Загадување на воздухот

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Само Резолуција.
Веќе си купив исто капутче ко на Љупчо кога дојде од Делчево, за инспирација, одма ќе ја искуцам!

Сметам дека и кај народот има отсуство да се реши овој проблем. За другите не знам, лично се држам до категоричкиот императив за градењето на моралниот компас, и сметам дека изворот на предлог-решенијата треба да започне од секој поединец, па потоа најреалистичните, со кои би се постигнале некакви резултати, да бидат имплентирани како системски мерки и решенија. Дислокацијата, надвор од градот, на најголемите загадувачи нема да го реши проблемот затоа што со оваа траекторија на ширење на градот, за 10-тина години, повторно истите ќе бидат во самиот град. Можеби привремено ќе го амортизира проблемот, ама трајно нема да го реши.

Нешто што позитивно ме изненади кај Орце е тоа што не е силеџија. Започна да го чисти Вардариште, мал дел, за краток временски период, од таа депонија е исчистена. Внимателно ги поставува кадровските решенија, пример зоолошка. Дури и има пристап за соработка со опозицијата, не само во Советот, туку и во ЗЕЛС. Се надевам дека посериозно ќе се позанимава со овие проблеми, посебно со Вардариште, кое е системот на зараза на цело Лисиче. Ова беше предмет на дискусија и на последната сеница на Советот на град Скопје, дури и како градоначалник на Кисела Вода, поставил неколку мерни станици. Првата и последната година, за секој градоначалник, се ударни. Временските прилики не се на негова страна, има време до пролет да ги видиме првите резултати.

Дури и отсуството за визуелизација на проблемот е проблем. Тука каде што живеам е поприлично чисто. Се симнувам за на работа, катастрофа. Сакам да кажам, некои граѓани само периодично мислат на овој проблем, иако секојдневно се сооочуваат со истиот, цело време не го гледаат. За ден-два ќе заврне дожд/завее снег/дувне ветер, градот ќе се исчисти и проблемот кај речиси сите ќе исчезне...се до наредниот циклус.
 
Нешто што позитивно ме изненади кај Орце е тоа што не е силеџија. Започна да го чисти Вардариште, мал дел, за краток временски период, од таа депонија е исчистена. Внимателно ги поставува кадровските решенија, пример зоолошка.
Не можам да проценам дали си ироничен или не :D
Оној слон што го стави за директор на ЗОО е докажан преварант, во сурат му се гледа дека е тежок имбецил.
 
Костова е в.д.директор на зоолошка, пред некој ден беше именувана.
 
Именувана е поради тоа што порталиве почнаа да му ги вадат гомната на тој шибицарот, инаку уште од петокот требаше да биде он директор. Крајно време е по установиве и јавниве претпријатија да се ставаат луѓе кои работат во истите, а не луѓе кои освен чистење партиски клозети немаат ама баш ниту еден ден работен стаж.
 
Не беа (само) порталите, туку иницијативата за наметнување на политички притисок за секакво одметнување на идејата тој да биде поставен како в.д.диркетор дојде од самиот тим на Орце. Гледај кој го иницираше нападот.

И да бидат од редот на вработените, тоа не значи деполитизација на институциите. Директорот, секако, е и политичка функција.

За зоолошка има друго кадровско решение, ама тоа не е темата.
 
Има и за Комунална хигиена, па да не излезе на крај Данела 2.0…

Помало зло е некој што е вработен и што колку толку ги знае проблемите, а значително поголемо зло е некој што е поставен само заради тоа што му е другар на градоначалникот или што лижел во партија каде што сите плукале. Проблемот е што директорот дури и да доаѓа од редот на самите вработени, тој МОРА да биде партиски, инаку ако постават непартиски они ќе му пресудат со ниски удари во краток временски период и ќе го направат неспособен. Иако, реално да зборуваме, ништо нема да се промени на подобро, да спласне еуфоријава и ќе си продолжи старата шема. На пример, директорот што е планирано да биде поставен во Паркови и зеленило е од Грчец и има 32-3 години, дали мислиш дека тој би работел подобро од овие претходниве што го уништија претпријатието, а кои до вчера му беа сопартијци? Едноставно е, на кое место и да бил поставен љоч за директор, трева веќе не расте, сѐ е испокрадено и уништено, така што ваков кадар е далеку од решавање на проблемите. Да не отвараме тема и за која друга установа се планира љоч за директор, сами ќе си ги ставаме кубурите во уста.
 
Вработените најдобро ги знаат сите работни текови и работни процеси, но проблемот е во тоа што, тој повеќегодишен раководен кадар кој работи во установите, е макар и парцијално виновен за состојбата во која се наоѓаат. Ти ги разбирам поентите и се согласувам со тебе до овој момент. Има исклучоци, секако, пример Водовод. Си ги видел раководните структури во Комунална?

Стефан беше наметнат претендент, дури и се позиционираше како директор пред да биде именуван. Лично верувам дека и самиот Орце се има вмешано со цел политички да го елиминира. Така демонстрира и политичка моќ. Нема ни теорија, на самиот старт, во ек на апсолутна политичка контрола, дел од тимот да започне да клоца. Во споротивно, они ќе беа променети.

Океј е директорот на Паркови. Работи државно, досега не бил политички експониран. Дпмне го собра медот, ќе им даде едно јавно претпријатие, а може уште едно кога Драги ќе се пензионира.
 
Сите се они на државно, како претходни директори, така сегашен и идни. Кој во инспекции, ЕСМ, општина Сарај итн. Паркови е најбезболно јавно претпријатие за раководење од страна на љоч бидејќи е во тотален колапс и реално не ни треба да постои, барем не во ваква форма, плус и народов не се ни замара за начинот и степенот на функционирање на истото.
 
Во Карпош на делови е од 200-470.. моментално
Ужас е ова.
Купувајте маски. Надвор што е можно помалку. Дружби по дома и кај шо не се пуши.

25.12 протест има
 
Подобро не станувајте од кревет денес, сиво надвор, со лаЈца да сркаш од сивилото. Шест сантима не се гледа пред тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
Изјавата на Мицко да зборуваме за убави работи за воздухот остаре ко млеко :icon_lol:
 
Магла е ова, не е смог. Порано пред едно 15 години секое сабајле во СК беше вакво. Само народов памти ко златна рипка.
Топ е бе, мириса на чадена печеница
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom