Кога веќе сме тука, денес го празнуваме заминувањето на братот Пердурабо од човештвото како човек.
На овој ден, далечната 1947-ма умира човекот познат како Алистер Кроули, најпознатиот магичар на XX век кој што овозможи иницијациите во мистериите да се достапни за секој! Човекот кој го прочисти Ритуалот и знаењата протекоа исчистени од догмите и натрупаните симболи кои само го заморуваа аџијата по својот Пат...
„Малубројните сериозни практичари и иницијанти, чувари на знаења кои се пренесуваат со еони низ човековата историја, ја видоа големата празнина и невистина која се шири како болест во однос на магиката и Телемата(волјата) и решија да излезат од својата таинственост и да почнат да ги „издаваат“ своите тајни за да бидат достапни секому.
Тие увидоа дека моќта која ја нудат тајните знаења не лежи само во аристократијата, ами открија дека и оној селанец со раце испукани од земјата, ако ги изведува праксите може да ги искористува моќите кои ќе ги здобие. Тие увидоа дека „Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“!
- 666ти пат за Телема
Алистер Кроули е Човекот преку кој дојде Законот на Телема и прогласи дека „Секој маж и секоја жена е ѕвезда“ - Liber AL, I:3
“Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон” “Нема закон над Прави што ти е волја”
“Зборот на Законот е Θελημα” – Телема – значи Волја.
Клучот на оваа порака е овој збор – Волја. Првото очигледно значење на овој Закон е потврдено со антитезата: “Зборот на гревот е ограничување”. И повторно: “Ти немаш право освен да ја вршиш својата волја. Прави го тоа и никој нема да ти рече не. За чиста волја, неослабена од цел, ослободена од страсти за резултат, секој пат е совршен”.
Проучи го ова внимателно; изгледа оти ова подразбира теорија дека ако секој маж и секоја жена ја извршуваат својата волја – вистинска волја – нема да има судири. “Секој маж и секоја жена е ѕвезда”, а секоја ѕвезда се движи по утврдена орбита без мешање.
Има доволно место за сите; единствено нередот создава конфузија. Од овие разгледувања треба да биде јасно дека “Прави што ти е волја” не значи “Прави што сакаш”. Тоа е апотеоза на Слободата; но тоа е исто така и најстрого можно ограничување.
-
Порака на Мајстор Терион
Истиот Човек во „Едукација на Децата“ вели:
„
Секое дете е Бог на својот сопствен Универзум, а едукацијата ја развива неговата контрола.
Не смее да се подучува ништо освен како да владее со својата околина.
Вистината е првиот услов; тоа мора да ги согледа сите факти научно.
Храброста е втор услов; тоа мора да ги зграпчи сите факти одлучно.
Организацијата е третиот услов; мора да ги интегрира сите импресии и прописи.
Мора да биде дозволен апсолутен авторитет над неговите реакции, но неговата тенденција да се прелаже себеси или да бега од реалноста мора да се каутеризира со упорно соочување со одбивните реалности.
Тоа мора да знае незамаглено, да се осмелува бестрашно, да одлучува интегрално и да молчи возвишено. “
-
За Едукација на Децата, Алистер Кроули
И за крај,
тука може да го прочитате
Тестаментот на Алистер Кроули. На друго место можете да ја прочитате кратката историја на неговиот живот.
„... и благослов и обожување на пророкот на красната ѕвезда!“
- Liber AL, II:79