... тој нема да иде на Православниот богословски факултет, нему не му треба обраќање до луѓето кој се во служба во црквата или како пишуваш ти до парохинско свештенство, нему му треба негова Верба кој треба да биде толку силна „да не ги слуша тие гласови“, а тоа треба да биде директно меѓу него и Севишниот и никој друг, неговиот физикус е важно да биде во „негова куќа“ и ништо друго, а неговата помисла за „духовен живот“ не мора да значи и замоштување и не мора да се правда пред никого, манастирот, црквата е Господова куќа,
...пишуваш дека „Бог повикува за монах“, не се сложувам, во моментот гласот во него е да „проба“ поинаков живот -духовен, да се откажи од многу задоволства за возврат на подобрување на здравјето, помислата за Виша Сила која ќе му помогне, а таа Виша Сила го повикува „да проба“, затоа се распрашува во близина на Скопје, инаку да беше во поинаква фаза ќе идеше било каде за замоштување,
... пред замоштување (треба да знаеш) дека има многу фази каде личноста за духовен живот посветен (целосно) треба да ги помине, не како некој тест даден од овдешни свештеници, туку тест на негова душа, личност и промена зависи во каков правец ќе иде, дали таа Верба е толку силна да ја направи таа промена во сопственото здравје за кој ќе биде благодарен по негова воља, дали ќе се замошти, дали ќе помага во манастирот со свој труд или на било кој начин благодарност!
...затоа го разбирам, па и го охрабрувам ако навистина чувствува дека ќе има промена и има таква Верба, затоа сака во близина на Скопје, затоа што сака да биде поблиску до најблиските и да може во секој момент и да се откаже ако не биде задоволен од успехот!
... Господ, Севишниот, сакаш Виша Сила, не одбира личности, не повикува да бидат монаси или посветени, сите тие личности сами Него го одбираат, а Тој само ќе ги прифати во својата куќа, било црква, манастир или друг верски објект!
... тој што сака да се посвети на духовниот живот, може да не изусти ниедна молитва, а да биде верен, да го почитува и да се посвети на Севишниот, молитвата е за луѓето, за себе, а не за Господ!