Загатки

  • Креатор на темата Креатор на темата ~DaRko
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е типичен пример за парадокс. Секој кој ќе проба да го најде одговорот ќе заглави во затворена јамка на последователни логички заклучоци. Нешто слично како изјавата: „Јас лажам“.

Многу математичари рекле дека вистинското задоволство не е во решението на задачата туку во решавањето на истата. Расудувањето во кое на поставеното прашање не може да се даде ниту одговор „да“ ниту одговор „не“ се нарекува парадокс. Логичките парадокси се карактеристични по тоа што од која претпоставка и да се тргне се доаѓа до контрадикција. Парадоксите се стари колку што е стара западната филозофија. Еден од најпознатите парадокси е оној на Епименидес од Крит, кој гласи:„Сите Критќани се лажговци!“. Зборот парадокс доаѓа од грчките зборови „para“ што значи после и „doxa“ што значи мислење, верување. Многу филозофи верувале дека постоењето на парадоксите покажува дека светот во својата суштина е контрадикторен, па затоа никакво решение не може да се понуди за нив. Меѓутоа многу парадокси имаат решение, на пример парадоксот на Галилеј дека постојат исто толку природни броеви колку што има полни квадрати, решен со развојот на Канторовата теорија
за множества.
 
„Во некое село си бил некој бербер кој ги бричел сите оние кои не се бричеле сами. Дали
берберот се бричел сам себеси?“

јас мислам има две варијанти:
1. берберот не се бричел, си чувал брада човекот
2. берберот бил жена
 
„Во некое село си бил некој бербер кој ги бричел сите оние кои не се бричеле сами. Дали
берберот се бричел сам себеси?“

Па изгеда се бричел самиот себеси бидеќи не е спомнато дека имало и друг бербер а ако не се бричел сам кој би го бричел.. *ги бричел сите оние кои не се бричеле сами* со ова барем јас сватив дека немало друг бербер во селото
А дека бил бербер значи мора да се бричел бидеќи не ја бива
на продавницата да пише бела техника а во натре магариња за продавање...:pop:
 
aqva, кај си човече се испотепаа луѓево. ајде пукај, како е одговорот за со берберот
 
aqva, кај си човече се испотепаа луѓево. ајде пукај, како е одговорот за со берберот

Не сум толку активен по форумов имав и други обврски извинете.
Одговор: Да претпоставиме дека берберот се бричел сам. Тогаш тој е еден од оние кои се бричат сами, а тој ги
бричи оние селани кои не се бричат сами, што е контрадикција со направената претпоставка.
Ако, пак, претпоставиме дека берберот не се бричи сам, тогаш тој е во онаа група која ги бричи берберот, па пак
се доаѓа до контрадикција. Така барем стои одговорот, а тоа колку држи вода незнам, воедно може како одговор да следува како што напомена некој горе дека берберот бил жена додека можно е и берберот да бил млад и да немал брада.
 
туку да, сега ми текна на оваа загатка класната ни ја поставуваше на школо и сепак не се знае точниот одговор има повеќе претпоставки

еве ви уште една полесна:
Електричен воз влегува во тунел со брзина од 70 км/ч...На излегувањето од тунелот во локомотивата дува ветер од јужен правец со брзина од 20 км/ч...На која страна ќе оди пареата од локомотивата????
 
Електричен е возот :helou:
 
aj ako uste e aktivna temava i ja da pisem edna zagatka :
Ruskata tajna agencija KGB spremile svoj spiun za da go ubacat vo CIA( go naucile da vrti laso, da pie viski,da java konj itn ) i uspeale vo toa vlegol agentot vo CIA.No vo isto vreme amerikancite obucuvaat nivni agent da vleze vo KGB(go naucile da pie votka, da igra kazacok itn)megjutoa samo sto slegol amerikanecot na aerodrom vo rusija rusite vednas go otkrile.Kako????????
 
пратиле црнец??? или бил по кратки ракави,незнаејки дека у русија е -10???:vozbud::vozbud:
 
Одговорот на загатката со глувонемиот и слепиот син во пустина е дека кога видел глувонемиот дека татко им умрел, заплакал и го гушнал братот, а слепиот кога почувствувал мокро на градите сватил дека татко им починал....М?М?М?М?М?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom