Замокот е мој!

  • Креатор на темата Креатор на темата viktor_mak
  • Време на започнување Време на започнување
Множете се деца,пари за 3то дете даваат. или не ? :star:
 
Ќе бидеш зафатен пиејќи сокче, а јас и моите нинџи ќе го окупираме твојот замок. Кој што секако, ќе биде мој, ај може да ти дадам неколку собички..
 
Не е важно чив бил, сега е мој. :baeh:
 
Имам немам, мој си е. :baeh:
 
Ќе ти викнам градежна инспекција, во која ќе биде и мојот пријател Трајчо кој ќе се потруди едноставно да немаш платено комуналии, и ќе го прогласи замокот за дивоградба. Државата да го конфискува замокот и ќе го подготви за рушење. Ама другарот Трпче кој работи во министерството ќе се погрижи сите решенија за рушење, молби, поплаки и се’ друго што може да пуштиш да заврши како хартија за мотање на тегли кои ги пушта жена му на син му, студент во Бугарија. Откога ќе минат три години, владата ќе го даде замокот на тендер, на кој ќе се пријави само, и само мојата човек-фирма „Коловрт-Комерц“ регистрирана на Папуа Нова Гвинеја. Откако ќе ја прифати мојата понуда, ќе ги префрлам фиктивните пари од мојата сметка во банка на Маурициус на сметка на Народна банка на Р. Македонија, и по вадењето документи по брза постапка, по неколку месеци ЗАМОКОТ Е МОЈ!
 
Ќе ти пратам батки да те тепаат кај ќе те најдат. Нив ќе им се здосади да ти помагаат, а ќе ти се здосади да бркаш врски за се` и сешто и ќе ми го дадеш мене замокот :baeh:
 
Де бе остајде ми го замокот, доста ви давав да си играте :)
 
Џабе ви е се’, бе!
Груевски е зет на трет братучет на мајка ми. Гордана Јанкуловска му се паѓа снаа на синот од првата жена на третиот братучед на дедо ми, а пак првиот братучед (алооо, првиот) на Михајло Маневски е војнички другар на братот на другиот ми дедо.

Со вакво семејно стебло можам да ги имам сите замоци во Македонија, вклучувајќи ги и Самоиловата Тврдина и Скопско Кале, ама си го сакам само овој. Значи, што и да се трудите, на крајот ЗАМОКОТ Е МОЈ!
 
Маци, а ти знаеш дека Иванов ми е брат? The castle is mine. :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom