Заклучена љубов

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.616
Поени од реакции
15.449
Возраст
70
Локација
Skopje
Одиме кон Запад.Кога запад (Париз)се решава од вакви работи,а ние тек почнуваме.
Верувате ли во заклучена љубов. Дали заклучениот катинар е сигурност за верност.
И ние во Скопје си имаме МОСТ НА ЉУБОВТА,младите кој се сакаат си го одбраа.
Е кој прв почна незнам,ама веќе е целот мост нареден со заклучени катинари.
Дали некој од вас има таму оставено заклучен катанец,како амјлија за среќа во љубовта.
Дали е правилно одбрано местото за поставување на овие знакови за вечна љубов.
Нели беше подобро тоа да е да речеме на големиот мост на големото Езеро Козјак.
Езеро кое малкумина го имаат видено, па да се почнеше таму со вакво нешто.
Па да се привлечат заљубените млади кон нашето богаство, зелената природа.
Па таму да се направеа и некој кампови,младински центри и хостели-преноќишта.
Односно се што му е потребно на еден млад човек:дружење,разонода,екскурзии и...
И спортски терени, и дискотеки, и скопски кафичи и барови и ретсорани и мини Сити Мол.
И да љубови пред се..мора ли се да е во Скопје,ајде кој прв ќе почне во Поречието.
Па и не мора да е таму,Македонија е полна со такви убави места и полна со љубов.
Picture 2466.jpg ,Picture 2467.jpg ,Picture 2468.jpg
 
Ja pa pomisliv nekoj momak bara pomos , oti tatkoto na libeto mu ja zaklucil doma.
 
Па тука не станува збор за суеверија и за ред други работи туку станува збор за овековечување на моментот. Некои на пример на времето изјавувале љубов во кафани, некои под некое дрво, тие што ставиле тука катанец и го обележале си изјавиле едни на други љубов тука. Дури и кога ќе се случи разделба пак, човекот има едноставно потреба (ова се однесува на двата табора, и мажи и жени) некогаш да се врати во минатото и да се потсети на убавите мигови кои ги поминал со саканата личност, а во овој случај кај некој тој потсетник е на пример катанецот кој го закачиле тука, на некои им служи како потсетник на пример некое дрво во градски парк, на трети некоја кафана и така натаму.
 
Како што пишав, не е важен катанецот колку што е важно овековечувањето на моментот...
 
Пред некое време поминувавме по мостот со катанците, и си викам каков катанец - натерај го да потпише кредит на 20 години најмалку и заклучено е...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom