Задгробна достапност бр. 2

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Red1
  • Време на започнување Време на започнување

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Пред 2-3 години го имавме првиот случај со “Задгробната достапност“ и тоа во Македонија, а еве сега имаме една србинка со сличен (ја би рекол поголем!) проблем.
Дали се копачи на гробови или пак повторно некое “внуче“ ја извадило картичката од телефонот нема да дознаеме ама 8 месеци не ја оставило на мира и буквално животот и се скратил.

Вистинска драма и се случува овие денови на Вера Радаковиќ (72) од српското село Стојник, која, ако може да се верува на нејзините зборови, од почетокот на годината скоро секоја ноќ преку телефон ја повикува сопругот кој починал кон крајот на декември.
Вера за српските медиуми раскажува дека нејзиниот сопруг Живко починал на 26-ти декември, после долга болест, а таа како што доликува го испратила на оној свет. Само десет дена после погребот, Вера среде ноќ ја пробудил телефонот, а од другата страна го слушнала гласот на покојниот сопруг.
-Никогаш нема да ја заборавам таа ноќ кога мобилниот ми заѕвони. Прво мислев дека некој го погрешил бројот, бидејќи нема кој да ме бара така доцна, а потоа кога веќе сакав да ја прекинам врската го слушнав гласот на мојот Живко како тивко вика: „Верааааа". Вриснав и така силно го фрлив телефонот кој се распадна при ударот на подот, се присетува Вера.
Според нејзините зборови, со телефонот го погребала и неговиот мобилен, кој на денот на погребот му го ставила во џебот од оделото.
-Роднините ме убедуваат дека некој можеби го отворил гробот и го украл телефонот па сега ме малтретира и ме тера да полудам. Знам дека на овој свет се' се случува, но најмногу ме вознемирува фактот што гласот кој го слушнав беше на мојот Живко, кого го слушав секој ден во последните 40 години и не можам да погрешам. Во последно време повиците се повторија, или ќути или само го изговорува моето име. Не знам повеќе што да правам, почнав да го исклучувам телефонот, но кога наутро ќе го уклучам гледам пропуштен повик од бројот на Живко. Ќе барам гробот да се отвори, сакам да видам дали телефонот е во ковчегот или не и конечно да се уверам дали мојот маж од оној свет ме вика или пак некој душман си игра со мене, вели Вера


Извор
 
„...со телефонот го погребала и неговиот мобилен...“

:facepalm: новинариве...
 
Добро де, печатна грешка, не ситичари до толку. :)
 
Има спас....да побара извод и да види кој ја заебава.
Луѓево немаат вкус за шега.
 
Има спас....да побара извод и да види кој ја заебава.
Луѓево немаат вкус за шега.

Ја би поише да го смени бројот. :P
Работата е што она вика дека го препознала гласот на сопругот. Тоа е језивото.
 
zakon vest
bas me interesira kako ke se odviva nataka rabotata so grobot
--- надополнето: 4 август 2013 во 18:26 ---
Пред 2-3 години го имавме првиот случај со “Задгробната достапност“ и тоа во Македонија, а еве сега имаме една србинка со сличен (ја би рекол поголем!) проблем.


koga bilo toa i sto se slucilo?
 
zakon vest
bas me interesira kako ke se odviva nataka rabotata so grobot
--- надополнето: 4 август 2013 во 18:26 ---
Пред 2-3 години го имавме првиот случај со “Задгробната достапност“ и тоа во Македонија, а еве сега имаме една србинка со сличен (ја би рекол поголем!) проблем.


koga bilo toa i sto se slucilo?


Ако можеш да распознаваш бои, ќе забележиш како зборовите во наводници „Задробна достапност“ имаат поинаква боја од другиот текст. Тоа значи дека се линк. И треба да го кликнеш за да те однесе до таму.

П.С. Не кликај кај мене, туку на првиот пост за кој прашуваш.
 
После погребот од мајка ми, тетка ми ми титна на телефонот да и го запишам бројот
И добро го меморирав бројот,
По 2 саати ми ѕвони телефонот...
со името од мајка ми

кога не паднав тогаш во кома никогаш нема
и никогаш нема да заборавам

којзнае кај ми бил умот кога баш така ги испомешав контактите во телефонот и како го имам меморирано тој број од тетка ми.
--- надополнето: 5 август 2013 во 12:26 ---
да не ја извадил некој картицата претходно па маж и да и бара ќебе оти му било ладно.

да и тоа...
кај мене после настанот другата тетка ми вика смири се крени кога ѕвони, не може да е тој број кај мене е картицата.... мислам дека само стоев со телефонот в раце вкопана не мрдав за жива
 
Овој настан може да им предизвика проблеми на другите мажи во комшилукот. Еве, веќе ги замислувам жените како мрчат: "Магаре низаедно, на Вера маж и` и од оној свет и врти, а ти ни да ми титнеш! Мрш да не те гледам! "
 
„Краен епилог од ујдурмата КОПИЉ СКРШЕН ОД КЈУТЕК ОД ДОМАЧИ МОРОНИ.“

ја би го убила
мене за тие 2 минути по моја грешка животот ми се скрати 10 години
не од страв, туку немам опис за чувството, немам осетено ништо полошо

ја би го убила наместо
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom