Заработувам официјално од фивер, но луѓето почнаа на скриен начин да ми оставаат скајп или имејл така сега воглавно преку скајп контактирам за билокаква работа што ја бараат и веднаш после тоа плаќаат, намерно не им кажувам колку да ми платат за сами да одредат за и друг пат побараат услуга...

испод 30$ досега никој не платил на овој начин. Исто така не можам да се пожалам од clickbank.com тука се прават пари од ништо. 2-3 месеци ќе се изнамачиш но после можеш слободно да дремеш во некој кафич и да гледаш како заработката ти расте од саат на саат.
И едно запамти не треба да се претставуваш како од Македонија, на никого не му е гајле за нејзе а си бараат нашинци тоест нивни сограѓани. (Американци и Англичани се воглавно што плаќаат) Немој да фаќаш работа со некој пакистанец, индиец или било кој од тие земји верувај ми повеќе ќе треба да им сработиш за сумата што ќе ти ја дадат а може и да ти наштетат.