Заштита на компјутерот при снемување струја

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Често ти снемува струја? Ти рикна напајањето? Земи си од оние APC или како се викаа, ги фалат ко најдобри.
 
Често ти снемува струја? Ти рикна напајањето? Земи си од оние APC или како се викаа, ги фалат ко најдобри.
Не ми е рикнато, ама нешто у последно време приметувам често варира струјава...па превентива.
 
Абе ако пукне, ке пукне само тоа, доволно е квалитетно да не излезе лошата струја од него кон компонентите, а под гаранција ти е, така да.......
 
UPS - от е три во едно: стабилизатор + акумулатор + "алтернатор" (имаше поправилен збор за ова). Имено првиот степен ти е транзисторко стабилизирање на моќноста, односно напонот и струјата и штити од евентуални тиристорски шпицови или празнење во градската мрежа. Во меѓувреме ја претвара наизменичната ел.енергија во еднонасочна. Како таква ја предава кон батеријата и понатамошните степени.
Батеријата ти е некаде во средина. Се полни од стабилизаторот и при негов прекин со транзисторко прекинување може да го замени со складираните Ah.
Третиот степен ти е алтернатор кој еднонасочната ти ја претвара во идеална наизменична и како таква ја праќа кон твојот пи-си.
При ептен тешки хаварии во мрежата можно е (ако е нетолку сигурен) да цркне стабилизаторот. Писито е недопрено.
Инвертор повеќе одговара:helou:

______


Ако UPS-от го земаш само за заштита од поголеми напони ( но не и компјутерот да работи малку подолго одкако ќе снема струја ), имаш ел. шеми на едноставни уреди ( со неколку транзистори, зенер диода и т н ) за стабилизација на напонот, и негово исклучување ако ја надмине дозволената граница.
Ова ќе те кошта многу помалку од UPS-от...
Ако си заинтересиран за ова, гуглај малку, и верувам дека ќе најдеш нешто...
Доколку ненајдеш ништо, побратај такво нешто од членовите на форумов, или во краен случај, контактирајги ви списанието „емитер“...
 
Немора да го прави сам, си има готови стабилизатори за 500-600 денари во форма на продужен кабел со 5-6 шуко. Имаат и заштита од EMI, и по 1-3 осигурачи.
 
Не се замарам со такви работи бидејќи ретко ми снемува струја, ако снема, и кога ќе дојде едно 10-тина минути не го уклучувам компјутерот (ако издржам:pos: ) и то е то. :toe:
 
Епа зависи како го користаш компјутерот. Имам продолжен кабел со 5 дупкички и UPS, знаеш колку е мачно да слегнуваш нешто големко и сабајле да станаш да видаш дека 10 мин по твоето заспивање снемало струја. Така барем ке ми свире и ке ме разбуде. (да му дадам пауза)
 
Епа зависи како го користаш компјутерот. Имам продолжен кабел со 5 дупкички и UPS, знаеш колку е мачно да слегнуваш нешто големко и сабајле да станаш да видаш дека 10 мин по твоето заспивање снемало струја. Така барем ке ми свире и ке ме разбуде. (да му дадам пауза)
Да купуваш УПС само за да ти свири кога ќе снема струја?
Можеш да направиш уред кој ќе ти свири ( или ќе ти даде сигнал на некој друг начин, т.е. ќе те разбуди кога ќе снема струја, на пример, со кофа вода...се шегувам во врска со ова ) ако напонот падне под некоја определена вредност...
А можеби можеш и да купиш направено вакво...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom