- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.334
Западот не може војнички да ја порази Ал Каеда
14.11.2010 12:56
Новиот командант на британската армија, генерал Дејвид Ричардс изјави денеска дека исламистичките, милитантни екстремисти ќе бидат закана за безбедноста на Велика Британија во следните 30 години и оти Западот не може војнички да ја порази Ал Каеда.
Во интервју за Би-Би-Си, генерал Ричардс изрази уверување дека Ал Каеда и милитантниот ислмистички екстремизам може да биде запрен и ставен под контрола за да може да се обезеди сигурност на британските улици и на Британците, но не може да се обезбеди победа во војничка смисла.
„Војничка победа или пораз има во конвенционалните војни кога армијата на една земја ќе навлезе во главниот град на друга“, вели британскиот генерал, објаснувајќи дека една ваква ситуација не може да се има во пресметката со Ал Каеда.
Според командантот на армијата, на Британците и на Западот воопшто и не им се потребни војнички победи затоа што ништо не се добива со поразот на исламистичките милитанти.
Тој затоа инсистира дека е позначајно во сегашниот судир да се обезбеди безбедност за Западот и за луѓето кои таму живеат. Генерал Дејвид Ричардс е само еден месец на функцијата командант на британската армија. Претходно неколку години помина како командант на британскиот воен контингнет во Авганистан.
Во Лондон се смета дека ваквата изјава на приот човек на британските вооружени сили е знак за „новиот реализам“ во Велика Британија кога станува збор за судрирот со милитантниот исламизам, но и во американските безбедносни структури.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=130204