I
IBIZA SOUND
Гостин
odamna trebase da se prekine sr.njeto 
--- надополнето: 3 јули 2013 во 00:22 ---
odamna trebase da se prekine sr.njeto

--- надополнето: 3 јули 2013 во 00:22 ---
odamna trebase da se prekine sr.njeto

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Никој не те тера да слушаш ако не ти се свиѓа, остај другите да слушаат кој сака.
Го обожавам Милчо
"Во знак на револт заради забраната на турбо фолк по дискотеките,
утрово градот осамна со бунтовничко-анархистички графити испишани од авангардната скопска младина"
![]()
Според мене не треба да се забрани.
Абе добро е све тоа, ама еве рецимо она има платено влезница во дискотека/клуб за нешо сосема друго, и наеднаш овие да попунат празен простор се прешалтуваат на турбофолк... Ај кажи ми дали е во ред така?
....темава отиде во погрешна насока.....тотално
во кратки црти....ништо не е забрането......туку сопственици на неколку големи локали (дискотеки) во Скопје се договориле (постигнале споразум) во нивните локали да не се пушта одреден вид музика и да не настапуваат изведувачи на тој тип музика
....дискотеките се приватна сопственост....така да газдите или менаџерите одлучуваат каква музика ќе пуштаат.....без разлика на нашите желби и коментари....во превод ако ви се допаѓа репертуарот дајте ги вашите пари и влезете, а ако не никој со сила не ве тера да влезете....е сега колку економски ќе им се исплати....тоа е веќе нивен личен проблем
....според мене дискотеките (самото име кажува) не се наменети за турбо или било каков друг тип на фолк музика....ако веќе во одреден објект процентуално најголем дел од музиката е фолк барем наречете го фолкотека....
немам ништо против ниедна музика....но кај нас работите се премногу измешани....во еден ист локал се оди од крајност во крајност....се мешаат стилови и музики што ни во енциклопедија не делат исто поглавје
неможеш да подобриш ничиј вкус со забрани и наметнување......но можеш да понудиш избор
ќе дадам еден банален пример....во Скопје постои градски дувачки оркестар....дечките се феноменални и секоја година прават бесплатен концерт....посетеност 20-30 души
не затоа што свират лошо, не затоа што е бесплатно, туку затоа што ниту еден медиум не информира за нивниот настан
од друга страна кога настапува некој/а турбо-фолкер/ка медиумите се преполни....покрај платената реклама...еден куп новинари бесплатно трубат каде и што ќе се случува...дали дотичната носела или не гаќи, дали силиконите и се застерени и со која колешка е во вербална војна
медиумите во Македонија известуваат само за скандали, а турбо-фолкот сам по себе е скандалозен....медиумите се натпреваруваат меѓу себе кој ќе прикаже поголем скандал....на овој начин свесно или не пропагираат една субкултура (ако може така да се нарече)
трагично е што не го цениме своето....македонските уметници се маргинализирани и исмејувани се додека не излезат надвор и светот не им даде признание....потоа ги опеваме и величиме....незнаеме да ја препознаеме нивната вредност додека некој од надвор не ни ја презентира
колкумина од вас ги слушнале Кочани Оркестар....македонски бенд кој е доволно популарен и настапувал во сите светски центри и соработувал со големи имиња од светската музичка сцена (бенд доволно голем да се најде на страниците на списанието Роулингстоун), но сепак непопуларен за да настапи во некоја македонска дискотека, клуб или како сакате наречете го местото каде вообичаено настапуваат "ѕвездите" со рефрен од два збора и синтисајзер матрица
пропагандата продава, пропагандата пере мозок, а нашиот мозок е испран и повеќе од потребното.....но секогаш има избор, а дали што ќе избереме ЗАВИСИ ОД НАС
Не ми се верува дека ова го читам. Дали конечно нашата младина ќе се спаси од социјалното и културно дно кое го допревме во изминатите неколку години или децениии. Инаку секогаш сум скептичен и со доза на резерва кога читам вакви исклучително позитивни вести се надевам дека ова ќе им успее иако реално гледано убеден сум дека некој од газдите ќе се направи „паметен„,
А кои сте вие да се праите паметни да кажувате која музика ја бива, која не, а? Што демек ја иам лош вкус за музика ако слушам турбо-фолк? Дно... ако за тебе е дно, за мене не е. Што и да слушате вие, ако ја и уште 50 души кажеме дека вашата музика е дно и имате срање вкус, автоматски у право и ние ќе бидеме? Ако не ти се свиѓа, не слушај, кој те тера... нема што да пропагираш против нешто што не мора да го слушаш.Турбофолкот не е вкус туку е невкус.
трагично е што не го цениме своето....македонските уметници се маргинализирани и исмејувани се додека не излезат надвор и светот не им даде признание....потоа ги опеваме и величиме....незнаеме да ја препознаеме нивната вредност додека некој од надвор не ни ја презентира
За тие што ќе тажат им порачувам: Сипааај, нек боли још јаче!
Иначе го поддржувам целосно намалувањето на турбо-фолков, само работата е што ако планираат турбо-фолкот да го заменат со пуштање музики од типот на Ријана, Пит Бул веќе го спомнаа, карикатурата Ники Минаж, Лејди Гага и слични, нема којзнае колку да се оправи работата.