Не сакам да носам дома женска само за да се запознае со нив. Ја не ни кажувам која е додуша, обично ги оставам сами да прашаат (што и ке го напраат отпосле). Ја донесувам од сосема трета причина, и нејкам многу многу да ги информирам зашто знаат да замараат отпосле коа ке ме начекаат сам со зборови како "снашка, свадба, ти кога ке се жениш вака и вака", дури и само другарка да сум донел. Сакам што повеќе приватност у однос на моите родители по оваа работа, и нивно дистанцирање, зашто знаат да бедираат.
Добра тема. Види, сум се запознавала но секогаш сум била против тоа (тогашниот дечко знаел и да ми се налути за тоа што несакам средба со неговите родители). Еднаш налетав на една девојка (тогаш беше веке мажена) и зборевме на таа тема и ми рече: "јас мажот ми го запознав со моите два месеца пред нашата свадба, тогаш официјално и јас се запознав со неговите. И верувај од претходно искуство одлично е ...затоа што ти не си со него за неговите. Ти си со него и си решила да жиевееш со него затоа што тој ти се допаѓа а не неговите родители"


