- Член од
- 8 февруари 2009
- Мислења
- 911
- Поени од реакции
- 173
Ова е типичен пример за парадокс. Секој кој ќе проба да го најде одговорот ќе заглави во затворена јамка на последователни логички заклучоци. Нешто слично како изјавата: „Јас лажам“.
Многу математичари рекле дека вистинското задоволство не е во решението на задачата туку во решавањето на истата. Расудувањето во кое на поставеното прашање не може да се даде ниту одговор „да“ ниту одговор „не“ се нарекува парадокс. Логичките парадокси се карактеристични по тоа што од која претпоставка и да се тргне се доаѓа до контрадикција. Парадоксите се стари колку што е стара западната филозофија. Еден од најпознатите парадокси е оној на Епименидес од Крит, кој гласи:„Сите Критќани се лажговци!“. Зборот парадокс доаѓа од грчките зборови „para“ што значи после и „doxa“ што значи мислење, верување. Многу филозофи верувале дека постоењето на парадоксите покажува дека светот во својата суштина е контрадикторен, па затоа никакво решение не може да се понуди за нив. Меѓутоа многу парадокси имаат решение, на пример парадоксот на Галилеј дека постојат исто толку природни броеви колку што има полни квадрати, решен со развојот на Канторовата теорија
за множества.