ZAZ во Скопје @ Универзална Сала - 28.05.2012

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Одлична вест, убаво е да се оди и да се погледне нејзиниот настап, баш би сакала да присуствувам. За оние понеупатените, оваа песна беше долго време хит, а и се уште ја слушам по радијата...:



Настанот на фејсбук.

Популарната Заз на 28 мај доаѓа во Скопје
219B3299C2DB1445A022FB94946F21C4.jpg

Познатата француска пејачка Изабел Џефрој, позната како Заз, на својата интернет страница објави дека на 28 мај ќе одржи концерт во Скопје.
Првата средба на македонската публика со младата џез- изведувачка ќе се случи во скопското Сајмиште.
Гордоста на Монмартр, како што ја нарекуваат Заз, со музика почнала да се занимава пред 10 години, пеејќи во блуз-бендот „Фифти фингрс“. Деби-албумот Zaz од 2010 година предизвика огромно внимание кај светската музичка критика, а голем број познавачи почнаа да ја споредуваат со Едит Пјаф.
Настапот во Македонија е дел од нејзината светска турнеја што ги опфаќа и Јапонија, Kанада, Германија, Швајцарија, Хрватска, Србија и други. Во регионот, освен во Скопје и Белград, младата пејака ќе настапи во Загреб и во Софија.

Извор.


 
Супер сигурно ќе дојдам имаат еден меѓутоа прекрасен албум се гледаме Скопје.
 
Супер сигурно ќе дојдам имаат еден меѓутоа прекрасен албум се гледаме Скопје.

И Hurts лани имаа мислам дека само еден издаден албум, ама од она што чув, имале одличен настап. Бројот на албумите не е секогаш пресуден. И Ријана има едно 8 албуми, па шо ако има? :)
 
И Hurts лани имаа мислам дека само еден издаден албум, ама од она што чув, имале одличен настап. Бројот на албумите не е секогаш пресуден. И Ријана има едно 8 албуми, па шо ако има? :)

Е така де и јас тоа ти го викам... еден ама сите песни се многу квалитетни и затоа ќе одам на Концертот, па можеби ќе направиме и некоја кајганџиска заз собиранка... има време до мај.
 
Штета би било да се пропушти вакво нешто..
 
Една е Заз, не е група.

Заз има група... и заз сама претпоставувам дека нема да иди никаде не спомнав Заз спомнав групата... ај нема врска интересно ќе биде.
 
И ги знам песничкиве вака ама не знам да ги пеам :D Ама би сакала да отидам, ако имам пари :)
 
Ми прае ќејф оваа, ако неам ништо тој ден ќе идем :D
 
Пееше на едно местенце у Нови Сад ден-два пред настапот, и како само беше задоволна а имаше околку 100тина луѓе. Не и е важно на неа колку луѓе има т.е дали е полно или не, сака да даде максимум и луѓето околу да бидат задоволни како и самата таа.
Само на екскурзија ако идам може да ме спречи да не одам.
 
Ја обожавам и нема шанси да ја испуштам :)
 
Ова не би требало да се пропушти освем ако не е во прашање виша сила или да организаторите побудалат и бараат педесе евра карта :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom