Затворен Макошпед - 200 луѓе на улица - причината не се открива

  • Креатор на темата Креатор на темата VMROZasekogas
  • Време на започнување Време на започнување
Царината го затвори „Макошпед“


Шпедитерската компанија „Макошпед“ денеска ја загуби дозволата за работа. Информацијата дека царината на „Макошпед“ му го одзеде одобрението за работа, беше објавена преку Македонска берза. Во образоложението стои: „Со решение на царинската управа на „Макошпед“ АД Скопје одземено му е одобрението за царинско застапување.

Детали зошто е затворена шпедитерската компанија немаше. Од царината за А1 потврдуваат дека ја одзеле дозволата за царинско застапување, поради тоа што утврдиле прекрушување на Законот за царина, без да прецизираат конкретни забелешки.


И од компанијата за А1 потврдија дека информацијата е точна. Не обелоденуваат детали зошто царината ја затвори шпедитерската компанија. Од „Макошпед“ велат: „Она што беше наша законска наделжноста ја остваривме, ги известивме сите акционери“.


Во „Макошпед“ работат над 200 луѓе, оваа компанија се смета за една од првите шпедитерски фирми во земјава.


24,8% од „Макошпед“ поседува Коста Младеновски, првиот човек на шпедитерската компанија. „Технометал Вардар“ со близу 11%, фирмата „Бусико“ 19,6% и фирмата за трговија на големо „Мепком“ 19,7%.


Шпедитерската компанија „Макошпед“ важи за фирма што е под контрола на капитал сопственички поврзан со „Фершпед“.


Извор - А1
Нема врска бре А1 што зборуваат, Макошпед нема никаква врска со Штерјо.
 
Инаку можеа да му го затворат пазарот бидејќи не исполнува ниту еден критериум ако е за така. Ама не го затворија туку му чукнаа казна од 5000 евра што за него верувајте не се ништо. Поголеми казни му стегаат на обичниве луѓе за плукање одколку што му стегнаа на Штерјо за 20 години перење на 100 млн евра годишно
 
Од она што лаички го знаев, мислев дека генерален директор на Макошпед е Слободанка Поповска ако добро го памтам името...Имаше афера пред некое време дека ги принудувала вработените акционери да се откажат од акциите да не летаат од работа или нешто слично...ама дека чичо Штерјо Кургоболи имал удел у ова...:toe:


Можеби, сака да го монополизира Фершпед? ...

Госпоѓата е веќе одамна пензионер..
:salut:
 
Се очекува чичко Штерјо да продаде уште некоја фирма па да ја затворат.Можеби на ред е Македонската Берза,се слушаат гласини дека ќе оди на продажба или затворање,ако ви е така поприкладно.:pos2:
 
Еве, се гледа дека не сум во тек затоа што пред некој месец бугариве го купиле. Но, 100% сум сигурен дека пред тоа Штерјо ги влечеше таму конците. Всушност, нема да ме зачуди ако Штерјо сеуште има голем удел, највеќе заради тоа што раководството сеуште е истото.

Еве дел од интервјуто со Асен Христов, претседател на Надзорниот одбор на бугарски “Еврохолд”:

Ќе има ли смени во раководството на компанијата и дали планирате нови вработувања?

Христов: Менаџментот на Макошпед, како и вработените од наша страна се оценети како добри, а тоа и ни беше една од најважните работи поради која се одлучивме за преземање.
Извор - Капитал

А дека можеа да му го затворат пазарот тоа е точно. Можат и многу повеќе да му направат ако сакаат. Ќе видиме што ќе се случи во наредниот период.

@One And Only Ти немаш право да зборуваш на останатите за штабови. Оддамна го читам форумов и ти си еден од најголемите партиски војничиња овде. :salut:
 
Се очекува чичко Штерјо да продаде уште некоја фирма па да ја затворат.Можеби на ред е Македонската Берза,се слушаат гласини дека ќе оди на продажба или затворање,ако ви е така поприкладно.:pos2:

За само еден месец МБИ 10 изгубила дури 35% од вредноста... добра финта за обезвреднување на капиталот и купување по екстра евтини цени на акции од некои лица.

Се прашувам дали тајната служба на Македонија навистина работи со цел за заштита за безбедноста или личните интереси на Мијалков, Горан Трајковски и Никола Груевски кои преку свои луѓе купувале капитал и имале информации предвреме што ќе се случува на берзата. (пред некое време беше доста актуелна тема во весниците но некако сите се замолчија).

Дали ова е време нешто слично како со "болната приватизација" во деведесите обезвреднување на фирмите и купување по екстра ниски цени.
 
Инаку, Макошпед беше сопственост на бугарска фирма...Штерјо нема врска со ова...

Технометал Вардар нов акционер во Макошпед Вторник, 24 Јуни 2008 На 23.06.2008, Технометал ги купи од досегашниот акционер Васко Талевски кој повеќе не поседува акции во Макошпед.
Акционерската структура на Макошпед е променета.

А.....
Бугарска осигурителна компанија вчера го презеде „Макошпед осигурување“ АД Скопје. Таа во две блок-трансакции на неофицијалниот пазар на Македонската берза ...


 
За само еден месец МБИ 10 изгубила дури 35% од вредноста... добра финта за обезвреднување на капиталот и купување по екстра евтини цени на акции од некои лица.

Се прашувам дали тајната служба на Македонија навистина работи со цел за заштита за безбедноста или личните интереси на Мијалков, Горан Трајковски и Никола Груевски кои преку свои луѓе купувале капитал и имале информации предвреме што ќе се случува на берзата. (пред некое време беше доста актуелна тема во весниците но некако сите се замолчија).

Дали ова е време нешто слично како со "болната приватизација" во деведесите обезвреднување на фирмите и купување по екстра ниски цени.

Акции да,можеби купувале доколку имаат можности да чујат што си “муабетеле“ главните играчи,но никако не купуваат удел од берзата иако таа е пред атрактивна продажба на странски инвеститор.Одкако чичо Штерјо ќе продаде нешто,се знае дека следи затворање.:toe:
 
Технометал Вардар нов акционер во Макошпед Вторник, 24 Јуни 2008 На 23.06.2008, Технометал ги купи од досегашниот акционер Васко Талевски кој повеќе не поседува акции во Макошпед.
Акционерската структура на Макошпед е променета.

А.....
Бугарска осигурителна компанија вчера го презеде „Макошпед осигурување“ АД Скопје. Таа во две блок-трансакции на неофицијалниот пазар на Македонската берза ...




Благодарам за појаснувањето, Македонцки. Значи сега нема сомнеж дека Штерјо стои позади Макошпед.
 
додаток околу ``макошпед``

дел од текст во ``време``-ој се треба да биде прашан за шверцот со цигарите?18.06.2007

``Потенцијални сведоци, ако не и крунски, можат да бидат луѓето што си го поминаа работниот век во „Макошпед“. Оваа шпедиција, со прочуениот акцизен склад во населбата Маџари, беше „центар на светот“, низ кој мораше да помине секој увезен контингент цигари наменети за фри-шоповите, но и за ре-експорт, најмногу кон Црна Гора. Генерален директор на „Макошпед“ до своето пензионирање 2003 година беше Слободанка Поповска Дада, а нејзиниот девер Трајчо Поповски важеше за најблизок соработник. Приватизацијата на „Макошпед“ е правена по стручна експертиза на Таки Фити. Во Бордот на директори на „Макошпед“ со години беа професорите Бобек Шуклев и Александар Николовски.
Она што актуелната извршна власт го откри во „ТК Прилеп“ (случај „Ангатера“ ЛТД), па благодарение на откриеното во притвор, меѓу останатите, го „спакува“ и сегашниот извршен директор на „Макошпед“ Коста Младеновски, претставува само промил од стореното. И сегашниот втор извршен директор на „Макошпед“ Милош Борисављевиќ, беше еден од клучните играчи во компанијата во тој период.
„Макошпед“ си имаше и своја банка, „Кредитна банка“ Скопје се до продажбата на грчката „Алфа“ банка. Основачи на банката беа „Макошпед“ и Благоја Николовски, сопственик на фирмата „Бламар“, инаку познат по срушениот комплекс на луксузни куќи во Злокуќани. Од сенка, целиот процес во „Кредитна“ банка го контролирал Данчо Шутурков, преку својот внук Митко Ноневски, долгогодишен претседател на УО на банката. Црните пари од шверцот со цигари, според сведочењето на Среќко Кестнер пред италијанското обвинителство, со хеликоптери на МУП на Црна Гора, се носени во оваа банка. Како што веќе објавивме, се работи за организиран државен шверц на цигари, извршен со ангажман на руски и украински карго компании кои на Владата на Бранко Црвенковски и изнајмувале авиони „Илјушин 76“ за транспорт на 40-50 тони цигари по еден лет. Транспортерите престануваат да летаат во мај 1998 година пред да се затворат македонските фри-шоп продавници, а во период кога СДСМ и Владата на Црвенковски почнува да се подготвува за изборите во ноември истата година. И за овој дел од шверцерскиот синџир има драгоцени сведоци. На располагање на Јавното обвинителството може да се стави тогашниот генерален директор на УЦВП Горан Павловски, но и неговиот асистент, сопругот на Тренкица Црвенковска, сестра на Бранко. Човекот иако стоматолог по занимање, ја напуштил професијата и се вработил во контролата на летање. Денес Горан Павловски лета како пилот за една странска компанија.``


во врска со овој текст

Новинската интернет агенција „Нетпрес“ минатата година (18.06.2007) објави подолг текст под наслов „Кој треба да биде прашан за шверцот со цигарите“ (го објави весникот „Време“). Во него, меѓу другото, се вели: „Малку е познато дека во периодот 1993-1998 година, кој меѓународната заедница го означува како клучен за развојот на шверцот на цигари, во Македонија на „обука“ престојуваат неколкумина меѓународно етаблирани шверцери на цигари: Среќко Кестнер, Станко Суботиќ Цане, Вања Бокан, Мики Пешиќ… Тие живееле и работеле во Македонија, „Македонија Табак“ е нивниот втор дом, Шутурков е нивниот покровител, а тогашната Влада им дава лична заштита и безбедност“.
Во текстот е објавен „можниот мозаик“ за евентуалните директни учесници во тутунскиот бизнис од тоа време:
„Овој мал список е направен според тоа кој, кога и на која функција, во критичниот период (1994-1999) бил во „Македонија табак“, „Макошпед“, ТК Прилеп, ТК Куманово и во Владата:
Слободанка Поповска Дада (генерална директорка на Макошпед и основач на Кредитна банка Скопје)
Милош Борисављевиќ (и денес директор во „Макошпед“)
Митко Ноневски (претседател на УО на Макошпед, внук на Данчо Шутурков)
Страшо Нелковски (генерален директор на „Македонија табак“)
Данчо Шутурков (заменик генерален директор на „Македонија табак“, денес покоен)
Љупчо Настевски Супа (комерцијален директор на „Македонија табак“)
Фила Кусакатска (шефица на акцизниот склад на „Македонија табак“)
Тодор Чушкаровски, Славко Бурназовски и Стојадин Недељковиќ (ген. директори на „ТК Куманово)
Диме Димески Кепе, Илија Нунески Нуне, Бранко Арсоски Арсата, Диме Момироски Момиро (директори на „ТК Прилеп“)
Круме Спиркоски Џемо (курир на Данчо Шутурков и долгогодишен шеф на обезбедувањето во „ТК Прилеп“)
Бранко Црвенковски (премиер на Владата)
Љубомир Фрчкоски (министер за внатрешни работи од 23.12.1994)
Димитар Бузлески (министер за транспорт и врски од 23.12.1994)
Горан Павловски (директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба од 26. јуни 1995.)
Томислав Чокревски (министер за внатрешни работи од 28.2.1996)
Таки Фити (министер за финансии од 28.2.1996. и автор на програмата за трансформација на општествениот капитал „Макошпед“ и „Македонија табак“)
Зоран Крстевски (директор на Јавното претпријатие за аеродромски услуги до 25.4.1996)
Александар Чепељугин (директор на ЈПАУ по сменувањето на Крстевски)
Абдулменаф Беџети (министер за транспорт и врски од 30.5.1997)
Љубчо Георгиевски (премиер од 1.12.1998)
Љубомир Михајловски Џанго (екс министер за внатрешни работи и екс директор на Царинската управа)
Драган Даравелски (директор на Царинската управа од 19.1.1999)
Илија Илоски (директор на Царинската управа во два мандати)
Павле Трајанов (министер за внатрешни работи)“.



http://www.ljupco.dimitrovski.net/?p=3067

макошпед имал јаки играчи изгледа и кај вмро дпмне

``Во едно од најскандалозните решенија на РСС, за нови судии, во СДСМ ја вбројуваат номинацијата на Николчо Николовски вработен во "Макошпед", без ниеден ден судски стаж, за судија во највисоката судска инстанца во државата, Врховниот суд. Николовски и покрај неговото неискуство во судската професија, заедно со уште три имиња е избран меѓу 50 кандидати што се пријавиле на конкурсот за врховен судија. Николовски, освен што е член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е и член на Државната изборна комисија од редот на партијата.`` -дневник сабота, 18 март 2006
 
АД Макошпед, како логично следсвие по распадот на СФРЈ, произлезен од друштвото а мегународен транспорт и шпедиција ТРАНСКОП Битола, беше втора по големина шпедитерска кука во РМ после Фершпед со сопствен транспорт, осигурување и јавни царински складишта.

Во 2003 или '2004 купен на од страна на АД ФЕРШПЕД, со мнозински дел, продолши да работи успешно, се до моментов.

Тоа што сакам да го казам е дека, ми е жал за лугето таму што останава без работа, тоа се едни од најдобрите царински брокери, на балканот а можеби и пошироко, вредни луге...едни од нацврстите мадерфакери, наинтелегентни и најсестрани административни работници, што некогаш постоеле.

Респект за лугето, и брука за тие шо доведоа до ваквата ситуација.

Иначе, според тоа како стојат реално работите, секоја влада во секое време може слободно и има аргументи да ги затвори сите шпедиции, но исто така и да им прави друштво на нив.

Благодарам.
 
додаток околу ``макошпед``

дел од текст во ``време``-ој се треба да биде прашан за шверцот со цигарите?18.06.2007

``Потенцијални сведоци, ако не и крунски, можат да бидат луѓето што си го поминаа работниот век во „Макошпед“. Оваа шпедиција, со прочуениот акцизен склад во населбата Маџари, беше „центар на светот“, низ кој мораше да помине секој увезен контингент цигари наменети за фри-шоповите, но и за ре-експорт, најмногу кон Црна Гора. Генерален директор на „Макошпед“ до своето пензионирање 2003 година беше Слободанка Поповска Дада, а нејзиниот девер Трајчо Поповски важеше за најблизок соработник. Приватизацијата на „Макошпед“ е правена по стручна експертиза на Таки Фити. Во Бордот на директори на „Макошпед“ со години беа професорите Бобек Шуклев и Александар Николовски.
Она што актуелната извршна власт го откри во „ТК Прилеп“ (случај „Ангатера“ ЛТД), па благодарение на откриеното во притвор, меѓу останатите, го „спакува“ и сегашниот извршен директор на „Макошпед“ Коста Младеновски, претставува само промил од стореното. И сегашниот втор извршен директор на „Макошпед“ Милош Борисављевиќ, беше еден од клучните играчи во компанијата во тој период.
„Макошпед“ си имаше и своја банка, „Кредитна банка“ Скопје се до продажбата на грчката „Алфа“ банка. Основачи на банката беа „Макошпед“ и Благоја Николовски, сопственик на фирмата „Бламар“, инаку познат по срушениот комплекс на луксузни куќи во Злокуќани. Од сенка, целиот процес во „Кредитна“ банка го контролирал Данчо Шутурков, преку својот внук Митко Ноневски, долгогодишен претседател на УО на банката. Црните пари од шверцот со цигари, според сведочењето на Среќко Кестнер пред италијанското обвинителство, со хеликоптери на МУП на Црна Гора, се носени во оваа банка. Како што веќе објавивме, се работи за организиран државен шверц на цигари, извршен со ангажман на руски и украински карго компании кои на Владата на Бранко Црвенковски и изнајмувале авиони „Илјушин 76“ за транспорт на 40-50 тони цигари по еден лет. Транспортерите престануваат да летаат во мај 1998 година пред да се затворат македонските фри-шоп продавници, а во период кога СДСМ и Владата на Црвенковски почнува да се подготвува за изборите во ноември истата година. И за овој дел од шверцерскиот синџир има драгоцени сведоци. На располагање на Јавното обвинителството може да се стави тогашниот генерален директор на УЦВП Горан Павловски, но и неговиот асистент, сопругот на Тренкица Црвенковска, сестра на Бранко. Човекот иако стоматолог по занимање, ја напуштил професијата и се вработил во контролата на летање. Денес Горан Павловски лета како пилот за една странска компанија.``

Еј заборави да раскажиш и што му рекол Гоце Делчев на Тито.... уште ли ве лажат комунистиве*





*(од К15)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom