Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Едно е сигурно, со овој мерцедес неможеш да изгубиш контрола во кривина, па и намерно да сакаш да го сториш тоа. Кој се разбира малце повеќе од автомобили му е јасно ова и какви системи против пролизгување има овој автомобил.
Е сега не сум сигурен дали те принудува да ставиш каиш за да тргне, но има многу што ги заклучуваат каишите на празно седиште. Ако е тоа точно тогаш во секој случај СЕ ОТВОРИЛ аир бегот, така да муабетот за нагмечување на волан не држи вода.

Друга битна ствар е што мерџанов има night vision камера, е дали снима и колку чува меморија е друг муабет...

Во секој случај, премногу елементи за сомневање има., дали некој направил "сервис" над автомобилов во скоро време ќе остане мистерија
E ne so fiko ke izletas so 200km od patot. ..
 
едно е јасно,човекот возел пребзо на ова место.зошто е веќе друга тема
 
ако го познавал некој од форумџиите нека кажи за каков возач станувало збор,стабилен/нестабилен/одговорен/зависник од адреналин итн. и да не нагаѓаме повеќе дали е или не е режирано ова
 
Се отвориле сите перничиња, ама за жал не го спасиле.

Интересни нови детали и видувања
Последен пат Никола Младенов зборувал телефонски со сопругата приквечерината во вторникот. Таа го пријавила Младенов за исчезнат во полицијата откако ноќта после полноќ се загрижила бидејќи тој не и кревал телефон, ниту пак и јавил каде оди, однесување кое воопшто не наликувало на Никола Младенов, и нешто што, според семејството не се случило никогаш во нивниот брак.

Од друга страна, поранешниот директор на Агенцијата за контраразузнавање, Кире Наумов во разговор за НОВА, вели дека тој и Младенов имале договорена средба во седум часот вечерта во Скопје. Наумов се обидел да го добие од седум до седум и триесет, но на едниот телефон линијата била постојано зафатена, а на другиот телефон (Младенов поседувал два телефона) бил недостапен. По некое време се откажал под претпоставка дека му излегла некоја важна непредвидена работа.

Засега не се знае каде бил Никола Младенов пред несреќата, од каде доаѓал и со кого се видел последен. Никој не ги споменува ниту камерите на наплатните рапми за патарина во непосредна близина на местото на несреќата каде Младенов би морал да помине доколку возел по тој пат.

Истражните органи информираат дека ќе ја вештачат колата, но не информираат дали се испитуваат камерите, телефонските листи на Младенов и дали се испрашувани луѓе и сведоци со кои можеби контактирал.

Од судска медицина нема детали ниту точно време кога настапила смртта, освен некои неофицијални разговори со новинари каде се вели дека смртта најверојатно настапила околу четири часот вчера утрото, а дека причина за тоа бил силниот удар со градите во воланот.
 
И...? Вие сакате првиот ден сите информации да ви ги дадат на дланка... Што ве гледам смешни.
ПС. Денес на некој километар пред Стража према Охрид излета едно возило... се запрашал некој што е со возачот?
 
NAJAVA: nedela, 20 h., čitajte www.burevesnik.org

Koj i ZOŠTO go ubi Nikola Mladenov!?

aj da vidime so ke pise. i dali ke dade konkretni iminja.
 
Zato privaten vozac ke si zemis i kuliranje.. Skrzavi za da potrosat nekoj kesh, epa sea neka go zakopaat zaedno so parite.
Branko e kriv inace. GI potrosil parite od tuzbata.
 
Абе не се филмајте многу, кој бил извршил атентат на еден новинар кој немаше никакво влијание врз креирање на јавното мислење.Угушија Сител и компанија све што вредеше во МКД оддамна.
 
Абе не се филмајте многу, кој бил извршил атентат на еден новинар кој немаше никакво влијание врз креирање на јавното мислење.Угушија Сител и компанија све што вредеше во МКД оддамна.

Младенов немал влијание? Ме зафркаваш, така? Тоа што не работеше во некој комерцијален весник и што го немаше често на телевизија, не значи дека не бил влијателен. Човекот беше репер за сите новинари. Врз негови ставови и мислења, другите градеа свои тези и свои мислења.
Да излезел Латас на пример, да каже нешто поврзано со огромна нерегуларност на избориве што заминаа, немаше многу да биде веродостојно. Или Мирка или па Биљана Секуловска. Ама истото да го направеше покојниот Младенов, ќе видиш дали нема никакво влијание.

Зоран Божиновски, мислам дека сере овојпат. Како да чекаше ваква ситуација, да си направи филм. Има некогаш некои точни информации, ама во глобала преовеличува и малце си измислува.
За 3 дена ќе дознае тој, што и како...
 
Младенов немал влијание? Ме зафркаваш, така? Тоа што не работеше во некој комерцијален весник и што го немаше често на телевизија, не значи дека не бил влијателен. Човекот беше репер за сите новинари. Врз негови ставови и мислења, другите градеа свои тези и свои мислења.
Да излезел Латас на пример, да каже нешто поврзано со огромна нерегуларност на избориве што заминаа, немаше многу да биде веродостојно. Или Мирка или па Биљана Секуловска. Ама истото да го направеше покојниот Младенов, ќе видиш дали нема никакво влијание.

Го читам јас Никола Младенов уште од ко бев средношколец, дај кажи реално како успеа со своето влијание да смени нешто во Македонија.Исто како и Горан Михајловски од Вест, сите го читаат, ама што - ЏАБЕ!
 
A кој успеал да смени нешто во ваква држава? Битно е што успеал да натера луѓе да се замислат, да говорат јавно за проблемите и битно е што човекот влијаел врз многу луѓе и негови колеги и индиректно помогнал во нивното изградување.
--- надополнето: 29 март 2013 во 01:13 ---
A кој успеал да смени нешто во ваква држава? Битно е што успеал да натера луѓе да се замислат, да говорат јавно за проблемите и битно е што човекот влијаел врз многу луѓе и негови колеги и индиректно помогнал во нивното изградување.

И знаеш зошто е џабе? Затоа што сите ги читаме, велиме дека се согласуваме со нив, пишуваме од пред компјутер, а не дејствуваме на никаков начин. Ете затоа е џабе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom