ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
додаток околу ``макошпед``
дел од текст во ``време``-ој се треба да биде прашан за шверцот со цигарите?18.06.2007
``Потенцијални сведоци, ако не и крунски, можат да бидат луѓето што си го поминаа работниот век во „Макошпед“. Оваа шпедиција, со прочуениот акцизен склад во населбата Маџари, беше „центар на светот“, низ кој мораше да помине секој увезен контингент цигари наменети за фри-шоповите, но и за ре-експорт, најмногу кон Црна Гора. Генерален директор на „Макошпед“ до своето пензионирање 2003 година беше Слободанка Поповска Дада, а нејзиниот девер Трајчо Поповски важеше за најблизок соработник. Приватизацијата на „Макошпед“ е правена по стручна експертиза на Таки Фити. Во Бордот на директори на „Макошпед“ со години беа професорите Бобек Шуклев и Александар Николовски.
Она што актуелната извршна власт го откри во „ТК Прилеп“ (случај „Ангатера“ ЛТД), па благодарение на откриеното во притвор, меѓу останатите, го „спакува“ и сегашниот извршен директор на „Макошпед“ Коста Младеновски, претставува само промил од стореното. И сегашниот втор извршен директор на „Макошпед“ Милош Борисављевиќ, беше еден од клучните играчи во компанијата во тој период.
„Макошпед“ си имаше и своја банка, „Кредитна банка“ Скопје се до продажбата на грчката „Алфа“ банка. Основачи на банката беа „Макошпед“ и Благоја Николовски, сопственик на фирмата „Бламар“, инаку познат по срушениот комплекс на луксузни куќи во Злокуќани. Од сенка, целиот процес во „Кредитна“ банка го контролирал Данчо Шутурков, преку својот внук Митко Ноневски, долгогодишен претседател на УО на банката. Црните пари од шверцот со цигари, според сведочењето на Среќко Кестнер пред италијанското обвинителство, со хеликоптери на МУП на Црна Гора, се носени во оваа банка. Како што веќе објавивме, се работи за организиран државен шверц на цигари, извршен со ангажман на руски и украински карго компании кои на Владата на Бранко Црвенковски и изнајмувале авиони „Илјушин 76“ за транспорт на 40-50 тони цигари по еден лет. Транспортерите престануваат да летаат во мај 1998 година пред да се затворат македонските фри-шоп продавници, а во период кога СДСМ и Владата на Црвенковски почнува да се подготвува за изборите во ноември истата година. И за овој дел од шверцерскиот синџир има драгоцени сведоци. На располагање на Јавното обвинителството може да се стави тогашниот генерален директор на УЦВП Горан Павловски, но и неговиот асистент, сопругот на Тренкица Црвенковска, сестра на Бранко. Човекот иако стоматолог по занимање, ја напуштил професијата и се вработил во контролата на летање. Денес Горан Павловски лета како пилот за една странска компанија.``
во врска со овој текст
Новинската интернет агенција „Нетпрес“ минатата година (18.06.2007) објави подолг текст под наслов „Кој треба да биде прашан за шверцот со цигарите“ (го објави весникот „Време“). Во него, меѓу другото, се вели: „Малку е познато дека во периодот 1993-1998 година, кој меѓународната заедница го означува како клучен за развојот на шверцот на цигари, во Македонија на „обука“ престојуваат неколкумина меѓународно етаблирани шверцери на цигари: Среќко Кестнер, Станко Суботиќ Цане, Вања Бокан, Мики Пешиќ… Тие живееле и работеле во Македонија, „Македонија Табак“ е нивниот втор дом, Шутурков е нивниот покровител, а тогашната Влада им дава лична заштита и безбедност“.
Во текстот е објавен „можниот мозаик“ за евентуалните директни учесници во тутунскиот бизнис од тоа време:
„Овој мал список е направен според тоа кој, кога и на која функција, во критичниот период (1994-1999) бил во „Македонија табак“, „Макошпед“, ТК Прилеп, ТК Куманово и во Владата:
Слободанка Поповска Дада (генерална директорка на Макошпед и основач на Кредитна банка Скопје)
Милош Борисављевиќ (и денес директор во „Макошпед“)
Митко Ноневски (претседател на УО на Макошпед, внук на Данчо Шутурков)
Страшо Нелковски (генерален директор на „Македонија табак“)
Данчо Шутурков (заменик генерален директор на „Македонија табак“, денес покоен)
Љупчо Настевски Супа (комерцијален директор на „Македонија табак“)
Фила Кусакатска (шефица на акцизниот склад на „Македонија табак“)
Тодор Чушкаровски, Славко Бурназовски и Стојадин Недељковиќ (ген. директори на „ТК Куманово)
Диме Димески Кепе, Илија Нунески Нуне, Бранко Арсоски Арсата, Диме Момироски Момиро (директори на „ТК Прилеп“)
Круме Спиркоски Џемо (курир на Данчо Шутурков и долгогодишен шеф на обезбедувањето во „ТК Прилеп“)
Бранко Црвенковски (премиер на Владата)
Љубомир Фрчкоски (министер за внатрешни работи од 23.12.1994)
Димитар Бузлески (министер за транспорт и врски од 23.12.1994)
Горан Павловски (директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба од 26. јуни 1995.)
Томислав Чокревски (министер за внатрешни работи од 28.2.1996)
Таки Фити (министер за финансии од 28.2.1996. и автор на програмата за трансформација на општествениот капитал „Макошпед“ и „Македонија табак“)
Зоран Крстевски (директор на Јавното претпријатие за аеродромски услуги до 25.4.1996)
Александар Чепељугин (директор на ЈПАУ по сменувањето на Крстевски)
Абдулменаф Беџети (министер за транспорт и врски од 30.5.1997)
Љубчо Георгиевски (премиер од 1.12.1998)
Љубомир Михајловски Џанго (екс министер за внатрешни работи и екс директор на Царинската управа)
Драган Даравелски (директор на Царинската управа од 19.1.1999)
Илија Илоски (директор на Царинската управа во два мандати)
Павле Трајанов (министер за внатрешни работи)“.
http://www.ljupco.dimitrovski.net/?p=3067
Kолку за “шлаг на тортата“,деновиве го избркаа судијата Кирил Мирчески,човекот што го водеше актуелниот случај по обвинението за проневера на милионски суми во Тутунскиот Комбинат Прилеп.Додека делото повторно се реконструира од друг судија Макошпед ќе добие нов газда,едноставно нели?:pos2: