Загадување на воздухот

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Освен на Зелен Хуман Град, дајте идеја за други невладини. Да им пишам. Мора нешто да превземеме. Не се дише навечер.
Матичната вика сите доаѓате со болки во грло и плуќа. Ќе нѐ умрат бе луѓе
 
Освен на Зелен Хуман Град, дајте идеја за други невладини. Да им пишам. Мора нешто да превземеме. Не се дише навечер.
Матичната вика сите доаѓате со болки во грло и плуќа. Ќе нѐ умрат бе луѓе
Па напротив треба на владините, тие што имаат сила да дејствуваат да им пишуваш.
И одговори на прашањево.
 
Демек невладините не гледаат што се дешава овде и дишат флаширан планински воздух. Демек ги интересира било што освен полнење на џебовите од спонзори (без разлика што потоа „друкчије“ ќе мора да ги одработат).
Но ај да кажеме дека нема зијан и кај нив да се напише. Можеби ќе направат додатен притисок (барем колку да си ги оправдаат парите што ги лапаат.

Она што треба е барање почист преку гласовите на избори. Нека се јави валиден избор што ќе понуди конкретно решение, топтан со план и рокови - и јас а верувам и многумина ќе гласаат за таква опција. Што треба да се реши:
- целосна гасификација на градот
- забрана на горење цврсти/течни горива за загревање
- релокација на цементара и сите слични, надвор и далеку од градовите
- строги контроли и ФАКИНГ РЕАГИРАЊЕ ПО ПРИЈАВИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ, не е дека не знаеме каде се горат гуми и акумулатори, кои сервиси/фирми горат прегорено моторно масло
- внатрешна контрола и одговорност за институциите кои не си ја работат работата и не реагират по пријави за загадување
- транспарентност, централен јавен веб ресурс каде ќе се документираат пријави
- итн
 
Знаете дека никој не е виновен освен власта, така?
Знаете дека за нешто да се смени само тие се тие што ја имаат моќта?
Знаете дека освен протести пред влада ништо друго нема да го смени ова?

И плус дека пред 1-2 месеци си изгласаа дека загадувањето може да е деловна тајна и не мораат да даваат извештаи кој колку загадува?

Ако треба да се протестира, тоа е пред влада и да ако треба да се контактира нешто, тоа се вмро, знам и влен. Се друго е дефокус.

А и новинари и телевизии немаме, сите се про влада, така да нема да слушнете ништо од ова, виновен ќе е Тито Петковски или Трифун Костовски.
 
пред 1-2 месеци си изгласаа дека загадувањето може да е деловна тајна и не мораат да даваат извештаи кој колку загадува?
Напиши нешто повеќе за ова. Линк ако имаш, итн.
 
Информациите кои се однесуваат на проектирање на објектите во кои се вршат дејностите или активностите, технолошките процеси, составот или употребата на одредени суровини, хемикалии или други материјали или производи операторот може да ги определи како информации со ограничен пристап, поради што е потребно таквите информации да ги приложи како посебен дел кон барањето во затворен плик кој е јасно означен со зборовите „деловна тајна “.
 
Па напротив треба на владините, тие што имаат сила да дејствуваат да им пишуваш.
И одговори на прашањево.
Ти лајкнав, шо значи тоа?
Шо си ти иначе вака шо ме испрашуваш?
Џандарка да не си?
Може и лично да се запознаеме ако сакаш, ќе провериш шо имам на колата. Татко ми боље ќе ти објасни.

Од владини се виде аир, знам ја шо прашувам.
Ја коа прашав за протест, исто не одговори конкретно.
Мјау
 
Татко ти сака џандарки?
 
Редно е Дпмне да донесе Резолуција за осудување на манипулациите и лагите поврзани со загадувањето на воздухот! Мора да се стави крај на сите шпекулации кои имаат за цел креирање јавна паника!

Ете, сабајле, можеше да гледаш дури цели 10 метри пред тебе. Тоа е повеќе од доволно!
 
Каде јадеш, пиеш, мора и да дишеш, човечка ненаситност.
Па има тука некои на форумот ги пишуват дрпне а не како што се оригинал трејд марк (а они гинат за татковината.)
Само Резолуција.
 
Sega gi prasuvam Bosancite deka go gledam Sarajevo e nekolku dena broj 1 najzagaden vo svetot, velat sekoja kukja ima 3 koli i poveketo koristele za greenje nesto crno od rudnik na U bukvata ne go razbrav zborot Ugalj nesto, isto e vikaat vo dupka megu planini....
 
Јаглен. Има и кај мене еден комшија, се да му ебам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom