"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Лордот во Розенборг Норвешка
 
Chalabala... kako i da se vikase tipacov, go imam zapamteno od 2010 svetskoto juzna afrika..
 
Чабалала ниту бил запаметен за да биде заборавен. Само тој еден гол на светското за екипа која инаку тешко дека би се пласирала на СП, ако не беше домаќин.
Chalabala... kako i da se vikase tipacov, go imam zapamteno od 2010 svetskoto juzna afrika..
 
Лукас Силва, од Реал Мадрид
 
Преѓеска се возев со кола низ град,и на една од локалните радио станици ја пуштија

и одма почнав да се дерам

Му се изгуби трага и глас...еден и единствен,легендарен WILL GRIGG
 
Јуџи Наказава вечниот дефанзивец на Јапонија (ФИФА 2000 на ПС1) препознатлив по косата... мислев дека одамна е во пензија и живее мирен самурајски живот на Фиџи, а он да ти бил капитен на Давид Бабунски во Јокохама Маринос :LOL:

Од соиграчи од типот на Накамура, браќата Наката, Оно, Кавагучи, до Давид Бабунски :icon_mrgr:

Еве го лепотанот
23818.jpg
 
Последно уредено:
Сигурно е пишан, ама ете вчера налетав на слика од него од мечот на легендите на Барса и Јунајтед, па чисто само да го испоштувам.

3BCE177400000578-4084358-Smith_has_been_on_the_books_at_Meadow_Lane_for_two_and_a_half_ye-a-18_1483481311356.jpg


Ептен го сакав батево како играч, необичен беше некако и можеби баш заради тоа. Дојде како напаѓач од Лидс, а за Фергусон играше на сите можни позиции во средина и напред. Уште во Лидс го имав забележано и стварно штета што имаше потешка повреда, која му ја еба кариерата на крај. Ај бар освои ПЛ со Јунајтед во 2007ма. Гледам од Јануари сезонава бил и кертејкер менаџер на Нотс Каунти, каде што и игра.

Сега менаџер им е Кевин Нолан. Уште една играчина која ја поштував ептен. Такви играчи ми фалат многу во ПЛ, како Нолан, Дарен Бент, Тим Кејхил, Роби Кин, Џермејн Џенас, Агбонлахор...итн, итн. Играчи играат во послаби екипи, најверојатно нема да се снајдат во тимовите што се борат за титула, но секогаш, буквално секогаш се плашиш од нив кога твојот омилен тим игра против нив. Уште Дефо остана од таа клапа.
 
Некни вечерта после полноќ си пуштам на спорт клуб лабаво пред легнување и гледање Флорент Малуда во дресот на Француска Гвинеја:LOL:..се зачудив искрено знаејќи дека играчите не смеат да ги менуваат репрезентациите а тој да ти бил од таму :D
 
Stephane M'Bia едно време ја држеше цела средина во Севиља и беше еден од најдобрите играчи сега појма немам кај се наоѓа а не е многу стар сигурно нема повеќе од 31-32 години.

Papiss Demba Cisse сега игра негде во Кина. Многу ги сакав двајцата со Демба Ба ко играја во Њукасл а пред то овај во Фрајбург а Демба во Хофенхајм мислам дека беше страшна двојка беа една сезона во Англија посебно го памтам еден гол овај шо му го стегна на Челзи со волеј од косо од 25 метри така нешто беше :D
 
Партнерот на Џеко, Графите. Заедно ги решетаа мрежите во Германија, во 2009та му донесоа титула во Бундеслига на Волфзбург. Џеко продолжи да игра на високо ниво, Графите се изгуби.

dzeko_grafite_wolfsburg.jpg
 
Партнерот на Џеко, Графите. Заедно ги решетаа мрежите во Германија, во 2009та му донесоа титула во Бундеслига на Волфзбург. Џеко продолжи да игра на високо ниво, Графите се изгуби.

dzeko_grafite_wolfsburg.jpg

Само не заборавај дека таа сезона Графите имаше полни 30 години. Остана уште 2 после во Волфсбург и толку е, не беше млад како Џеко за да му претстои некоја позначителна кариера.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom