и не се кандидира. Демек заради несогласување со политиката на владата.

Збогум:nesum:

:vozbud:
 
Кој бе да си замине од политика , Бранко ли ?
Нема шанси , он ќе се врати во СДСМ (повратк Џедаја) и гарант парче ќе направи внатре :pos2:
Се ќе стори човеков , Македонија во Еу и НАТО да ја внесе , па макар и со изгубен идентитет и без име ... :nesum:
 
Сега љубе бошковски ќе биде прецедател на македонија или ќе го ставаат за градоначелник на скопје бидејќи сигурно победува.
 
Лаги лаги и повторно лаги,добро бе кој може да има доверба во овај човек,па тој бре до последен момент на предвремените претседателски избори изјавуваше дека нема да се кандидира за претседател и опа па се кандидира.
 
Кој бе да си замине од политика , Бранко ли ?
Нема шанси , он ќе се врати во СДСМ (повратк Џедаја) и гарант парче ќе направи внатре :pos2:
Се ќе стори човеков , Македонија во Еу и НАТО да ја внесе , па макар и со изгубен идентитет и без име ... :nesum:

Јас никаде не прочитав дека Бранко ќе си замине од политиката... Тоа за НАТО и ЕУ, зошто те тревожи кога Б.Ц. нема да може да ја опструира Владата и новиот претседател ? Нема да може ни име ни идентитет да продаде, нели ? Ќе биде АУТ ОФ ТХЕ ГАМЕ... Значи Владата и новиот претседател ќе имаат можност со полн капацитет, без такви опструктори да ни го сочуваат идентитетот и името и да влеземе во НАТО и ЕУ...И сите среќни и задоволни ќе си живееме до крајот на животот.:toe:
 
Заебанции на сметка на лицето БЦ може да си правиме до бествест, ама никогаш баш никогаш не смееме да го потцениме.....
 
Od lazgo predsedatel ne biduva.Ushte edna laga na B.C. koga ke dojde vreme za izbori najverojatno ke se premisli deka treba da se kanditira. No i da ne bide predsedatel na nikogo nema da mu nedostasuva pa dosta ni bese od nego ovie 17 godini mnogu pokaza covekot nema so .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom