Заминување во манастир

Девојка ете истото го барала на времето на друга тема: да оди до манастир, да се среди и да си продолжи со кариера...
Дури и escape plan се има... дали може да се откажеш?

Човеков спомна да замине во манастир и да се посвети на духовен живот, не рече да се замонашува... веднаш муабети му вадите!
Не може да замине на 7 дена или месец дена во манастир?

Да, може, на некое кратко време.

Ама членот вели „да заминам„, не „да одам на одмор„ во некој манастир, така да неговата намера повеќе личи на трајно одвојување од световното живеење со посветување на духовноста...
 
И јас би рекол да заминам, и не ми значи замонашување... тебе така ти дојде дека значи... заминување во манастир = замонашување...
Ќе почекаме да дојде да каже, иако најдобро е да си оди на кратко време, да смени рутина, да види како е и дека облекување црна мантија за до крај на живот не е зафрканција или дека тоа е решението на човековите проблеми во даден момент!

П.С. Да беше толку едноставно и ти ќе беше во манастир, не на форум... и нема тоа врска со „повик“ или со не знам што - има врска со волјата! Ако волјата ти вели да бидеш монах, не постои бог што ќе те попречи во тоа... ниту пак човек!
Но треба да знаеш зошто си скроен на Земјата!
 
Има врска со волјата кај Кроули, а во Црквата се‘ се одвива онака како Бог промислил или допуштил.
 
Има врска со волјата кај Кроули, а во Црквата се‘ се одвива онака како Бог промислил или допуштил.
Ти не разбираш што ти зборувам, бидејќи ако не е од „а до ш“ како што напишал Пајсиј или некој од црквата, не збориме добро ... :)
Бог тебе не ти допуштил да бидеш монах или не си способен да слушнеш што ти зборува богот па на форум кајгана расправаш од црква до политика, до се и сешто?
Или знаеш дека не си за тоа, за монашки живот и строг живот по правила на црквата на која се повикуваш?
Ако знаеш дека не си за тоа... како тоа делиш совети? И како тоа напаѓаш други, кога си ја знаеш неспособноста?
Да бидеме како тебе?

Делите совети туку така, како авторитети, а реално не можете себе си совет да си дадете... јер Црквата!
 
... членот што ја отворил темата е поради нерешлив проблем со менталното здравје, би требало околу тоа искуства ако некому му помогнало престој во манастир или духовно посветување, нему не му треба да го учиме како да се моли или околу молитвите!!
 
Дефинитвно би препорачал да си посети манастир и таму да остани некое време за да се излекува, навистина некогаш ако остани на едно место не може човек да се излекува, тоа е долг процес и бара време. Исто и кај мене, ми требаше време психички да се средам малку за некои работи да ги видам и да речам чекај застани - што прајш?
Жално е што во денешно време сме соочени со стрес и нервози, ама тоа е поради тоа што немаме како луѓе сочувство и емпатија со другите.
 
... ако имаш сопствено искуство во манастир, напиши ги почетоците, помогни му !
 
@Пророкот @Хептаграм XI

Во очи вистински проблем, вие зборите за семантика, што значело да се “замине” во манастир?

Сакам да заминам во манастир и да се посветам на духовен живот. Сум чул дека ваква опција има за во Бигорски ама ја сакам некој во околината на Скопје. Кој манастир во Скопскиот регион би ми го препорачале за оваа намена?
Можеби животот не ти дозволува подалеку од Скопје штом прашуваш за конкретен манастир, но отиди до било која црква близу тебе и ќе добиеш насока од свештено лице. Вратите се токму за тоа отворени. Во многу случаи помага промена на сцената и затоа луѓе одат во не толку блиски манастири, поради навики и рутини од животот, па не се плаши дека ќе те пуштат далеку од кај што си. Може и во склоп на самата црква да имаш шанса да се посветиш на духовниот живот.

Од друга страна продолжи да даваш шанса и на медикацијата ако веќе имаш обиди со тоа. Збори ако можеш редовно и со стручно лице од медицината и давај шанса на сите препораки. Од гласови, до хормони, решението можеби е на дофат. Не мора да е само едно решение.

А штом прашуваш и бараш помош е добро, тоа нека те осигури дека во себе имаш волја дури и кога не ја осеќаш. Повторувај си го тоа и реинфорсирај го секогаш кога ти е тешко и се осеќаш изгубен, мораш да не заборавиш дека ја имаш и носиш во тебе и во најтешките моменти. Имаш во себе нешто што трага по мир и полесен живот, без разлика на сите гласови и чувства. Прашање на време е што ќе ти помогне во комбинација со таа волја и желба за живот. Верувај во тоа и кога не можеш да потврдиш дека постои, сакам да знаеш дека е во тебе како што е во сите. Поздрав.
 
... ако имаш сопствено искуство во манастир, напиши ги почетоците, помогни му !
Немам престој целосен, но имам престојувано на прва целосна литругија во манастир, тоа е да кажам почеток на мојата духовна обнова и прв пат причестено во манастир. Почетокот кога човек од проблемите се свртува кон Бога не е лесен, бара многу откажување од некои работи и целосно посветување на она што значи да се признае живиот Бог и да признаеш дека си грешен.
Литургијата го менува умот, го осветлува и човек што присуствува на литругија ќе чекам да оди пак, бидејќи тоа е прекрасно чувство и местото каде и да се наоѓа дали во манастир или во црква не е толку битно колку литургијата и светата причест.
Мора да признаам дека во повеќе наврати се покајувам за гревовите и дека навистина размислувам да пристапам кон исповеда со божји благослов и по благослов на пресвета Богородица, а потоа и да се причестам, бидејќи причеста го обновува целосно човек.
За исповедта морам да признаам дека многу помага и ви препорачувам на сите вклучително и членот што бара помош да се исповеда во најскоро време и со божји благослов да си се причести, секако во договор со свештеникот.
Во повеќе наврати ми иди да плачам и се исплачувам, заради преголемата божја милост, на болест и маки колку пати ме предаде Господ, но на смрт не ме предаде целосно, туку ми го продолжи животот, а сето тоа беше заради моето безумие и беззаконие кое го вршев и уште згрешавам пред Бога и признавам дека сум грешен, но сум жив заради неговата огромна милост.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom