Јас доцнам ама да се приклучам во разговорот. Merchant shares е HYIP, ама е страва HYIP. Кој влегол на време извадил и вади константно убави пари од таму. Дали е предоцна сега да влезеш - е тоа не знам (ризик јак, мила душа...) И да, постои година и нешто, какви си се тие 6-7 години и чуда.... Приказни за деца...
Јас контактирам со поголем број на луѓе што буквално живеат од пари заработени на интернет. Кога го прашав еден од нив зошто промовира толку многу програми активно, а речиси воопшто не ја промовира Merchant Shares, коа според него му е најдобра и најстабилна во моментот, ми одговори дека од Merchant Shares повлекол толку многу пари што нема кај да ги стави сите payment proofs.
Во главно, MS се одржува уште затоа што има многу мал return, па иде бавноооо и бавноооо и бавнооо... Не очекувајте да постои вечно, нема да се случи. Тоа е убавината на HYIP ако знаеш убаво да избереш. Битна ти е информацијата, или да имаш некој insider. Често истите луѓе отвараат програми, или луѓе кои до тој момент заработувале на тој начин си стартуваат своја. Битно е да го знаеш админот, или да имаш некакво инфо за него, ама најбитно од се е кој ти е спонзор. Никогаш, ама баш никогаш не одете со дифолтниот. Барајте или некоја гаранција, или reff cashback на вашата инвестиција, ама не паѓајте не финти "страната гарантира". Ако страната се затвори нивната гаранција ништо не ти значи, нема никаде да ги најдете.
И инвестирајте, ама инвестирајте пари што можете да си дозволите да ги изгубите. $10 тешко дека ќе ве доведат до било каква заработка, а како free user не ни помислувајте дека ќе заработите нешто повеќе од неколку доларчиња месечно.