Загатки

  • Креатор на темата Креатор на темата ~DaRko
  • Време на започнување Време на започнување
Имате 5 свеќи,три сте угаснале колку ќе ви останат?
 
Човек облечен цел во црно оди по улица без улично осветлување.Од другата страна доаѓа кола без запалени светла и оди право накај него за да го прегази. Како човекот во колата го забележал човекот во црно?

Ајде генијалци :zlo:
 
Епа сигурно е дење:toe:
 
Човек облечен цел во црно оди по улица без улично осветлување.Од другата страна доаѓа кола без запалени светла и оди право накај него за да го прегази. Како човекот во колата го забележал човекот во црно?

Ајде генијалци :zlo:
Па сигурно бил белец
 
Електричен воз тргнува од Битола за Скопје во 14:00 и патува со просечна брзина од 85 km/h. Во 15:00 почнува да дува северозападен ветер со брзина од 27 km/h. На каде се движи чадот од возот и со која брзина?
 
Која книга порано била поседувана само од богатите а денес може да ја има секој, но не може да се најде во ниту една продавница или библиотека?
 
Електричен воз тргнува од Битола за Скопје во 14:00 и патува со просечна брзина од 85 km/h. Во 15:00 почнува да дува северозападен ветер со брзина од 27 km/h. На каде се движи чадот од возот и со која брзина?
Возот е електричен...т.е. нема чад :)
 
Почнувате да ме нервирате :pred:

Ај на ова помачете се малку:

Имате 5 куќи во 5 различни бои. Во секоја од нив живее човек од различна националност. Тие 5 луѓе пијат различни пијалоци, пушат различни цигари и чуваат различни миленичиња. Никој нема исто милениче, не пуши исти цигари и не пие ист пијалок. Французинот живее во црвената куќа.
Македонецот чува куче.
Англичанецот пие чај.
Зелената куќа е лево од белата.
Човекот од зелената куќа пие кафе.
Човекот кој пуши Marlboro чува птици.
Сопственикот на жолтата куќа пуши Boss.
Човекот кој живее во средината пие млеко.
Србинот живее во првата куќа.
Човекот кој пуши Rodeo живее до човекот што чува мачка.
Оној кој има Коњ живее до човекот што пуши Boss.
Човекот кој пуши Parlament пие пиво.
Германецот пуши West.
Србинот живее до плавата куќа.
Човекот кој пуши Rodeo има сосед кој пие вода.

Прашање:
Кој чува риби?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom